Арбен Џафери : Циничeн национализам

Член од
13 мај 2006
Мислења
78
Поени од реакции
1
Циничeн национализам
Трошење време!

Арбен Џафери (“Коха“ 09.09.)

1. Цинизмот е едуцирана тековна свест, вели германскиот филозоф со холандско потекло Петер Слотејдик. Неговото ограничување, толку просто и толку длабоко на цинизмот ми др врати сега кога грчко-македонските конфронтации околу името на државата или поточно –етничкиот идентитет на денешните Македонци, дојдоа до точка на вриење и до “едуциран“апсурд. Колку што се побанални напорите за импонирање на една претензија, од двете страни, толку поцинични се мотивите и објаснувањата на таквата претензија. Филот на овој цинизам кај македонската страна треба да се бара во политичката сфера и во психологијата, некаде и некогаш, а особено денес кога овој конфликт доби парадоксални форми.

Сите знаат дека овој проблем се отвори на Берлинскиот конгрес (13 јуни 1878 година) кога се повлече Сан Стефанскиот договор (3 март 1878 година). Многу често неправедните решенија на различни контексти го отвораат полето за нови конфликти. Според овој договор (Сан Стефанскиот-з.н.), Македонија и деловите на европска Турција и се доделија на Бугарија, главниот сојузник на рускиот царски експансионизам. Европските држави загрижени за ширењето на Русија во стратешките зони на Балканот, го организираа Берлинскиот конгрес и овие територии окупирани од руско-бугарската војска и се вратија на Турција, а Босна и Херцеговина стана Австро-унгарски протекторат. Во Македонија во тоа време се развиваше српско-бугарскиот антагонизам, како и грчкиот, поврзани со припадноста на овие територии, особено на словено-фонското население. Нив Бугарите ги третираа како Бугари, а Србите како Срби. Исто така, и Грците правеа напори да ги асимилираат и постигнуваа успех главно кај влашкото население. Со негирањето на правото на Бугарите да се прошират на стратешките места на Балканот не престанаа нивните претензии за освојување на овие територии, но тоа влијаеше тие да ја променат стратегијата. Овие судири ќе доведат до балканските војни каде што против Бугарите ќе се обединат Србите, Грците, Романците а подоцна и Труците.


***

Стратегијата на Бугарија за освојување на териториите на Македонија по Берлинскиот конгрес се развиваше врз идејата за формирање на една Македонија по моделот на Швајцарија, каде што во полна еднаквост би живееле Бугарите, Албанците, Власите, Турците и другите. Механизмот за реализирање на оваа идеја беше ВМРО. Основната идеја или национална доктрина на оваа организација беше со бугарско потекло. Таа имаше два вида структури: внатрешни и надворешни ограноци. Внатрешните дејствуваа во земјите окупирани од Турција, додека надворешните главно во Бугарија.

Надворешните ограноци кои ја уживаа сигурноста и слободата на дејствувањето беа пореволуционерни од оние во внатрешноста, кои, пак, често беа објект на османлиската репресија. Илинденското востание се дигна од надворешните ограноци, додека пак внатрешните се спротивставуваа. Дострелот на ова востание беше формирањето на Крушевската република која што згасна после 15 дена со енергичното навлегување на османлиската војска. Чудно е тоа што османлиската војска главно ги напаѓала влашките улици (во Крушево –з.н.) а словенските не ги чепнала. Некои анализи велат дека идејата за создавање на Македонија била влашка, бидејќи само ова прото-балканско население не стигна да формира сопствена држава. Во Пиринска Македонија, која што денес се наоѓа во составот на Бугарија, според бугарски извори, под изразот “македонски јазик“ се подразбирал влашкиот јазик. Според овие чудни интерпретации, во денешна Македонија на презимињата со суфиксот “ски“ се прилепил влашкиот елемент. Овие тврдења се надоврзуваат на третирањето на романските презимиња – Петреску, Илиеску, Чаушеску, Ионеску итн.

Судирот меѓу надворешните и внатрешните ограноци на ВМРО имаше само една разлика: надворешните барале заедништво со Бугарија, додека внатрешните, после трагедијата и горкото искуство од Крушевската република се определија за независна Македонија. Во суштина меѓу нив немаше разлика за етничката припадност на жителите на територијата што се вика Македонија. Според нив, тие беа Бугари. Ситуацијата се промени кога после Балканските војни и Првата светска војна, днешна Македонија беше окупирана од Србија, којашто почна да ги третира славо-фоните на оваа територија како Срби. Српско-бугарскиот ривалитет за присвојување на овој елемент беше остар во сите периоди на формирањето на овие држави.


***

Грците во овој контекст се внесоа на крајот од 19 и почетокот од 20 век поради руско-бугарските амбиции да излезат на Егејското море (тие го нарекуваа Бело море како антипод на Црно море), во зоната на Кавала што и припаѓа на територијата на античка Македонија. Поради овие горки искуства – амбициите на Словените да имаат излез во Солун или Кавала – Грците почнаа со недоумица да го перцепираат формирањето на денешната Македонија, како претензија за проширување на територијата на античка Македонија, и заради тоа тие бараат да се направи јасна разлика меѓу античка Македонија и оваа денешната.
Југословенските комунисти мислеа дека успеале да најдат конечно решение за ова прашање, создавајќи нова нација со назив Македонци и создавајќи една посебна република со име Македонија, која што по распадот на Југославија, и одлуката на Бадинтеровата комисија, стана независна држава. Во линија наовој проект на создавање на нараод и посебна држава, Македонци и Македонија, се кодифицираше посебниот македонски јазик од еден словенски дијалект и се избра посебен алфабет-кирилица, со што ќе се направи една недискутабилна дистанца од бугарскиот (јазик- н.з.). Но, некои решенија, како последица од мешањето на политиката, се чудесни. Станува збор за тоа дека македонската азбука има буква “њ“, додека, пак, во речникот не фигурира оваа буква бидејќи ниту еден збор не започнува со оваа буква. Објаснувањето треба да се бара во сферата на политиката: завршниците на зборовите на македонски треба да личат на тие од српскиот што завршуваат на “њ“, и да се разликуваат од тие што на бугарски завршуваат на “ие“. Исто така, и покрај тоа што имаат зборови што започнуваат на буквата “ь“ ( ’ржи ), таа не фигурира во азбуката, како што постои во бугарскиот. Авторот на овој проект е познатиот македонски писател Блаже Конески. Од политички аспект овој проект не ќе беше констатиран ако не навлезеше со психолошки претензии на граматиката.

Како секој човек што е по потрага за славното минато, така и секој народ бара да има славно минато. По создавањето на Македонија, особено на македонската нација, се отвори простор за ресоздавање на историјата, така што идеолозите на ова решение започнаа да ја присвојуваат секоја индивидуа и секој настан што се случил во минатот на оваа територија каде што е создадена денешната држава Македонија и да се третираат како дел од македонската историја. Според ова разбирање на светот, сега веќе идеологизирано, станува збор дека Александар Македонски, Константин Велики, Кирил и Методиј, Самоил, Мајка Тереза се Македонци. Ваквата психолошка димензија, гладта за едно фамозно минато, за една вонредна историска и културолошка улога, се шири во една цинична свест барајќи аргументи од секаков вид за да се наследи се и сешто. Оваа свест на еден циничен начин ја зацрта поранешниот министер, професор на Правниот факултет, Љ. Фрчкоски, велејќи дека македонизмот е една силна историска лиценца. Во рамките на овој исказ, со посериозна варијанта, денешните Македонци се наследници на античките Македонци, а во исто време лулка на христијанството и словенскиот јазик, додека, пак, според несериозните варијанти, речиси и наивни, Македонците и македонскиот јазик имаат континуитет од праисториско време до ден денешен.

Иделогизмот на една претензија секогаш ја засега реалноста бидејќи ја следи внатрешната логика, а не вистинската. Затоа ако Александар Македонски (Александар Велики) бил Македонец (во денешна смисла на зборот) а Птоломеј неговиот генерал го доби наследството на Египет, тогаш според овој метод на интерпретација на историјата се заклучува дека неговата внука Клеопатра била Македонка. Овие примери не се иронија, туку печатени изјави напишани во текстови на различни автори. Во рамките на оваа манија, годинава, на највисоко државно ниво беше примена делегација на едно племе од Хималаите, Хунзите, за коишто се претендира дека се потомци на војниците на Александар Велики. Принцот и принцезата “жив доказ“ за ваквите несериозни претензии ги пречекаа и самиот премиер Груевски, архиепископот г.г. Стефан, градоначалникот на Скопје Костовски, академици, лингвисти и други.

Во овој процес на систематско присвојување на минатото на другите народи намерно или од непознавање се прават некои елементарни методолошки грешки: проектирање на денешните концепции во минатото; неразликување на историјата на една територија со таа на еден народ; третирање на државата и нацијата како вонвременски, метафизички категории, што отсекогаш постоеле како во форма така и во содржина; реинтерпретација на историските факти и друго. Ако за еден деец кој во времето кога почнало да се создава македонското прашање изјавил дека е Бугарин, денес се вели дека тој не бил свесен дека бил Македонец, или кога некој друг денес, еднаш вели дека е Бугарин, а другпат дека е Македонец, се вели дека бил на работ на асимилација. За да ја разјасниме оваа дилема треба да земеме пример од албанската реалност каде што работите се јасни. Со сигурност многу косовски дејци, тргнувајќи од Иса Болетини до Адем Јашари, многу често изјавувале дека се Косовци, но никогаш не оставиле сомнеж во нивната албанска припадност.

Актуелниот спор меѓу Грција и Македонија во врска со името доби погрешен правец. Се поставува како дилема правото на индивидуата или народот за самопределување, за самоидентификување. Вистинскиот пристап каде што може да се најде решение е научната анализа за етногенезата на македонскиот народ. Овој пристап никако неподразбира одрекување од правото на еден народ за самоопределување, вклучително и за македонскиот народ, туку напротив поставување на ваквата претензија врз здрава основа. Како што е познато народи се создаваат и исчезнуваат во текот на историјата и воопшто не е важно кога е создадена самосвеста на еден народ, туку какви вредности ќе создаде тој во иднина. Старите Елени имале една поговорка: “минатото може да го променат само Боговоите додека пак човекот може да ја смени само иднината“. Како што се гледа од интенсификацијата на спорот меѓу Македонија и Грција во врска со името во Македонија не постои човек кој што ја разбира суштината на оваа поговорка. Проблемот не се состои во академски полемики, туку во виталните интереси на граѓаните на Македонија, а особено на Албанците, коишто повеќе не сакаат да бидат роб на нереалните претензии, на една грандоманија што се проектира во цинична самосвест.
 
Член од
13 мај 2006
Мислења
78
Поени од реакции
1
Циничeн национализам
Трошење време!

Арбен Џафери
(“Коха“ 09.09.)


2.
Овие проблеми во последно време станаа многу остри и истовремено опасни поради сфаќањата и амбициите на младиот премиер Груевски. Тој мисли дека со поригидните ставови ќе постигне замор и победа над Грците, ќе го промени минатото како да е Бог, да го анулира Охридскиот договор, да ги обновува меѓуетничките односи како пред овој договор, да обезбеди економски развој, да создаде лојална опозиција, идентично како обидите на неговиот идол Путин. Во Букурешт кога требаше да се определи за членството на Македонија во НАТО тој отпатува за да ја одбие оваа понуда бидејќи не сака да влезе во историјата како убиец на толку пријатните илузии што ја засегаат националната гордост. Неговиот министер за надворешни работи Милишоски овие денови изјави дека не верува дека овој спор ќе биде решен во овој мандат (на владата-з.н.). Занчи, тие арогантно го одбиваат членството во НАТО и забрзаноста на процесот за влез во ЕУ, само и само заради вметнување на нивната интерпретација за минатото. Јасно е дека во Македонија толку многу е развиен и продлабочен овој концепт на македонскиот идентитет, како наследници на Александар Македонски и како колевка на хиристијанството и словенското просветителство, што тој (Груевски-н.з.) неможе да си дозволи да биде причина илјадници книги, анализи, студии, манифестации, уметнички творби да бидат отфрлени како безвредни остатоци. Тој ќе оди до крај со овие ставови, дури и ќе ја радикализира ситуацијата. Почна со именувањето на аеродромот со името “Александар Велики“ (никогаш не сфатив зошто се користи придавка од српскиот јазик “велики“, а не таа од македонскиот јазик-“големиот“), продолжи со поставување на античките склуптури пред зградата на Владата, според сугестиите на неговиот личен археолог којшто не престанува со копање на земјата за да најде докази за македонските претензии, и којзнае каде ќе заврши. Но, нешто е сигурно: тој сега се перцепира како херој, како предизвикувач, како теомах, а не како исплашено младо момче коешто неможе да го носи товарот на политичката одговорност.

По однос на Албанците ова македонско мислење, овој циничен национализам, чијшто роб станал и премиерот Груевски, иницира една низа проблеми: поттикнува заложби за присвојување на албанското национално наследство, на Скендербег, на Мајка Тереза која се смета како ќерка на Македонија, или како скопјанка (овие денови се реализираше идејата - која што порано беше српечувана - подарување на склуптурата на Мајка Тереза од три метри на папата Бенедикт 16 и која што се очекува да биде изложена во Ватикан); го модификува Охридскиот договор; најавува дека нема да го почитува Законот за амнестија; создава проблеми со Албанија и Косово со воведување на визи или даноци за социјално осигурување; го спречува процесот на интеграции во структурите на НАТО и ЕУ; се меша во политичката организација на Албанците предизвикувајќи раскол...

Последното мешање во ДПА најавува дека слично ќе дејствува и со ДУИ, претворајќи ги пратениците во потрошен материјал. Тој ќе продолжи со обидите за создавање лојална опозиција, но заборави нешто суштинско: тој може да присили некои албански пратеници да бидат на негова страна, но никако неможе да ја купи лојалноста на албанскиот народ за својот проект.

Трошење време!
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
И што?
Зарем уште жив овој „барај повеќе“?
Ако сакаш да кажеш нешто објасни,изрази мислење,не само копи-пејст.
 
Член од
13 јануари 2008
Мислења
570
Поени од реакции
18
Прочитав и ОДВРАТНО СТРАЊЕ! Ако овој клапуш и сероња и секако мрморец зашто само мрмори кога зборува, мисли дека ќе ни ги отвори очите на нас Македонците, или подобро речено, демек ќе не навреди, грдо се лаже.

Само едно ќе речам:

Арбен Џафери е УСРАНО ГОВНО и да ми го бричи патлакот со зелено џамче!

:pos2::pos2::pos2:
 
Член од
31 март 2008
Мислења
185
Поени од реакции
3
ај да видиме што ќе одговорат Албанците на овој текст.
 
Член од
7 ноември 2007
Мислења
994
Поени од реакции
9
Ovoj tekst e analiza koj go citav i koj mi dojde interesanten ima nekoi fakti koi ne treba da se zanemarat shto gi spomenuva gospodinot Treska,no ima i ushte eden drug problem ovde se raboti za nekoi custva etnicki na koj jas kako albanec ne bi mozel nishto da dodavam bidejki vie ste tie koi znaete sami kako se osekate i jas ne mozam da vi solam pamet okolu toa.
Drugo e toa shto vo forumov gledam lica koj se istaknuvaat kako makedonci a branat srpski stavovi ili bugarski a vo niko j nacin sopstveni znaci Makedonci iako ova me naveduva kon nekoi somnezhi jas ne mozam da sudam kako se osekate vie oti delata kazuvaat
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Џабе изгубено време.
Кога се говори за Македонија и Македонците тогаш говориш за големи дела кои г.Џафери неможе да ги разбере поради калашниковот кој му се појавува како перде во очите.

За спорот со Грција, се работи за основно право а не за гранде право, името да си го одбере народот.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Nisto poseben komentar:(vekje videno nisto novo kazano.Nie sme bure barut vo ocite na evropa a ne na samite sebe.Bure barut go izmislija evropskite romaticari za nivnite bolni idei i koj vo sekoj moment moze da explodira zavisi od nivnata volja.Minato ili idnina?od kogo ke zavisi?Dali eden ist narod e logicno da bide podelen i razdelen vo povekje dela namesto da bide zaedno?Minatoto go zname sovrseno no sto keni donese idninata i od kogo keni zavisi.Dali kosovaritese poseben narod od albancite ako se poseben ok, ako se eden ist narod logicno da bidat zaedno .Isto za srbite ili hrvatite ili nie makedoncite.Toa sto nekogas a i sekogas bilo makedonsko treba da bide nase i samo nase i nie ke odlucime z anasata sudbina.SAMO SONCETO E POSTARO OD MAKEDONIJA.
 
N

n/a

Гостин
Ovoj tekst e analiza koj go citav i koj mi dojde interesanten ima nekoi fakti koi ne treba da se zanemarat shto gi spomenuva gospodinot Treska,no ima i ushte eden drug problem ovde se raboti za nekoi custva etnicki na koj jas kako albanec ne bi mozel nishto da dodavam bidejki vie ste tie koi znaete sami kako se osekate i jas ne mozam da vi solam pamet okolu toa.
Drugo e toa shto vo forumov gledam lica koj se istaknuvaat kako makedonci a branat srpski stavovi ili bugarski a vo niko j nacin sopstveni znaci Makedonci iako ova me naveduva kon nekoi somnezhi jas ne mozam da sudam kako se osekate vie oti delata kazuvaat
Грбот и тилот од главата ми се полни куршуми од `соборци`.
Мани...
нејќум више.

Поопасно е да ги имаш како соборци позади тебе,одколку пред тебе со очи и пушка вперени во тебе.
:toe:
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
И АЛАХ , КРЕНАЛ РАЦЕТЕ ОД ОВОЈ НАВЕДЕНИОТ , а Албанците не се ни Илири , па камоли СТАРОСЕДЕЛЦИ , па сеа им е криво шо МАКЕДОНЦИТЕ си имаат КОНТИНУИРАНА ИСТОРИЈА И ИДНИНА ...

„ТОА ШО ЌЕ ПОСЕЕШ , ТОА ЌЕ СИ ЖНЕЕШ “

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ !
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
makedoncite mozebi imale kontinuirana istorija ama za idnina ke vidime, treba malku da si gi sredat zenite, oti mnogu im saraat so stranci pa posle ke gi nema, nemaat natalitet zborot mi e, a so emancipacijata na nivnite zeni korist imaat samo nivnite zeni no ne i makedonija i mkd narod.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
И АЛАХ , КРЕНАЛ РАЦЕТЕ ОД ОВОЈ НАВЕДЕНИОТ , а Албанците не се ни Илири , па камоли СТАРОСЕДЕЛЦИ , па сеа им е криво шо МАКЕДОНЦИТЕ си имаат КОНТИНУИРАНА ИСТОРИЈА И ИДНИНА ...

„ТОА ШО ЌЕ ПОСЕЕШ , ТОА ЌЕ СИ ЖНЕЕШ “

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ !
:back::smir:
 
Член од
7 ноември 2007
Мислења
994
Поени од реакции
9
И АЛАХ , КРЕНАЛ РАЦЕТЕ ОД ОВОЈ НАВЕДЕНИОТ , а Албанците не се ни Илири , па камоли СТАРОСЕДЕЛЦИ , па сеа им е криво шо МАКЕДОНЦИТЕ си имаат КОНТИНУИРАНА ИСТОРИЈА И ИДНИНА ...

„ТОА ШО ЌЕ ПОСЕЕШ , ТОА ЌЕ СИ ЖНЕЕШ “

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ !

Ovoj e politicki podforum ne e verski i zatoa bi te sugeriral so malku poveke pocit da pishuvash barem najmalku onolku kolku shto imam i jas za vashite religizki razbiranja.
Drugo e toa shto mrzam nekoj da gradi uspeshna prikazna vrz grbot na nekoj drug ili nekoj narod vo grbot na drugiot narod kako i da e mislam deka bezmisleno e da go spomenuvash nashata etnogeneza koga sekoj drug osven nekoi ja priznavaat a da ne spomenam za vashite aktuelni problemi.
Na nikomu ne mu e krivo za vas veruvajte mi poveke ve zali bidejki mnogu malku od vas znaat i pravat hizmet na vistinskata makedonska politika

p.s ako umirat drugite drzavi i narodi dali ke zhiveat makedoncite?
 

Спирка

Чорбаџиска Кучка
Член од
1 октомври 2008
Мислења
394
Поени од реакции
14
Продадени шошонски души како онаа на покондираната тиква на арбен џафери не заслужува да се трошат зборови на него.Се гледа дека човекот нема попаметна работа од тоа да пишува ултра кретенски глупости, а и се гледа дека лајното го мрзело да учи историја на времето!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom