Гитара (почетник)

Г

Господ

Гостин

на 13:13 го има ефектот. Многу е лесен а стварно убаво звучи :) Е сеа може да се иде и у екстремност и да дигнеш октава +4 и звучи ептен мајндфак xD

А за кое бавно соло на крај мислиш?
Па ова од 11:20 шо почнува,добро не е баш на крај,го свирам со дилеј и flanger за бар малку да наликува xD xD
 
Член од
20 април 2010
Мислења
718
Поени од реакции
527
Извинете вака среде муабет шо се пикам али нешто и од мене еве за почетници а и за понапредни гитаристи! http://www2.gibson.com/Lessons/Arlen-Roth-Lessons.aspx

Верувам сте слушнале за Arlen Roth!!

Има баеги видеа за почетници,напредни гитаристи од неколку стилови,па се надевам ќе му се од голема помош на доста почетници!
Јас почнав со овие видеа и со видеата на Paul Gilbert (guitar from mars 1 & 2). Секако со ова во пакет убаво би дошло и изучување хармонизација и теорија!
Немам свои видеа или сл. Али за година и пол свирење со овие комбинации,презадоволен сум!
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
8
Поени од реакции
0
Уште некој да не има што може да сподели мислење: Дали ќе настане промена во звукот или било што друго, доколку се сменат жиците на гитарата (со цел левак, да свири на гитара за десничари)?

--- надополнето ---

И ако може некој даде мислење за оваа гитара http://www.artist-macedonia.com/mex/artikal.php?art=6188# и општо за Washburn гитарите, дали некој свири на неа и како е задоволен!
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
8
Поени од реакции
0
Фала ви на сите за досегашните одговори. Кај мене веќе не постои дилема... Утре рано, рано, да си ја купам Fender Squier, и одма на лице место и ги мењам жиците. Само што дознав дека Џими братот уствари цело време свирел со свртени жици, а он е дефинитивно мастер за мене во спортов...

Фала на сите уште еднаш, и бидете тука за одговори, јас допрва ќе имам прашања, само нека падне гитарчето во раце :D
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Ако на некој не му се даваат пари за часови, а сака да научи од А до Ш, нека си го симни Learn & Master Guitar Complete. На Piratebay го има одприлика 8 гига е, внатре има буквално се, одприлика 24 часа видеа со лекции, 24 часа видеа со вежби, песни за вежбање, 2 книги...а бе буквално се за почетник, ама и за напредни...
Јас иначе свирам бааѓи време гитара, ама не она константно, само ко че ми текни, свирам по слух, акордите ги знам, ама ко че свирам пример со акорди со баре, од повисоко, фаќам по слух, и не знам кој акорди ги свирам, а ги свирам. Исто не знам да свирам соло, не знам скали, не знам теорија, не знам ништо уствари, само знам да свирам по слух. И ме фати инает, го симнав ова, почнав еве денеска, 2 лекции поминав, и одма некој работи ми стануваат појасни...
Значи ако сте почетник, и ако разбирате англиски ова ви е MUST HAVE!!!
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
8
Поени од реакции
0
Фала за информацијава Dee_Jay мрсничко изгледа ова... Одма го монтирав за download!
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229

еве еден клипс ретардиран иако не е за тоа што знам да свирам него повеќе за заебанција али ај нека биде :)
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.899
Поени од реакции
11.230
Дечки едно просто прашање имам само. Гледам кај некои песни некад акордот е напишан на пример G/B. Што е фората? Треба брзински G и B да се отсвират или?
 
CroMkd

Someone
Член од
24 декември 2008
Мислења
114
Поени од реакции
35
Дечки едно просто прашање имам само. Гледам кај некои песни некад акордот е напишан на пример G/B. Што е фората? Треба брзински G и B да се отсвират или?
Ова ти е инверзија на G-dur акордот каде што сега root нотата (во овој случај G) ја поместуваш за октава и првата нота станува B (или H по нашки).
Пробај сам откриј како би се направил акордот. Ако си мрза ете ти линк подоле xD

http://www.jamplay.com/guitar-chords/g-major-b-guitar-chord.html
 
џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52

Ако се помести G(sol) за октава и настане H(си) , ондак ја сум бидермаер...

Октава од кој било тон , е истиот тон , само поместен за октава ... исто ќе се вика...окгава од G e g , od g e g1 , od g1 e g2 ...исто се вика тонот - се менува тоналитетот т.е. регистарот .

И инверзија од Г-Дурот од Х би треало да биде H-D-G и ондак ако сааш додај D и G повторно на 2 и 1 жица соодветно .
 
Па право да ти кажам покрај линков што го остави ме фати мрза да се замарам сам :D Фала друже линков ми помогна многу ;)
 
CroMkd

Someone
Член од
24 декември 2008
Мислења
114
Поени од реакции
35
Ако се помести G(sol) за октава и настане H(си) , ондак ја сум бидермаер...

Октава од кој било тон , е истиот тон , само поместен за октава ... исто ќе се вика...окгава од G e g , od g e g1 , od g1 e g2 ...исто се вика тонот - се менува тоналитетот т.е. регистарот .

И инверзија од Г-Дурот од Х би треало да биде H-D-G и ондак ако сааш додај D и G повторно на 2 и 1 жица соодветно .
не бе, погрешно си ме сфатил xD
не сум толку утепан да ги рачунам Г и Х иста нота :P
мислев за инверзијата, дека во инверзијата на Г-дур root нотата е H, H-D-G ко што викаш.
А тоа што си се помести г-то за октава си е на место. кога не би се поместило Г-то ќе си остане Г-дур.
нели G-H-D е Г-дур, Г-то го ставаме октава погоре и станува H-D-G (ете Г-то си стои на крај)
 
џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
не бе, погрешно си ме сфатил xD
не сум толку утепан да ги рачунам Г и Х иста нота :P
мислев за инверзијата, дека во инверзијата на Г-дур root нотата е H, H-D-G ко што викаш.
А тоа што си се помести г-то за октава си е на место. кога не би се поместило Г-то ќе си остане Г-дур.
нели G-H-D е Г-дур, Г-то го ставаме октава погоре и станува H-D-G (ете Г-то си стои на крај)
Океј , се сфативме .
Само мала исправка , и после инверзијата акордот се вика Г-Дур . Само незнам дали беше тоника или неш друго...
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Дечки едно просто прашање имам само. Гледам кај некои песни некад акордот е напишан на пример G/B. Што е фората? Треба брзински G и B да се отсвират или?
Не сум сигурен дека одговорите за инверзии и сл се точни, барем не секогаш. Некогаш е можно да се поклопи со инверзија, но тоа не е основна намена на ваквата ознака. Точното објаснување би било дека ваквото означување е за да се означи која бас нотата се свири а по неа кој акорд.
Кога е така напишано (G/B) во основа се свири B со тоа што како бас нота се додава G (значи имаме жица Е 3-ти праг, а остатокот B акорд). На пример ако е напишано F/C би свиреле Е жица прв праг и C акордот стандардно.
Значи нема никаква врска со инверзии и сл, туку означување на бас линијата на акордите кои се свират, и нормално така се пишуваат само ако излегуваат од стандардните шеми на акорди (нема потреба да се пишува E/E за Е дур со бас одсвирен на празна жица Е).
 
Член од
7 август 2010
Мислења
50
Поени од реакции
6
Зависи што сакаш да научиш,што сакаш да свириш,колку си озбилен,дисциплина ова-она.
Кажи што поточно те интересира од солирање,пошто вака е широк поим,мислам на стил џез,блуз,рок,метал ова-она,сакаш побавни солажи,фразирање,22 ноти у секунда...

Како и да е според мене најдобар почеток за солирање ти е да си ја уозбилиш левата рака,да ја координираш,да ја засилиш.
Како шо ќе рече Gilbert левата рака е воланот а десната е гасот,ако не можеш да го контролираш воланот не пипај гас.

Финтата во брзото свирење не се наоѓа само во левата ни само во десната туку во нивна координација и економичност.
Под економичност, мислам да пружиш најмал напор за да постигнеш некоја ултра брзина.Мали движења во рацете,опуштеност,загревање обавезно и слично.
Најдобар начин да ја увежбаш раката е легато техниката,за ова ќе ти треба електрична(можеш и на акустика али искрено не е тоа тоа).
""""А најдобар легато тренинг ти пружа видеото на Rusty Cooley Shred Guitar Manifesto."""""
Е сега таму ќе најдеш shapes за 2 ноти од жица,3 ноти од жица и 4 ноти од жица,ти оди до 3 ноти од жица.
4 ноти од жица е веројатно најзаебаното нешто што ќе го сретнеш оти stretch-овите на прстите се прилично потешки(не се обидувај 4nps пентатоника,само Rusty може тоа)башка shape-от се поместува за степен и се менува на секоја жица.

""""""""За полесно да го визуелизираш вратот при солирање и да го гледаш ко целина низ која можеш да тарашкаш изгледај го,исто од Cooley Fretboard Autopsy."""""""""

"""""""""Следно нешто што би требало да ти биде на репертоар е трзајот,поточно alternate picking и economy picking.(воглавно слично само што economy e smoother,ќе осетиш).
Добар професор по трзање е Paul Gilbert а можеш(уствари мораш)да го провериш и Guthrie Govan.
За напредно трзање провери го Art of Picking од Cooley."""""""""

Ако овие две техники им посветиш по минимум шест месеци активно,секојдневно вежбање тогаш си на добар пат.Под активно подразбирам дисциплинирано полезно потрошено време во вежбање(не свирење) а не дрнкање или безвезален шред,пошто веруј ми кога ќе набиеш брзина само ќе ти доаѓа да влезеш во некоја солажа при вежбање.

"""""""После тоа можеш да земеш и да ги комбинираш овие две техники и да вежбаш hybrid picking,провери го Petrucci,он има некои такви идеи."""""""""

Потоа можеш да си одбереш некоја егзотична техника како sweeping или tapping на која ќе можеш да и се посветиш.

Воглавно барем 4-5 години активно увежбај техника и можеш слободно да маршираш во полето на музикалноста.(пошто тогаш ќе моеш све да свириш).
Се разбира додека вежбаш соло не смееш ни под разно да затупиш ритам бидејќи џабе ќе ти е после.
Ова е мој распоред :)
цар си....само ај ако можеш кога ке имаш слободно време дај линкови од сите тие видеа или лекции(што и да се) што си ги наведил за да ги гледам,(ги наведов во нацодници кои) и да го фатам твојот распоред, позз :P :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom