Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Луѓе,јас не сум баш во тек,го игравме ли конечно со Белгија натпреварот?![]()
Што мислите Филип игра од што заслужува?Богами само смета у тимот..
Не мора да значи ако брат му е најдобар и он мора да биде,ама ај македонска работа шо да се праи,нека му текне на тренерот малце![]()
Темелковски го објави списокот за претстојниот квалификациски циклус
Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија ќе ги започне подготовките за претстојниот квалификациски циклус за учество на Европското првенство 2010 година во Австрија.
Селекторот Темелковски го објави списокот на 28 кандидати за националниот тим, од кои дел ќе бидат повикани на претстојните подготовки на репрезентацијата. Дефинитивниот список ќе биде објавен следната недела.
На поширокиот список на Темелковски се најдоа:
1. Ристовски Борко - Р.К. Металург
2. Ангелов Петре - Франција
3. Митревски Никола - Р.К. Вардар Про
4. Брестовац Данило - Р.К. Металург
5. Алушевски Стевче - Р.К. Вардар Про
6. Макалоски Гоце - Р.К. Вардар Про
7. Недановски Владо - Р.К. Металург
8. Темелков Владимир - Германија
9. Мојсоски Златко - Р.К. Вардар Про
10. Јовиќ Александар - Р.К. Металург
11. Георгиевски Гоце - Р.К. Металург
12. Павловски Игор - Романија
13. Маркоски Никола - М.Р.К. Вардар
14. Наумовски Левко - Португалија
15. Стоилов Стојанче - Р.К. Металург
16. Стојановиќ Радослав - Словенија
17. Лазаров Филип - Р.К. Металург
18. Стоилов Мите - Р.К. Металург
19. Маркоски Велко - Р.К. Вардар Про
20. Караиванов Мите - Р.К. Вардар Про
21. Јоновски Ацо -Босна и Херцеговина
22. Мојсовски Наумче - Р.К. Вардар Про
23. Миркуловски Филип - Р.К. Металург
24. Кузмановски Горан - Шведска
25. Ангеловски Бранислав - Дубаи
26. Лазаров Кирил - Хрватска
27. Митков Влатко - Германија
28. Мајнов Лазе - Словенија.
Претстојниот квалификациски циклус Македонија го започнува со гостувањето против Норвешка на 10 јуни, на домашен терен три дена подоцна ја пречекуваме Белгија, а на 17 јуни играме на гостински терен против Исланд. На 20 јуни најдобрите македонски ракометари го играат реванш мечот со Норвешка пред домашната публика.
Автор на веста: Спортнет
Иако ова е само поширок список во пресрет на мечевите од квалификациите за Европското првенство,радува фактот што селекторот вклучил нови имиња во истиот.Тешко дека ќе дојде до некои порадикални промени во потесниот состав,но јас верувам оти ќе се случат неколку.Со оглед на тоа дека играме три натпревари во серија неопходно е повикување на во моментов најподготвените играчи.
Повредите на првите двајца пивотмени во тимот Димовски и Ѓоргоновски,резултираа со повикување на Наумовски и Павловски,а од овие двајца сум сигурен дека еден ќе се најде и на потесниот список.Ако пак селекторот има желба за подобра и поефикасна игра во нападот,особено на левата бековска позиција,мора да бидат повикани Стојановиќ и Кузманоски,иако не сум сигурен околу позицијата на Стојановиќ и неговото (не)одзивање на повикот.
Тоа е моето мнение како би требало да изгледа составот за особено важните натпревари кои ни претстојат.Се надевам оти личните интереси нема повторно да добијат предност пред репрезентацијата,па ќе бидат вклучени само најдобрите и најспремните во моментов.
И јас сум за земањето на Георгиевски детево стварно покажа добра игра во финалето ако се држи и натака на тој ритам сметам дека ке посригне многу само треба да го стават да докаже дека е опасно крило.Мислам дека Темелков е сигурен како десно крило, а наместо Јовиќ би го земал оној младиот од Металург (мислам дека Георгиевски се викаше). На натпреварот против Вардар во финалето на купот влезе откако Јовиќ се повреди уште на почетокот и беше брилијантен и како позиционо крило и во контрите. По секако му треба меѓународно искуство, зашто мислам дека (би требало да) е директен наследник на Темелков на таа позиција.
А инаку... Немаме ли друго квалитетно лево крило? И Алушевски и Макалоски се над 30 години... толку ли ни е дефицитарна таа позиција?