Протест!

F

fantomX

Гостин
Тука читам дека ќе се полагаат само 6 или помалку предмети, на други места слушам дека по сите предмети ќе се прави тест.
Каде слушам/читам точно ? :kesa:
Нигде не е точно наведено, и овде (а и било кој друг можи да си нагаѓа само).
Вака вика: „Прописот за начинот на организирање и спроведувањето на проверување на постигањето на успехот на учениците, како и начинот на утврдување на завршните оценки на ученикот, министерот ќе го донесе најдоцна до 31 декември 2008 година.
До вчера, нема ништо ново кажано официјално.

Оваа година ќе полагаат само до осмо одделение а за догодина ќе се види како ќе биде. :helou:
Не е така. „Закон за изменување и дополнување на законот за средното образование.“ Основно енма врска.

Се мисли на грешки кои ги направил при оценувањето. Доколку направив грешка (намерно или не) кај 3-4 ученика тогаш професорот го бркаат од работа. Тоа ќе се види од тестовите.
Не, ако три години едно по друго професорот има такви резултати, се брка од работа. Инаку му се крати 10% од целата плата.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
12
Поени од реакции
0
Eпа фала богу го опраивме на прав пат... значи се мисли само четврата да се укинат, зошто?? да не се повторувам пак има у претходните мислења.
епа сеа ајде да се организираме, ја неам поима. сеа кој е претседател на унија на сите средношколци???

Кај нас во школо избравме од секој клас од 4та по двајца, одбор кој ке ги средува овие работи со испраќање на барања до министерство
мислам дека треба тоа сите школи да го напраете.. ако не прифатат тогаш идеме со бус или воз Скопја града и пред влада
 
пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
кај нас од 4 година никој не протестираше вчера затоа што мислат дека они нема да полагаат:pos2:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Четврта година наликуваат на лабораториски глувчиња врз кои министерот и министерството си врши експерименти годинава.
Во рок од месец дена успеаа така добро да ги здрмаат децава,300 работи кажаа. Дека ќе се полагале 3 екстерни еден интерен,2 со два,ова,она...а кога ги прашуваш професорите грчат рамена и ништо не знаат,да се информираш,да побараш информации и совет,на сите им е страв да кажат нешто да не им намалат од платата. Добра уцена морам да признаам.
Ајде. Државната матура ја сваривме. Во кој временски период тие мислат да
спремаме проектна задача,да учиме за предметите што сме ги одбрале да ги полагаме за на факултет(па и нема некој избор,ти остануваат филозофија и рандом биологија историја и географија,кои не вршат работа за некои факултети),да се спремаш за другиве предмети ако еве си останат на своето да се полагаат тестови по сите,и капак на се да бидеме спремни за во школо,да бидеме активни и кога се предава и на час по повторување.
И не,оние што не учеле напротив,помалку се плашат од крајниот исход.
Има во сите европски земји на крај вакви тестови,но нека се решат за едно -или тестови или матура за четврта,затоа што тие две работи не одат заедно под рака,логички.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.005
Поени од реакции
12.629
сега на А1 дадоја снимки од протестот Скопје...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Денес од мое школо ги собраа сите претседатели и вака соопштија. На крај испадна дека ни јас ни вие не бевме во право. Вака ќе изгледа тестирањето:
Во секое средно училиште ќе се одберат рандом професори и рандом класови на кои тие предаваат. Што значи дека може вашиот клас да не прави тест.
Ќе се полага еден предмет на крајот од годината, како што кажав погоре, зависи кој професор го потрефат, зависи кој предмет го предава и зависи на кој клас го предава. Што значи дека нема да полагате милион предмети.
Ако 30 проценти од учениците во паралелката, на тестот добијат оценки за 2 скалила подоле отколку што треба да им биде крајната оценка, професорот е казнет со 10 проценти од платата цела година. Истово ќе се случи ако 30 проценти од учениците во паралелката имаат за 2 скалила оцена повисока од напишаната за крај.
Ова е законот кој им беше прочитан на претседателите, лично од директорката која тукушто се беше вратила од министерството.
Е сега, ако вие уште верувате дека ќе полагате 10 предмета на крај на година, тоа е ваш проблем. Штрајкувајте, чукајте изостаноци. Кога навистина некогаш ќе треба да побегнете, нема да можете. Филмакедон има право, зошто не штрајкуваме да ни ги вратат парите од партиципација, да ни овозможат бесплатен превоз, туку штрајкуваме за тестовиве? Зошто не штрајкуваме да не не` крадат кога плаќаме за екскурзии напумпани цени?
Џабе се палевте толку.
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Денес првпат видов дека имало таква тема, а и забележав пред министерство дел од штрајкувачите. Ај да влијаеја овие завршни тестови на крајната оценка ќе сфатев, бидејќи и ние лани протестиравме затоа што не бевме на време известени што како ќе биде. Ама што се палите кога ова ќе биде проверка на професорите, а не на вас.. Треба тие да штрајкуваат :pos:
 
Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Добро бе, за кој к ја денес отидов во школо? Идиот. Место да си се легачам цел божји ден, пат ќе тепам, па ќе барам триста души да прашам шо се дешава, кој шо сака прави, од кабинет до кабинет се рашетаваат, со по тројца души на час предаваат луѓено, ќе се убедувам пола саат дека последен час пред писмена треба да се ка-чи-ме, да знам што ќе ми се падне и да не се крстам пред листот 45 минути утре, е не. Ќе си ојме. Океј.

Па све некои безвезе години, уопште четврта не видов. :nesvest: Да знаеја бар за што штрајкуваат. Не гледав вести, бев во центар на то "протестот", на пар минути, да видам што и како. Требаше кеса за на глава да си земам. Реков ја дека ова ќе биде. А постон кај шо ве прашав зашто не седнете да учите си остана така, десет страни уназад. :pos: Абе деца...

Аздисани.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Денес првпат видов дека имало таква тема, а и забележав пред министерство дел од штрајкувачите. Ај да влијаеја овие завршни тестови на крајната оценка ќе сфатев, бидејќи и ние лани протестиравме затоа што не бевме на време известени што како ќе биде. Ама што се палите кога ова ќе биде проверка на професорите, а не на вас.. Треба тие да штрајкуваат :pos:
Важно е да се учествува:pos:

*губат часови
 
Член од
12 август 2008
Мислења
44
Поени од реакции
0
Видете сеа вака.Во нашето училиште го читавме овој закон во службен весник.И баш убаво си пишуваше дека сите предмети ќе се полагат и дека ќе ни зависат крајните оцени од тоа(не измислувам стварно на часови го читавме).А сеа ако го смениле не знам...Ама мислите дека има логика некои да полагаат некои не и да ги казнуваат професорите,а на нас да не ни ги менуваат оцените.ПА тогаш никој нема ништо да пишува никој нема да се замара и да знае и може само да ги заебе професорите:pos2::pos2:
 
Член од
12 август 2008
Мислења
44
Поени од реакции
0
Важно е да се учествува:pos:

*губат часови

А ти ако не си видела што пишува во службен весник(ако и уствари занеш што е тоа)твој проблем нека ве лаже таа директорката,како може да се донесе еден закон(а штом го има во службен весникзанчи веќе е усвоен),и после одма да се укинува..хахахах смешна си
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
А ти ако не си видела што пишува во службен весник(ако и уствари занеш што е тоа)твој проблем нека ве лаже таа директорката,како може да се донесе еден закон(а штом го има во службен весникзанчи веќе е усвоен),и после одма да се укинува..хахахах смешна си
Директорката не може да не лаже, затоа што законот беше на лист и со печат од министерство.
А тоа што во службен весник има друго, тоа си е проблем на министерството. И не знам што е службен весник, Волшебничке, објасни ми жити се`!

ПА тогаш никој нема ништо да пишува никој нема да се замара и да знае и може само да ги заебе професорите:pos2::pos2:
Ви велам имаме сериозен проблем со етичките и моралните вредности во државава.
 
Член од
12 август 2008
Мислења
44
Поени од реакции
0
Директорката не може да не лаже, затоа што законот беше на лист и со печат од министерство.
А тоа што во службен весник има друго, тоа си е проблем на министерството. И не знам што е службен весник, Волшебничке, објасни ми жити се`!

Ви велам имаме сериозен проблем со етичките и моралните вредности во државава.
Службен весник е весник на државата и таму се пишува секој нов излезен закон(се доставува во секое школо и секој организација,за да бидат во тек со новосоздадените или изменети закони).Кога законот веќе се појавил во тој весник,значи е усвоен.И сеа малку е нејасно и чудно како можат толку брзо оние од министерството да ги менуват законите(дај боже да е така и ја не сум за полагање на финалинте тестови).
И ти би учела или би повторувала за тие тестови ако знаеш дека оцената од нив не ти зависи или ќе си тераш некоја попаметна работа...а сите знаеме дека се не останува во главата од она што сме го научиле потребно е повторување...а за тоа не ни се криви професорите
и вештерче а не волшебниче
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38

Е фала ти што кажа што е службен весник. Сега јас сум елетро струка и кај нас се раскажува од слики (читај шеми) и јас без проблем би ти ја раскажал секоја лекција во кој момент и да ме прашаш. Од овде се заклучува дека се памети се, нели волшебничке?
 
Vlatko_100

DUKE
Член од
21 јануари 2008
Мислења
648
Поени од реакции
20
добро што е толку проблем тоа што се учело цела година да се заборави на крај на годината. Па ако некој ги има сите петки не (би) треба(ло) да паничи бидејќи сигурно би памтел се што учел и на крај не би му било проблем да реши еден тест.

Абе пак не ви се учи а? Сакате пак саботи да учите. Ај за почеток помалце време на нет помалце билдање на мислења и може ќе имате некој резултат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom