Рецепти за макала

  • Креатор на темата Креатор на темата pppv
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 септември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
63
Сум пробал макало на повеќе места ама како едно во Охрид летово ...прсти да излижеш..напишете дали јадете макало со лук,луто или не,и ако знаете некој рецепт за макало напишете го, да го пробаме и ние.

Еве од мене еден рецепт за макало

-1 глава лук
-2 филџани бајат леб
-пола филџан оцет
-1/2 филџан зејтин(по можност маслинов)
-сол
-малку магдонос
-малку мелени ораси

Се топат лепчињата во вода и се цедат добро.Се мерат 2 филџани.Се толчат лукчињата и се мешаат со лебот.Се додаваат и другите состојки со постојано мешање.И макало :)
 
Чекај....како... И макало?! сакаш да ми каеш дека твоево макало се состои од мокар леб, со маслиново и лук?! Те молам маалце поопширно и појасно напиши го рецептов..
 
јадам секакво макало а вакво до сеа немам пробано како што имаш ти пишано
 
Чекај....како... И макало?! сакаш да ми каеш дека твоево макало се состои од мокар леб, со маслиново и лук?! Те молам маалце поопширно и појасно напиши го рецептов..

ќе го измешаш лебот и лукот...ќе земеш миксер и ќе мешаш а по малку ќе додаваш зејтин (за да остане хомогена масата),потоа го додаваш оцетот кој и не мора да е пола филџан туку по вкус ќе си ставиш,и малку магданос,малку ореви и сол.знаќи со миксерот не престануваш да мешаш.
 
Леелел абе еј , лиги да му потечат на човек од рецептиве, обожавам макало, а и како добро го спремам, лелелеле
 
Да, ама ипак би одел на онаа стандардна варијанта, добро толчен лук, со масло и вода+малку кисело млеко..... Некако ореви во макало не ми прават кеиф.
 
ЛУК :vozbud::vozbud::vozbud:

Ја го правам попросто, полуто, и многу вкусно.

2-3-4 главици лук, излупени, ги толчиш то толчник и ставаш многу сол (за да се направи хомогена смеса). После да ти е мерак да јадеш, башка и многу лути, абе еротика.

Ми се пријаде ептен бе, мамето ваше! :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Мх,мх,мх :vozbud:. Изгледа во сите краишта има различен рецепт за макало. Знам од баба ми и мајка ми дека во Битола под макало се подразбира она највкусното рецептче што сега ќе ви го кажам.

Лукот заедно со солта се толчи во дрвен сад. Потоа се додаваат варени компири и варени суви везени пиперки и сето се меша додека не се добие убава хомогена маса. Се додава масло, оцет и сол. И после можеш да умреш од лепотеееее. Секако, треба да се земе во предвид дека од лукојната ќе копаш невиџено и затоа пожелно е да не излегуваш од дома два-три дена :helou:.
 
ќе го пробам утре овој рецепт...сигурно
 
Ааааааа закон е,да се изнајадеш лукче,макалоо........уф
Последиците се јасни,ама нема врска:pos2:
 
Ова е она макало со лук што го има кај Љуц?
 
Лукот заедно со солта се толчи во дрвен сад. Потоа се додаваат варени компири и варени суви везени пиперки и сето се меша додека не се добие убава хомогена маса. Се додава масло, оцет и сол. И после можеш да умреш од лепотеееее. Секако, треба да се земе во предвид дека од лукојната ќе копаш невиџено и затоа пожелно е да не излегуваш од дома два-три дена :helou:.[/quote]

моите ова го прават со праз....со лук не сум пробала, али ќе им казам....сигурно е мммммммммммммм...уште со домашно топло лепче....
 
Макало? хммммммммммммм
кој пробал знае. спомни им дома сигурно ќе ти кажат и ќе ти зготват да пробаш
Значи секакво макало со лук, праз, пипер, компир само да налутнува малце за поголем апетит да ти отвори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom