Скај нет краде?

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Популарната емисија „Јади бурек“, која веќе е одомаќинета кај гледачите, моментално се емитува на националната и сателитска Наша ТВ со водителот Јанко Илковски, а од средината на ноември ќе почне да се прикажува и на новиот сателитски канал Скај нет плус. Најавата за старт на емисија која веќе е присутна во етерот внесе огромна забуна кај гледачите. За што, всушност, станува збор?

„Името на ТВ-проектот ’Јади бурек‘ е заштитено од ТВ Скај нет во Државниот завод за заштита на индустриската сопственост. Секое негово користење од друга телевизија или продукција претставува кршење на Законот за авторски и сродни права и во врска со тоа веќе работи нашата правна служба“, вели Бране Стефановски, портпарол на Скај нет и на Скај нет плус.

Одговорните во ТВ Скај нет одлучиле дека во оваа фаза е потребна промена на емисијата и внесување нов, пософистициран имиџ на проектот во целина. „Оттаму произлегува и потребата за нов водител на ’Јади бурек‘“, објаснува Стефановски, негирајќи каква било врска меѓу Скај нет и Наша ТВ, која во последниов период се промовира како континуитет на Скај нет.

„Меѓу овие две ТВ не постои никаква допирна точка. Скај нет, како што знаете, е многу добро позната скопска телевизија која постои веќе 12 години. Соработката со ’Арт улица 26‘ ја прекинавме поради кршење на договорот за деловно-техничка соработка од страна на таа продукциска куќа. ’Арт улица 26‘ беше најмена продукција за програмските потреби на Скај нет во изминатите две години“, вели Стефановски.

„Јанко Илковски ја работеше емисијата ’Јади бурек‘ и како радиоемисија уште во 2005 година, пред Скај нет ТВ, и за неа има освоено и награда. Јанко Илковски никогаш нема потпишано директен договор со Скај нет за емисијата, туку со продуцентите што ја емитувале емисијата на Скај нет. Во сите договори стои дека автор, уредник и водител на емисијата е Јанко Илковски. Јас, исто така, склучив договор со Јанко како автор, уредник и водител“, вели Ристо Гоговски, прв човек на Наша ТВ. „Меѓу другото, емисијата се вика ’Јади бурек со Јанко Илковски‘. Може ли некој да ви го заштити вашето име и вие да немате право да го користите. А поимот бурек е невозможно да го заштитите. Тоа е генерички поим. Логото за ’Јади бурек со Јанко Илковски‘ е производ на ’Арт улица 26‘ и тоа е заштитено, а единствено можеш да заштитиш симбол со графичко решение. Жал ми е што сопствениците на Скај нет се во очајна состојба и не можат да направат нови проекти. Случајно да не измислат нов Јанко или сакаат да им го клонираме? Во меѓувреме, и јас разбрав дека сопственикот на Скај нет, Тодорче Коцев (Тоше Пикон), го заштитил поимот криминалец, за кој верувам дека ги има сите авторски права. Тој поим мора да му го признаеме сите и да не му го спориме. Еве ние ќе му изработиме и бесплатно лого“, додава Гоговски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1F1F70FF77C52A4791CAD6CA4AC458D9

А како што гледам, ќе ја има и Македониум со Марина дојчиновска, како и гледам нова емисија МК индекс, која е некоја копија на Индекс од А1.
Што се случува со СКАЈ НЕТ?
 
Инаку, наскоро на Скај нет (плус)
-Опра винфри / Скај нет плус
-Монтекристо / Скај нет плус
-Mythbusters / Скај нет
-Rachael ray / Скај нет и Скај нет плус
 
Фала богу за Монтекристо, ама да не биде мексиканската туку Аргентинската верзија, која е легендарна:smir:
 
Името на ТВ-проектот ’Јади бурек‘ е заштитено од ТВ Скај нет во Државниот завод за заштита на индустриската сопственост
Абе овие од Скај Нет се стварно на некоја тешка дрога.:pos2:
 
Општонародно е познато дека Јанко е заштитно лице на ЈАди Бурек, што има да се дискутира тука повеќе! Јанко си е Јанко и Јади Бурек нема да биде истата емисија без Јанко.
 
Не ми е јасно едно нешто со Скај Нет. Немаат целосна програма да пополнат на оваа сега ке праат и Скај Нет Плус. Да не биде на Скај Нет Плус Слика и на неа да пишува "Враќај Се На Скај Нет Овде Нема Ништо":pos:
 
Јанко, „Јади Бурек“...Каква маркантна појава, какво незаменливо ТВ шоу. Да незаменливо! Од кај сакате да почнам? Ајде...стартуваме од полупрофесионалните половни камери со кои непрофесионалните камермани мака мачат да се усогласат помеѓу себе, па да нема „двојка ајде над весников...двојка...двојка да се уклучи...“. Ај ќе ги оставиме камерите, не се тие криви. Што тие камери снимаат? Една уникатно уредена просторија, дизајнирана според високата естетска вредност на самиот водител на шоуто. Па тоа лепршави фотељи, па тоа... А да, заборавив, камерите снимаат и весници! Бидејќи имаме толку интелигентен водител, кој дефинитивно не можете да го начекате без одговор на некоја тема...Освен кога ќе го начекате, па многу „мајсторски“ ќе се префрли на друга. Чудна работа, овој водителов, ми викаат бил многу суеверен, па не се гледал во камерата додека зборувал, да не го заречеле бабите кои во тоа време му биле на линија...додека се налинија, и додека тој не ја употреби својата моќ која ја има во десниот показалец, и не ги исклучи...или тоа го правеше режијата...чекај, не беше тој и режисер на емисијата?

Океј не знам дали чоекот е режисер на неговото уникатно шоу (па да бре луѓе, за патент е шоуво, само 10000 ги има во светов), но со сигурност ви тврдам дека е голем оратор. Фасциниран сум секогаш, а најчесто и занемен од неговата речитост, од тоа изобилство на фонд на зборови, па тоа стил на изразување, па се натака... А и од компјутери се разбират, мамата...шо ќе беше сестрана личност. Па кај ги наоѓа некои видео клипови, се нешто интересно знае да покаже. А баба моја, ја гледам и просто се заљубувам во нејзиниот концентриран поглед кон него. И таман да ја потегне слушалката и да се јави, оп некоја друга нејзина колешка од пензионерско го направила истото. Е после баба не спиела, седела до касно...Па знае жената за што седи бре! Јанко. Со големо Ј.

Другарчиња, вака ќе ви кажам. Контактни емисии се денес „мачкин кашаљ“ за големите телевизии и продукциски куќи. Никакво право на заштита на интелектуална сопственост нема бившиот...бубњар беше, нели? Или нешто такво, не ме фаќајте за збор... Тоа што емисијата му има телефонски број, на кој напишал „приоритетна линија“, за луѓето да се јават и притоа да се чувствуваат горди шо се приоритетни, и да се жалат дека немаат леб, а трошат 2 леба/мин плус дедеве, не ја прави неговата емисија уникатна.

Оби Ван...Јанко не е заштитно лице на Јади Бурек...Јанко е маскотата која непрестајно јаде бурек. И мило ми е што е така. На оваа нација и треба некој и да ја подотупи малку, каде со сета наша интелектуална класа во Европа...
 
^^
Добар пост.
Сепак не знам зошто народот волку се пали на „Јади бурек“ и особено не знам зошто е поставена таа приоритетна линија кога сигурно сите ќе почнат да се јавуваат на неа.
А што се однесува до “шоуто“ и јас можам да направам емисија со апла читање од весници и лаење и истресување фрустрации на секој можен што ќе се јави.
Сценографијата: ај подобро без коментар.
Пази, он си збори што сака, и само јави се: мрчи нешто против неговите ценети и драгоцени спонзори и ќе те отера кај што треба и кај што не треба.
И се се вади на реченицата: моја емисија - што сакам ќе правам.
Иако не поштувам вакви он-лајн линии, многу поисплатлива инвестиција е да се јави тој што има проблем во „Здраво Македонијо„. Водителот барем е културен и секого остава да се доискаже, освен ако стварно ја претера.

Не знам дали е точно, ама ми кажувале пред некои 10-тина години Јанко на радио делел карти за некој настан, и на секој што ќе се јавел „Еве ти тебе гратис, еве на тебе„ и некоја типка се јавила и му рекла: „Јанко, те молам немам пари за карта, ај ако сакаш еден гратис„ и овој и рекол: „Не може„.
Иако оваа упорно го молела, Јане не попуштал.
И така...
 
А се емитува Јади бурек, а не се емитува, исто ми е. И така Јанко си вика гости кои сака и ги остава да зборуваат што сакаат. Ако се јави некој изреволтиран граѓанин од гостинот, иако не употребува погрдни зборови и вулгарен речник, ќе го исклучат од програма и ќе почне дебелиот да се правда технички грешки имале. Колку лејм.
Ова го согледав пред едно година - две, кога нашата директорка беше во емисија кај Јанко. Абе се изнатреска глупости, се изнајаде гоВна, врска си немаше тоа што го зборуваше со реалноста, но важно син му на Јанко учи во ЈБТ и мора да се ќути. Хммм, баш тогаш најдоа демек да имаат "технички проблеми" и да не се во можност да примаат телефонски повици. Уау!
 
И ова. Ако некој збори исто со Јанко на телефон го остава да збори и по пола саат. А ако каже нешто против него или неговите ставови одма го гасат и секогаш со исти зборови "ве молам госпоѓо/господине да не почнеме со провокации и навреди".
ВТФ???
 
Вие за Јанко сте се размуабетиле, ама ја друго нешто да прашам:
Дали фамозната „НашаТВ“ е пуштена на сателит? Ако не е, кога би требало да се пушти?
 
Вие за Јанко сте се размуабетиле, ама ја друго нешто да прашам:
Дали фамозната „НашаТВ“ е пуштена на сателит? Ако не е, кога би требало да се пушти?

веќе иде по некои кабловски и со тоа е и на сателитска
 
Е тоа не знам а побарав и на Гугл исто ама не можам да најдам :toe:
 
Јанко, „Јади Бурек“...Каква маркантна појава, какво незаменливо ТВ шоу. Да незаменливо! Од кај сакате да почнам? Ајде...стартуваме од полупрофесионалните половни камери со кои непрофесионалните камермани мака мачат да се усогласат помеѓу себе, па да нема „двојка ајде над весников...двојка...двојка да се уклучи...“. Ај ќе ги оставиме камерите, не се тие криви. Што тие камери снимаат? Една уникатно уредена просторија, дизајнирана според високата естетска вредност на самиот водител на шоуто. Па тоа лепршави фотељи, па тоа... А да, заборавив, камерите снимаат и весници! Бидејќи имаме толку интелигентен водител, кој дефинитивно не можете да го начекате без одговор на некоја тема...Освен кога ќе го начекате, па многу „мајсторски“ ќе се префрли на друга. Чудна работа, овој водителов, ми викаат бил многу суеверен, па не се гледал во камерата додека зборувал, да не го заречеле бабите кои во тоа време му биле на линија...додека се налинија, и додека тој не ја употреби својата моќ која ја има во десниот показалец, и не ги исклучи...или тоа го правеше режијата...чекај, не беше тој и режисер на емисијата?

Океј не знам дали чоекот е режисер на неговото уникатно шоу (па да бре луѓе, за патент е шоуво, само 10000 ги има во светов), но со сигурност ви тврдам дека е голем оратор. Фасциниран сум секогаш, а најчесто и занемен од неговата речитост, од тоа изобилство на фонд на зборови, па тоа стил на изразување, па се натака... А и од компјутери се разбират, мамата...шо ќе беше сестрана личност. Па кај ги наоѓа некои видео клипови, се нешто интересно знае да покаже. А баба моја, ја гледам и просто се заљубувам во нејзиниот концентриран поглед кон него. И таман да ја потегне слушалката и да се јави, оп некоја друга нејзина колешка од пензионерско го направила истото. Е после баба не спиела, седела до касно...Па знае жената за што седи бре! Јанко. Со големо Ј.

Другарчиња, вака ќе ви кажам. Контактни емисии се денес „мачкин кашаљ“ за големите телевизии и продукциски куќи. Никакво право на заштита на интелектуална сопственост нема бившиот...бубњар беше, нели? Или нешто такво, не ме фаќајте за збор... Тоа што емисијата му има телефонски број, на кој напишал „приоритетна линија“, за луѓето да се јават и притоа да се чувствуваат горди шо се приоритетни, и да се жалат дека немаат леб, а трошат 2 леба/мин плус дедеве, не ја прави неговата емисија уникатна.

Оби Ван...Јанко не е заштитно лице на Јади Бурек...Јанко е маскотата која непрестајно јаде бурек. И мило ми е што е така. На оваа нација и треба некој и да ја подотупи малку, каде со сета наша интелектуална класа во Европа...

tocno taka bravo za toj sto go kazal ova kako drugite ne svatite ali janko vo se se razbira i vo tehnika imame kavi kameri digitalni hd se zne covekot. a koga ke im pocne da im skoka skapanta mikseta pa nejke da prizne janko da ne do vasiot tv vika.abe ni skaj net ni nasa tv ne se tv toa improvizacija ustvari site tv vo mk se toa malce bolja iprovizacija drugite jas neznam kako im davaat koncesija. vo mk nema tv. a najloso sto javniot servis ne e toa drzava bez javen servis toa ne e drzava.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom