Среќа

  • Креатор на темата Креатор на темата Jovannah
  • Време на започнување Време на започнување

Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Возраст
35
Сфатив дека сум во период од животот кај шо буквално се ми е средено и немам ниту една секирација над глата. Не се сеќавам кога последно сум била изнервирана, тажна или депресивна...Значи љубов пари пријателство се е во ред се е преубо.
И заклучив дека пак нешто фали...
Нон стоп ми врти во глата дека секој момент нешто ќе тргни по лошо, дека иди некој тежок период..
Зошто покрај ваков среден и среќен живот морам да се замарам со вакви работи..
Некогаш дури си викам ако вака ми е до крајот на животот нема да биди интересно... се средено се е под контрола..едноставно не можам да уживам во среќата
Дали сте имале вакво чувство...?
 
да сум имал и знам шо ти фали... ти фали дечко.... да има кој да те замара :pos2::pos2:
 
Имам дечко... реков дека и во љубовта е преубо... се немаме скарано или ми нема замерено за ништо во овај период
 
Во природа ни е да мислиме за се што може и би се случило. Така да мислам дека е нормално тоа. Секогаш се обидуваме да гледаме еден чекор понапред.
 
поубао среќа отколку несреќа , поубаво досадно отколку напнато
 
Мене за разлика од тебе па многу работи можам да кажам дека ми фалат, ама јас пак се чувствувам срекна и весела , расположена како не памтам од кога, а не дека се ми е сјајно , ама ете изгледа од толку разочарувања сум научила да гледам позитивно на сличувањава ко за промена
 
хмммм погрешно се дефинира среќа во последно време. Што е среќа? Дали тоа што не прави радосни или тоа што не исполнува? На пример некој вика лоша среќа.... Тоа есреќа само со лош крај. Знам дека некои викаат среќно се заљубени или се чувствуваат среќно но не е ли тоа повеќе накај радост (иако поглупо звучи некој да е радосно заљубен:pos:)
 
Мене за разлика од тебе па многу работи можам да кажам дека ми фалат, ама јас пак се чувствувам срекна и весела , расположена како не памтам од кога, а не дека се ми е сјајно , ама ете изгледа од толку разочарувања сум научила да гледам позитивно на сличувањава ко за промена

Да можи сме се научиле да гледаме позитивно после толку разочарвања... Ама и да сакам да гледам негативно се околу мене е средено под конец... Нема за шо да се нервирам, во последно барам некој ситници за да напрам кавга ама нема ни такви ситници
Пример да се скарам со сестра ми оти ми ги зеде чизмите.. Од стално сум се карала со неа за се.. А сега и да ми земи нешто мое шо си го сакам најмногу толку мило ме прашва дали можи да го земи шо ми е жал да ја одбијам и да прам кавга...
Поентата ми беше дека сите сакаме да бидиме среќни и се да ни биди под контрола, а кога ќе дојдиме до таа точка на животот пак не сме задоволни и се замараме со вакви прашања...Дали е нашиот менталитет таков или се работи за различни карактери кои поинаку гледат на работите и на среќата.. Или едноставно не можиме, не знаеме да уживаме во совршениот живот...
 
Spored mene srekata e relativna dens si sreken utre ti ide da se ubies,1 dobro 10 zla,denes sonce utre dozd i toa ti e zivotot,pa ako srekata e konstantna zivotot ne e interesen:toe:
 
Ти фалат проблеми, девојче. :)
Никој не знае да се снајде во комплетно безпроблемска ситуација (овде наречена среќа), па ни ти.

Не се секирај, ова не може да трае долго, кај и да е ќе ти се избаци некој проблем, па подобро ќе се чувствуваш, нема да ти биде туѓо. :)
 
Spored mene srekata e relativna dens si sreken utre ti ide da se ubies,1 dobro 10 zla,denes sonce utre dozd i toa ti e zivotot,pa ako srekata e konstantna zivotot ne e interesen:toe:

Епа значи тешко мене кој знај шо ме чека :)

Ти фалат проблеми, девојче. :)
Никој не знае да се снајде во комплетно безпроблемска ситуација (овде наречена среќа), па ни ти.

Не се секирај, ова не може да трае долго, кај и да е ќе ти се избаци некој проблем, па подобро ќе се чувствуваш, нема да ти биде туѓо. :)

Не дека се насекирав супер ми е како никогаш во животот.. добро можи да биди кдефинирана како безпроблемска ситуација ама вака не сум се осекала исполнето никогаш..
Сфакам дека е некој период.. ама не сфакам зошто не можам да уживам во периодот и се замарам со вакви работи :):):pipi:
 
Сфатив дека сум во период од животот кај шо буквално се ми е средено и немам ниту една секирација над глата. Не се сеќавам кога последно сум била изнервирана, тажна или депресивна...Значи љубов пари пријателство се е во ред се е преубо.
И заклучив дека пак нешто фали...
Нон стоп ми врти во глата дека секој момент нешто ќе тргни по лошо, дека иди некој тежок период..
Зошто покрај ваков среден и среќен живот морам да се замарам со вакви работи..
Некогаш дури си викам ако вака ми е до крајот на животот нема да биди интересно... се средено се е под контрола..едноставно не можам да уживам во среќата
Дали сте имале вакво чувство...?
Ти си прилагодена да патиш. Од толку што некогаш си патела, веќе си се навикнала. Се плашиш да бидиш среќна, мислиш дека среќата зависи од одредени личности и работи.

Имам дечко... реков дека и во љубовта е преубо... се немаме скарано или ми нема замерено за ништо во овај период
А што кога не дај Боже, утре раскиниш со дечкото? Твојата моментална среќа ќе ја снема, а тоа не е среќа.

Тоа што ти го набројуваш, и што ги читам твоите постови во оваа тема, не е среќа. Кај тебе среќата е релативна работа, а тоа не е среќа. Предметите и интеракцијата на личностите е релативна, среќата не е.
 
Сфатив дека сум во период од животот кај шо буквално се ми е средено и немам ниту една секирација над глата. Не се сеќавам кога последно сум била изнервирана, тажна или депресивна...Значи љубов пари пријателство се е во ред се е преубо.
И заклучив дека пак нешто фали...
Нон стоп ми врти во глата дека секој момент нешто ќе тргни по лошо, дека иди некој тежок период..
Зошто покрај ваков среден и среќен живот морам да се замарам со вакви работи..
Некогаш дури си викам ако вака ми е до крајот на животот нема да биди интересно... се средено се е под контрола..едноставно не можам да уживам во среќата
Дали сте имале вакво чувство...?
Сите го имаме почувствувано тоа некогаш..Но тоа веројатно е ел од нашите сфаќања,,знаеме дека животот не е едноставен,,и едноставно ни е чудно да сфатиме дека постојат и такви моменти кога се ни е поклопено и како што треба...Работата е во тоа што самите сме во потрага по решавање на дилеми во животот,,и кога ќе почувствуваме нивен недостаток тогаш станува досадно..Тоа е една лоша човечка особина,,што никогаш не ни е доволна среќата,,секогаш бараме повеќе и повеќе..Лошо е во однос на чувството,,но добро е зошто само тоа не води понатаму..А за тебе мислам дека ти фали да се занимаваш со нешто што го сакаш,,е тоа верувај нема да може да ти здосади....или барем така мислам...:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom