Непроценливи Maкедонски богатства украдени од Бугарите (кои тие ги прикажуваат како бугарски)
Еве го сега и српскиот вагон:
Белград се перчи во Рим со артефакти од Македонија
Предмети со непроценлива вредност пронајдени на територијата на Македонија, кои со децении се чуваат во Народниот музеј во Белград, цели два месеца беа изложени во Италија без точна информација за нивното потекло. На веб-страницата на „Палата Квиринал“ во Рим, каде што се одржа изложбата, во прес-материјалите и во каталогот стои дека се пронајдени во Требениште. Каде е Требениште - Италијанците не дознаа
Највредните артефакти од охридско Требениште - бронзениот кратер, златните маски, златни сандали, пехари и други вредни предмети што се дел од збирката на Народниот музеј во Белград, цели два месеца беа изложени во престижната „Палата Квиринал“ во Рим како предмети „без точно потекло“. И по затворањето на изложбата, викендов, Италијанците не го дознаа вистинското потекло на вредните наоди. На италијанската официјална веб-страница, како и во прес-материјалите, беше забележано дека предметите потекнуваат од Требениште, но без појаснување во која земја се наоѓа овој локалитет.
Вакви некомплетни податоци до неодамна беа поставени и на официјалниот сајт на Народниот музеј во Белград, но по интервенција на Управата за заштита на културното наследство на Македонија, во заграда, покрај називот на локалитетот Требениште, беше дополнето - Охрид, Република Македонија. Но оваа интервенција не стигна до Италија.
- Испративме уште една реакција, и тоа до Музејот што ја организира изложбата во Рим, но изложбата се затвори без да се внесат податоците. Сега што да правиме? Тоа е тоа. Направивме максимални напори и од Народниот музеј во Белград веднаш ни излегоа во пресрет и на својата веб-страница го назначија името на градот Охрид и на државата Македонија. Не може да ги тепаме, реагиравме како што ни налага совеста. И оттаму ни рекоа: “Да, имате право&рдљуо; - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.
Неговите сознанија говорат дека
во музејските поставки и во Белград и во Софија под артефактите од територијата на Македонија не е назначена државата, туку само локалитетот.
- Се разбира дека тоа не е во ред. Можеме да реагираме колку сакаме, но едноставно работите на Балканот се такви. Кога се откриени овие артефакти ние бевме во кралска Југославија, и тие поаѓаат од тој факт. Ако се доблесни, треба прецизно да го наведат потеклото на експонатот. Тоа треба да се реши на повисоко културно, научно, добрососедско ниво - вели Кузман.
Ремек-дело во Белград
Главен експонат на изложбата во Рим беше кратерот од Требениште, кој ја насловил и целата постановка „Италија и конзервацијата на величествениот кратер - ремек-дело на Народниот музеј во Белград“. На изложбата се претставени резултатите на долгогодишната соработка на Италија и Србија во заштитата на културното наследство, која резултира со темелна студија и успешна конзервација на величествениот кратер.
Во информацијата на сајтот на белградскиот музеј стои дека станува збор за „
голем бронзен сад, кој датира од доцниот 6 век пред новата ера, а кој е откриен во 1932 година за време на систематските археолошки ископувања во Требениште“. Сега, по интервенцијата од Управата, дополнето со „кај Охрид (Република Македонија)“.
Кратерот во Италија стигна во 2007 година, кога, како еден од
230 експонати, на публиката и беше
претставен на репрезентативната изложба „Балкан. Античката цивилизација помеѓу Дунав и Јадран“ . За да се зачува овој драгоцен предмет и за да добие релевантна стручна и популарна интерпретација, по завршувањето на изложбата е почната неговата конзервација.
„Применувајќи современа технологија и соодветна научна методологија, стручњаците во текот на проучувањето и конзервацијата на кратерот дојдоа до вредни и значајни резултати, кои ја потврдуваат културната релевантност на артефактот и ја откриваат локацијата на работилницата во која е изработен. Бронзениот кратер спаѓа во врвните дострели на грчката тореутика (вештина на изработка на предмети од метал, з.н.), а единствен го прават, не само исклучителната орнаментика, туку и невообичаениот додаток во вид на триногарник“, пишува во прес-материјалот за изложбата.
Приказната за кратерот, како и сложената постапка на конзервација и реставрација, на публиката во Италија и беше претставена и со видеозаписи снимени во различни фази на работата, како и со богато опремен каталог.
„По речиси тригодишни заложби на италијанските и домашните стручњаци, кратерот денес одново е видлив во својата некогашна раскош и величественост, а воедно сведочи и за динамичноста и целовитоста на културата на железното време во Централен Балкан“, стои понатаму во информацијата.
Во Рим беа изложени уште 28 исклучителни археолошки артефакти од богатите збирки на Народниот музеј на Белград, меѓу кои најголем дел се од Требениште. Тука се и
златните маски, вазни, ѓердани и други предмети пронајдени на територијата на Македонија. Сепак, Македонија никаде не се споменува, дури во каталогот за изложбата се истакнува само и единствено „значењето на Србија на археолошката мапа на Европа“, како и „влијанието на грчкиот културен комплекс“:
Требениште - РАСЕЛЕНО
Вкупно 257 предмети најдени на локалитетот Требениште се наоѓаат во Србија. Македонија досега не поднела ниедно барање за реституција на предметите што се чуваат таму, а се најдени на територијата на Македонија.
Во Народниот музеј во Белград има ретки и исклучително вредни предмети што потекнуваат од Хераклеја, Стоби, Требеништа и од други локалитети во Македонија. Овој музеј ги чува и двете златни маски, пронајдени на локалитетот Требениште, Охридско, третата златна маска се наоѓа во Софија, а четвртата ја чуваме ние. Речиси сите вредни наоди во периодот помеѓу двете светски војни се однесени во Србија, а меѓу највредните се археолошките. Со сигурност е утврдено и дека две величествени бронзени фигури на сатири, најдени во Стоби, денес ги красат витрините на белградските музеи.
Одлевањето на културното богатство од Македонија официјално почнало во балканските војни, а со несмалена жестина трае и ден-денес.
Во Кралството СХС, белградскиот музеј почнал организирано ископување на целата територија на Македонија. Не се знае што друго е однесено. Податоците се чуваат како најголема државна тајна.
По Втората светска војна почнува организирана домашна музејска дејност. Но и тогаш имаме
„легален“ одлив во форма на подароци на заслужните другари од партијата од општинско до сојузно ниво. За време на посетата на Тито и Хрушчов по скопскиот земјотрес, со највисока партиска наредба на двајцата им се подарени многу вредни икони. Едната е во „Ермитаж“, а втората во музејот „25 Мај“.
Простор за погрешно толкување
Кога се врши археолошко ископување, каде и да е во светот, покрај називот на артефактот и името на локалитетот, мора да стои и земјата на потеклото. Тоа е единствениот валиден начин по научен пат да се докаже матичната држава од која артефактите потекнуваат, независно какви биле историските услови во времето на некое конкретно ископување, вели Василка Димитровска, археолог и граѓански активист во полето на културното наследство.
Тоа што понекогаш во збирките на одредени музеи или, пак, во публикуваните каталози се посочуваат артефактите и нивното местото на наоѓање, но не и земјата од каде потекнуваат, според Димитровска, остава простор за погрешно толкување на предметите во научен, но и во политички контекст. Автор: Весна Дамчевска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=27112012291&id=9&setIzdanie=22201