Ако се верува на прoроштвата на Вангелија Пандева Димитрова, позната јасновитка со потекло од Македонија, тогаш не му се предвидува добра иднина на човештвото.
Пророштвата, визиите и предвидувањата за иднината се нешто кое отсекогаш ги интересирало сите луѓе. Но, што кога некои предвидувањата се случуваат едно по друго баш како што се прогнозирани годините? Баба Ванѓа години наназад го предвиде потонувањето на морнарицата Курск, нападот на американските близначки, смртта на принцезата Дијана, како и нејзината. Во светски рамки, Баба Ванѓа има големо значење.
Таа предвидела дека во ноември 2010 година ќе започне Третата светска војна. По обидот за атентат на 4 државници во Хиндустан, на подрачјето на Индија ќе почне да војна во која нема да се штеди ни на нуклеари, ни на хемиско оружје. Меѓу значајните записи се и следните:
2014 Голем број луѓе ќе патат од чиреви, рак на кожата, како резултат на хемиското оружје и нуклеарките.
2016 Европа ќе биде речиси ненаселена.
2046 Ќе се создаваат човечки органи.
2088 Нова болест. Стареење за неколку секунди.
2111 Луѓето ќе станат роботи.
2183 Колонијата на Марс ќе бара независност од Земјата.
Баба Ванѓа превидела дека човечката раса целосно ќе ја напушти Земјата во 3797 година. Покрај тоа што таа предвидела дека луѓето ќе напредуваат со технологијата и дека ќе ја испитуваат вселената, сепак едно предвидување останало апстрактно, во 4509 година човештвото ќе се развиело до степен до кој ќе може да комуницира со Бог.
Јасновитката предвидела дека крај на светот ќе биде во 5079 година. Досегашните предвидувања на Баба Ванѓа се точни, но долгорочните визии се како научно - фантастичен филм. Останува на нас да видиме дали ќе се исполнат дел од предвидувањата.
LINK :
http://tocka.com.mk/index6.php?ID=24109