Вакцинирање против грип!

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Најидиотско е да не се вакцинирате поради медуимско conspiracy сценарио. :tapp:
А уште поидиотско е да се вакцинираш против грип кој е медиумско conspiracy сценарио.
 
S

smart ass

Гостин
Најидиотско е да не се вакцинирате поради медуимско conspiracy сценарио. :tapp:
Богами да.

Но има лек.

Послание од Smart ass

1.2-И рече smart ass простено ви е,немате когнитивни способности...и БИ ТАКА:pos2:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
хммм а нели е најидиотски секој октомври да се вакцинираш против свински, сезонски, козји, кравји.....и за сите да има различна вакцина? место 3 ин 1 да измислат...
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
хммм а нели е најидиотски секој октомври да се вакцинираш против свински, сезонски, козји, кравји.....и за сите да има различна вакцина? место 3 ин 1 да измислат...
:nenene:Јок... тогаш место 500 ке платиш 1500 денара а на денешно време на луѓево не им се даваат пари ни за здравје веќе...
 
haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
хммм а нели е најидиотски секој октомври да се вакцинираш против свински, сезонски, козји, кравји.....и за сите да има различна вакцина? место 3 ин 1 да измислат...
Ја првпат во животот примам вакцина за грип и тоа за свниски грип значи за обичен грип никогаш не сум примил вакцина а го имам закачено е сеа ваа вакцина те штити и од обичниот грип и од овој новиот грип
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
А уште поидиотско е да се вакцинираш против грип
Доста идиотски е покрај вакцинација да се трудиш и да го избегнеш, а државата да не ти дозволува.
Доколку сите смртни случаи се припишуваат на овој вирус, ок. Доколку е толку опасен дали државните органи се одговорни за одржување и ширење на заразата меѓу популацијата со непримена на конкретни мерки и наместо тоа постојано апелира на вакцини?
Под мерки мислам на оние кои ги применија некои држави (зависно од нивните услови и состојби) -прекин на настава и/или предвремен распуст за основците и средношколците, прекин на малтретирање на граѓаните масовно да стојат во редици на шалтерите (конкретно за лични документи и слични непотребни масовни собирања), оној собир за безвизен режим -оптимално за фаќање зараза...и слични акции на владата.

Ај за ова некое објаснување пошто ако вирусот е поопасен неголи другите вируси тогаш кој е овој апсурд на однесување на државните институции?

добро бе, а вие платени да не сте да терате форумџии да се вакцинираат? :icon_lol:
Ништо чудно Бат Елохим, некои луѓе служат и за такви ствари :)
 
S

smart ass

Гостин
хммм а нели е најидиотски секој октомври да се вакцинираш против свински, сезонски, козји, кравји.....и за сите да има различна вакцина? место 3 ин 1 да измислат...

Има 4 ин 1,но тие се поскапи...но мислам дека барем за бебињата би требало специјално да се набават,бидејќи секој месец ги боцкаат...то е траума

Ма вирусот не е причина за смртта(само кај мал број случаи),туку најчесто пневмонијата која се јавува како резултат на намалениот имунитет.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Има несакани последици од вакцината против новиот грип!

Министерството за здравство призна – официјално се појавија несаканите последици од вакцината против свинскиот грип.. На четворица пациенти вакцината им го загрози здравјето.. Оток на лимфните жлезди, зголемен број тромбоцити во крвта, болки во зглобовите.. Во овие случаи се вбројува и пациентката која пред неколку дена беше хоспитализирана на Неврологија поради трнење на рацете и нозете, а за која категорично се тврдеше дека компликациите не се последица од вакцината.. Сите пациенти ја примиле вакцината на Новартис..

-Кај едниот пациент е оток и црвенило на раката. Кај другиот пациент се болки во зглобовите и оток на лимфните жлезди што траело само еден ден и после соодветни лекови поминало. Кај друг пациент се појавило зголемување на тромбоцитите во крвта. Четвртиот случај е пациентката примена на неврологија пред неколку дена- вели д-р Јованка Костовска, од Комисијата за пандемски грип

На Инфективна клиника во моментов се лекуваат вкупно 67 пациенти.. Од нив четворица се приклучени на апарат за дишење..Клиниката располага со 8 респиратори.. На прашањето на Канал 5 што ќе се случи доколку на 9 пациенти им е неопходен апаратот за дишење, кој од болните нема да добие соодветно лекување.. Лекарите се правдаат дека по Нова година ќе добиеле нови 7 респиратори..Вирусот А Х1 Н1 однесе 18 жртви.. Последните двајца имале и други заболувања..

- Тоа се смртни случаи од друга причина. Едната пациентка имаше излив во мозокот, а вториот смртен случај е како резултат на карцином на белите дробови. Но бидејќи кај нив е потврден вирусот А Х1 Н1, тогаш ги пријавуваме како починати од грипот, вели д-р Жаклина Шопова, од Клиниката за инфективни болести..

Бројките покажуваат дека вирусот засега бележи благ пад.. Споредбено со почетокот на декември, каде неделно заболуваа околу 9.200 лица, минатата недела тој број е 8 илјади..

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=40&egId=15&eventId=56316
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Не постои вакцина против која не се појавила отпорност од страна на групи луѓе кои тврдат дека предизвикува едни, или други последици. А за можните компликации, па тие можат да се добијат од најобичните апчиња, сите ги знаеме упатствата кај што пишува дека се можни несакани последици... Но тоа зависи од имуниот систем на секој човек посебно, сепак ако таа вакцина заштити 996 лица, а предизвика ПРИВРЕМЕНИ влошувања кај 4, според мене, вреди да се земе.
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Нити вирусот е многу поопасен од обичниот, сезонски грип, нити вакцината за него е поопасна од било која друга вакцина. Како што спомна Nightwalker, од скоро секоја вакцина се јавуваат реакции кај одредени групи на луѓе. Јас примив од вакцините на Baxter па еве, сеуште сум жив и здрав. Така да, кој верува поинаку време е да ја симне капата од алуминиумска фолија :)
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.074
Не постои вакцина против која не се појавила отпорност од страна на групи луѓе кои тврдат дека предизвикува едни, или други последици. А за можните компликации, па тие можат да се добијат од најобичните апчиња, сите ги знаеме упатствата кај што пишува дека се можни несакани последици... Но тоа зависи од имуниот систем на секој човек посебно, сепак ако таа вакцина заштити 996 лица, а предизвика ПРИВРЕМЕНИ влошувања кај 4, според мене, вреди да се земе.
Aма неее.. пациентката со нестабилна ментална историја имала трнење на рацете и нозете.
Буу, сакат да убијат 4 милијарди. Не се вакцинирајте. Умрете среќни.

Компликации и отпорност е нормално кај минимален процент од вакцинираните.
Статистички споредено.. Џабе.. Човек што не чита воопшто е далеку поедуциран од човек што чита само весници. :smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Дефинитивно паднаа маските...или не? Тврдењето на еден член овде дека првото или второто лице почина од сосема друга болест се покажа вистинито. Затоа и велам, дали сите умирачки по наредба на фондот и министерството ќе се препишат на овој вирус? Набавките мора да се уновчат.
Но покрај тие горе прашања луѓето се прашуваат и зошто набавка во ек на зараза, а не барем малку пред тоа и низа перипетии со набавките и вкацинирањето? Едноставно и за лажење не сме кадарни.

Поарно да набавеа варикина или енвирокем, тие 100% ги ништат вирусите.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

The thing is, една од жените која беше меѓу првите "жртви на грипот" беше родена 1919 година, немаше 50тина години како што беше претставено. Се собираат пациенти од сите клиники и што и да е причината, се претставуваат како жртви на свински грип. Се прашувам дали ако кај некое самоубиство се утврди дека имал починатиот свински грип ќе се смета како смрт од свински грип? :uvo:
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Дефинитивно паднаа маските...или не? Тврдењето на еден член овде дека првото или второто лице почина од сосема друга болест се покажа вистинито. Затоа и велам, дали сите умирачки по наредба на фондот и министерството ќе се препишат на овој вирус? Набавките мора да се уновчат.
Но покрај тие горе прашања луѓето се прашуваат и зошто набавка во ек на зараза, а не барем малку пред тоа и низа перипетии со набавките и вкацинирањето? Едноставно и за лажење не сме кадарни.

Поарно да набавеа варикина или енвирокем, тие 100% ги ништат вирусите.
Да и најинтересно е шо причината не беше ни болест(Зборам за детето од Битола,за кое шо пишав порано).А и сега уште двата последни ми кажва сестра ми гледала вести денес и докторката кажала дека нивната смрт немала врска со грипот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom