AUUUUU, .................kaj isceznaa
KAPITALIZAMLJUBCITE ovde na forumov ??????
Pa do vcera be se plukase po ex YU

nejzinata organizacija, politicki i ekonomski sistem...
Бетончо,
Ај не го дрви жив ти се!
Ако под капитализам подразбираш индивидуализам, слобода, пазарна економија и правна држава тогаш и ти си капитализамљубец. Доколку капитализмот го дефинираш како германскиот вообразен, мрзлив и суров евреин Маркс (според неговата вистинска биографија) тогаш прекини да си го навредуваш сопствениот народ дека бил ваков или онаков, односно секогаш во негативна конотација бидејки тоа што тој го напишал други го примениле, а ние како народ од немајкаде го осетивме.:star::helou:
Да се вратам на темава.
Активноста која ја спроведува САД за да си ја спаси сопствената економија не е соц. реалистичка, ниту е капиталистичка туку е чисто техничко прашање. Ако не се помогне, интервенира, тогаш во аут оди се преку домино ефект, ова е званичното објаснување што и не е далеку од вистината. Прашањето е зошто е дојдено до степен да мора државата да интервенира.
Постојат неколку елементи за разгледување но најбитни се две:
1. веќе спомнатото погоре, односно е чисто техничко прашање и
2. лажен капитализам (Crony Capitalism-за тие кои сакаат повеќе да знаат нека го изгуглаат терминов).
Како и да е, САД стана најсилна држава во светот поради тоа што беше прва, а можеби и единствена држава која во пракса ги применуваше законитостите на пазарот и законитостите на слободата со одговорност. Во поново време се` почесто ги користат техниките на координирање на пазарот или кратко кажано, користат елементи на договорната економија.
Следствено на нивното прифаќање на елементите на договорната економија нивната економија забрзано пропаѓа.
Патем, колку што знам јас, не е изгласано, односно гласано е против државна интервенција и покрај мислењето на претседателот.
Поздрав:helou:
П.С.
Навистина препорачувам да се обидете да ја побарате дефиницијата на Crony Capitalism. Тоа ќе ви помогне да сфатите што се случува со САД, но и ќе ви даде одговор што всушност си имаме дома.
Инаку и најсериозно, не постои благородна идеа или идеологија која добриот човек ќе ја измисли, а лошиот не може да ја извитопери