Ајде да земам да напишам во неколку редови што може да ви предложи ОМО Илинден ПИРИН на жителите на Пиринска Македонија, без разлика дали се осеќаат како Бугари, Македонци , Роми или било какви . Не претендирам дека одговорот ќе ми биде полн и дека ќе ја представи вистинската слика што представува програмата на ОМО , но ќе биде тоа што јас си мислам дека го спроведува и сака да го спроведува ОМО . Како прво ОМО ви предлага тоа што нема да го најдете кај никоја друга партија во Бугарија - а тоа е сами да си ја градите судбината и да не сте зависни од Сулио и Пулио. На што мислам - мислам на тоа дека ОМО се залага за економски развој на еден радикален начин кој нема да го најдете кај никоја друг Бг партија. самата скратенка ПИРИН означува Партија за Икономическо Развитие и Интеграција на Населението. Како ќе биде тоа ? Јас верувам дека на сите вас ви е омрзнато да зависите економски од Софија и да гледате как ден по ден нашиот Пирин се повеќе економски заостанува од другите делови на Бугарија. Софија цвета и се стројат нови згради , по морето е иста слика , во Софија платата е најмалце дупла одколко што во Благоевград. За по селата да не зборим. Ова не може да продолжува вака - младите луѓе да се приморани да бегат да работат во Софија или во странство а кај нас да остануваат само стари баби и тие што не можат да појдат на некаде .Тоа ти е намерна економска асимилација на населението. Ако продолжува така нашоит крај ке стане како што беше Странджа после изселувањето на Турците - пустиња. Верувам дека никој од вас не го сака тоа. Затоа ОМО се залага за максимална децентрализација на власта. И политичка и економска . Залага се за тоа , даноците што ги плаќаат малкото останати фирми во нашиот крај да не одат во Софија на централно ниво, а да останат во општините. И да не се налага општините да остануваат на милостта на некој што командува од Софија и кур го боли за тоа како е во некое село под Пирина.Залага се за тоа парите од ЕУ дека се наменети за Пиринска Македонија да дојдат овде и со нив да се развива нашиот крај, а не да потонат во некој мафијашки џеб, или да идат на друго место. Знае се дека определен процент од тие пари и припагаат на Пиринска Македонија, субсидии има за земјоделството кои завршуваат на друго место само не и кај нас. Иако многу нема да ми веруваат ама јас сум сигурен дека Пиринска Македонија го има потенциалот да се издржува сама и да не зависи економски од Софија. Сами знаете дека пролет цела Бугарија се рани со наште производи оти најпрви стануваат бидејки има најдобра клима за тоа во нашиот крај. не е и само тоа, тука се и производството на овошја и грозде, кои се традиционални за нашиот крај. Тутун се сади ( кој ни го откупуваат на безценица, а он е изгледан со крвава пот на наште родители и наште баби и дедовци ) , Туризам се развива. Пирин ни е најубавата планина. Погледнете статистика да видите колку даноци се плаќаат годишно од фирми на територија на Пиринска Македонија, и колку дотации се дават потоа од државата на општините. Некаде околу една третина се враќа пак кај нас а другото оди во Софија. Тоа е јавно ропство за нашто население и требва да му се сложи крај. А парите кои се плаќаат патарина за преминувањето по Е79 и они пак одат во џебот на владата а кај нас не останува ништо. Ние се залагаме за тоа како прво - економска независност. Ако сакаме да оцелее нашиот крај ќе мора да го постигнеме тоа. Ама за да стане тоа, мора да имаме силна политички представена власт во местно ниво. Или со други зборови треба прво да имаме раководни постови како градоначалници и советници за да работим на тоа да се оствари побргу. Секоја Бугарска партија која има власт во некоја општина гледа да налива пари и влијание и да помага на централата на таа партија во Софија, бидејки се надева и од таму да добие помошт за изборите. ОМО нема да го прави тоа, бидејки нема да име централа во Софија, централата ќе биде овде на местно ниво и се што го прави ОМО ќе биде за тој крај. ОМО ПИРИН се залага уште и за тоа сите луѓе што живеат овде да имат равни права. Оти кога има политички и национални угнетувања тогаш и економските работи не одат добро. Мора на секој човек да му бидат гарантирани правата без разлика кој каков се чувствува. Тоа значи дека ако некој е Турчин да има право слободно да си го збори мајчиниот јазик, да пишува и да се учи на него. Истото важи и за Роми и за Македонци и за Евреи и за сите. Што толку пречи на Бугарија да дозволи да се отвори училиште во кое ќе се учи на Македонски во Пиринот ? Никој никого нема да кара со сила да оди во него. Кој сака да учи Македонски ќе оди и ќе учи. Кој сака Турски да учи ќе си отвори училиште на Турски. Веке е 21 век и треба да ги заборавим комунистическите мислења и да забрануваме на луѓето да бидат такви какви што се родиле. Нашиот председател има кажано една мисла дека сите демократски луѓе ќе се согласат со неја. Таа гласи : Малцинствата во една држава се како китките во еден буќет. Колку повеќе китки има , толку поубав е букетот. Така да според нас Бугарија не треба да се проба да не асимилира, а треба да се грижи за сите малцинства кој се во државата , и да ни помага да си запазим идентитетот и нравите и обичаите, зошто тогаш самата Бугарија ќе биде подемократска , поразвиена и кога се грижи за нас ќе биде и по силна како држава бидејки и ние ќе ја чувствуваме како наша држава а не како сега секој да ја псува. Ако и мислите доброто на Пиринска Македонија ќе бидете со нас. Ние можем да го напраим тоа. Не зависим од никој, и гледаме за нашиот крај да е економски добар. Доста се 90 и кусур години цицање од нашиот крај па да биде убава Софија или Бугарија. Што го имаме и што го произведуваме ќе си биде за нас, тука ќе се развиваме. Ама за жал сега сме економски роби. Секој од вас знае на борсата на Крналово како се купуваат за џабе производите од Софијанци и на каква цена после се продаваат во Софија. Нашите родители работаат од темно до темно, а други заработуваат од нивната мака. Ќе си ги пазим наште богатсва , а не како сега за 10 години го изсекоја половина Пирин и ги продадоа дрвата на безценица, Тие луѓе не мислат за нашта иднина и за тоа дека ќе направат еколошка катастрофа со сеченето и дека ќе ни ја развалат убавата природа. Тоа е окупаторско отношение, гледат да украдат колку што можаат повеќе. Ние сето тоа ќе го спречим. Ќе завршувам веќе оти ќе ви станам досаден , иако за тоа можам да зборам со денови. Помислете си вие што идете на тоа форум од Пиринот па ќе се согласите со мене дека тоа треба да престане веќе. Сите партии имаа можност да го спречат тоа и никој не го стори. Иде веќе и нашиот час. Имаме право и ние да покажеме што можеме и што сакаме.