Добар бизнис

Член од
13 февруари 2007
Мислења
181
Поени од реакции
6
Тоалетна хартија!Во Македонија со Грчко знаме,во Косово со Српско,воХрватска со Словенско во Грчка бла бла ,ма све е бизнис.
 
A

Auditore

Гостин
Просторија со две маси за пинг-понг.
Мала инвестиција, а како стојат работите со пинг-понг и неговата експанзија во мојот град супер ќе дојде, со по 100 денари за час.
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
136
Поени од реакции
32
За добар бизнис ти требаат прво париии,после тоа муда,за да влезеш во игра.
Локција,бизнис идеа и добри менаџери ако чекаш тешко дека ке дочекаш.
Што и да правис без пари нисшто немозеш да почнеш.
Dzabe ti se pari ako nemas mozok ;) Ako imas mozok i ako razmislis 10 pati edno isto ke svatis deka mozes da pocnes i bez pari (od nisto da napravis nesto) bar taka mislam jas i znam i luge so taka uspeale sekoja cest nivna

--- надополнето ---

детево со св.9 години - а има веќе 1 милл долари
http://www.metronews.ca/calgary/business/article/374372--trump-in-the-making
http://ryanross.ca
toa e toa bravos za nego
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Што мислите за идеја за отварање перална за коли во Скопје...

значи колку пари отприлика кошта инвестицијата(машина,средства за чистење,и кој други додатоци требаат)....

и како оди таа работа,дали во смисла дека треба да биде регистрирана како фирма,и дали поради тоа ќе имам поскапи давачки за вода?!

п.с пишете само оние што мислите дека барем нешто знаете,а за солење памет и демагогија не благодарам!:smir:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718

па вака... ти треба еден добар вап со минимален притисок од 6 бари. понатака ти треба еден алтернативен послаб, за да го имаш кога овој ке откаже и додека е на сервис. тие 5-7 дена додека се поправа мораш да работиш со нешто нели? понатака ти треба една голема правосмукалка од нај малку 2500 вати. и секако уште една алтернативна.
цени:
-вапови половни се наогаат околу 350-600 евра и тоа на керчер
-правосмукалки половни се наогаат за околу 100-200 половни исто на керчер
инаку керчер е еден од лидерите за такви типови на професионални машини и апарати а воедно е нај пристапен со цени. кај нас овластен увозник со сервис за нив е СЕКЈУРИКОМ. главната канцеларија им е спроти зебра, над вегера бурегџилницата.
понатака, ти треба една боца за перење со пена и еден компресор. компресорот нов да го земеш од 24 литри е некаде околу 7.000 денари а боцата за пена зависи каде ама вопросек се околу 50-100 евра. хемикалии за почеток, ако се одлучиш ке те пратам каде да бараш кај еден мој познаник, а понатака сами ке ти доагаат луге и ке ти нудат, значи само за почеток ке треба сам да идеш и да купуваш, после во перална ке ти носат.

од хемикалии ти треба следново:
она што е перење со пена е хемикалија која има и восок во себе. после ти треба обична хемикалија за перење со четка, па ти треба фамин за перење мотори. па хемикалија за перење на тапацири и седишта. ако мислиш да правиш и хемиско перење на автомобили ке ти треба и правосмукалка за водено усисавање, а таа богами нај ефтината е околу 500 евра-половна. таа слуши за откако ке се исперат теписоните, тапацирите и седиштата да ја усмукаш влагата од нив. во крпи, виледи и останати партлачиња не се вложува многу тоа е околу 30 евра кои посекако на секој месец ке ги прекупуваш. по некоја кофа, четка за надворешно перење и тоа е тоа.

фирма, да ке ти треба, без фирма неможеш да работиш. струјата МОРА да биде индустриска, ама немаш преголем трошок бидејки само вап моторот ти работи и правосмукалката, а водата.. скоро сите прават да имаат еден водомер кој е на име на фирмата и уште еден од позади куќа влечат со црева кој е нели на домашна тарифа. или... во лисиче на пример има 5 перални една до друга и сите имаат бунари. таа од водомер скоро и да не се користи, сите перења и миеања се со бунарска вода. односот на потрошена струја за извлечена вода од бунар наспроти индустриската е околу 1:12 во цена.

ако имаш намера и теписи да переш, ке ти требаат и четки и за тоа и хемикалија за теписи, или наместо четки, во керчер има и машини за перење теписи, ама мрснички се. околу 1000 евра се па нагоре.

според закон ке мораш да имаш една просторија па и нека е 2Х2 метри каде ке поставиш 2 столчиња и фискална каса за услугите.

повели прашај нешто екстра ако сум испуштил и имаш на ум што ти текнали и те интересира.

--- надополнето ---

заборавив да додадам дека ако ти е дома во куќата кај што живееш и имаш блиску соседи, ке мораш да направиш и БОКС за перење. тоа е челична висока констррукција која треба да биде доволно висока да влезе автобус и да има над него уште 1,5 метар. после на него кров а од страна пластифицирани церади или желатин, зашто кога се пере со вап водена прашина знае да лета и до 15 метри од местото. таа ке те кошта околу 500-800 евра. понатака бетонирање и одводни канали од боксот или местото каде што ке се перат колите. тоа е околу 1000 евра, зависно од приодот колкав е нели, но морапш да размислиш дека треба да има место за нај малку 3 коли, една да се пере, друга да се усмукава а трета да се брише после перењето. и не размислувај дека под тројца ке може да работат во перална. значи за да може да функционира една перална за автомобили потребни се минимум тројца, а пожелно е повеке.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

ti treba se sto ti napisal onak pogore, no ti TREBA uste i KJUSE, bidejki znaes dekaa: ne prodava Tose, prodava kjose!!! I toples peracki..., ako moze...zosto bez ovie dve bitni raboti , bankrotiras...poznavam barem dvajca koi pocnaa..pa prestanaa...
 
Фала ти многу брат,од се срце....е сега уште да ми кажеш:

дали треба да има две смени....колку работни саати идат во порсек.....колку е максималниот број на коли според работните саати....

... и дали според тебе градот е презаситен со ова и дали овој бизнис е со висок ризик,или гледано според инвестицијата тоа би требало да се исплати уште првата година!

п.с уште овие информации ми требаат за да пробам да направам бизнис план...поз и благодарам уште еднаш!

-----------------------
Concrete брате не е се до ќошето,се е до тоа како газдата го менаџира објектот,колку се замара со подобрувањето на услугата и сл!
 
M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
според onak ако добро пресметав иди 4-5000 евра за да се почни и за колку време ќе се вратат тие пари?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Фала ти многу брат,од се срце....е сега уште да ми кажеш:

дали треба да има две смени....колку работни саати идат во порсек.....колку е максималниот број на коли според работните саати....

... и дали според тебе градот е презаситен со ова и дали овој бизнис е со висок ризик,или гледано според инвестицијата тоа би требало да се исплати уште првата година!

п.с уште овие информации ми требаат за да пробам да направам бизнис план...поз и благодарам уште еднаш!

-----------------------
Concrete брате не е се до ќошето,се е до тоа како газдата го менаџира објектот,колку се замара со подобрувањето на услугата и сл!
актуелни цени моментално се следни:
кола перење само од надвор 120 денари
комплет 150
такси од надвор 100
комплет 130
пикап и мало комбе 180
големо комбе 300
камион само кабина 400
комплет 800
автобус единечен 600
дупли 1000
за автобусите перење со вап или со црево и од внатре.

ако врнело вчера, денес сонце грее, ке имаш работа да незнаш кај ти е главата. во просек со 3-ца вработени максимум можеш да истераш околу 5 коли на саат. со 4-ца тоа е максимум 7 коли. просечно со 3-ца на саат се заработува околу 700 денари, со 4-ца 1000 денари. зборам за бруто. мегутоа, немој да се залетуваш одма да правиш математики за 4-ца. почни со 3-ца па ако ти покаже дека треба тогаш продолжи да зголемуваш, а одкако ке почнеш набрзо ке увидиш дека е ти треба и втор бокс за перење коли, така ке можеш да истераш повеке коли во еден саат. еден вап иедна правосмукалка може да опслужува два бокса без проблем.

работно време... се покажало дека нај добро работно време е од 9 наутро до 18 попладне на зимо т.е. 20 на лето. ти како сопственик не ти гине цел ден тука да си. шпицот на работата е од 12 до 16 часот, така да вработените ке ги комбинираш со смените т.е. пример за лето: едниот ке доага наутро со тебе од 9 и ке работи до 16 а другиот ке доага во 12 до 20. така и двајцата вработени со се тебе ке бидете комплет сите во перална кога ке биде шпицот, а пак ке имасмени, а пералната пак ке работи цел ден.

совет... освен ако немаш дебели врски, вработените да ти бидат пријавени макар на минималец, ама пријавени. плата преку картица, разликата во кеш. ниеден не ти работи во перална без 500 денари дневница да си знаеш.

значи стигнавме до расходи:
на дневно ниво имаш расход од 1000 до 1200 денари за вработени. не ги заборавај и кафињата, пивото и еден оброк, значи заокружи на 1500 во просек. понатака трошок за вода и струја или пак само струја ако си на бунар, хемкалии (не се скапи, на пример една туба 10 литри со концентрирана хемија за перење со четка е околу 500 денари а таа трае околу 2 недели). понатака други хемии и слично.

значи само да напоменам дека јас немам перална туку му помагав во организација на еден мој добар другар и директно сум инволвиран во се, знам се за пералната. он отпочна перална на сопствен плац, што се вика позади куќа, со земен кредит од 6000 евра. со максимално штедење и стискање и со погоре опишаната организација, парите ги врати за 18 месеци (година ипол) вклучително и дека живееше он, сопругата и двете деца од таа перална. сега више залаумфа четврта година, стигна до купување коли, нов намештај и слично, значи добро му оди.

уште да го појасниме и делот за перење теписи... ке ти треба подвижно скеле со димензија од околу 4 метри, на тркалца на кое ке можеш да обесиш барем 10 теписи. и од тоа се прави добра пара. перење на тепих е од 40 до 80 денари по квадрат, и има убави пари. значи продек 1 евро квадрат. нај чест тепих-димензија е 2,5 на 3,5 метри. тоа ти е 8,75 квадрати т.е. 8 евра односно околу 500 денари, а зима помалку време од 1 саат за да се среди... затоа зимаш теписи, за перење, ама не ги переш одма, туку кога нема коли, вработените трљаат теписи, за да не седат на празно. никако немој да вракаш коли за перење тепих. тепихот може да почека 10-15 минути ама колата не, зашто ке отиде кај соседната перална. ме свакате нели...? и ако переш тепих а налетува кола, одма правиш реорганизација кој што да фати да работи... тука нај више доага до израз моментот што погоре го спомнав за ВТОРИОТ БОКС за перење...

и ај сите размислете кога нај често ги носите теписите на перење? кога ке запролети и затопли или во текот на летото... интересно е дека и во септември има толку многу теписи за перење да ти штукне памет. сакав да кажам, значи и за таа конзола т.е. скеле ти треба простор, ама простор кој ке го фака сонце и ке биде добро проветрен инаку ке замирисуваат теписите. а зашто подвижна? па за навечер поготово во доцна есен или рана пролет да го преместиш т.е. одтркалаш под настрешница за да не падне слана или роса одсабајале врз теписите. може и со најлон да ги покриваш, па така немора подвижна да биде...

друго нешто? по сите овие математики ке барам гратис хемиско и полирање на колата еј:vozbud:

а да... полирање на кола зима околу 1 саат работа а просечна цена е од 1500 до 2500 денари... тоа никако не го оставаш на вработени да го прават туку сам ке го правиш, зашто нив ги боли дали клиентот е задоволен или не.. тебе ке те боли... полирки имаш евтини карши битпазар има една продавница со секакви рачни машини..околу 60 евра е. значи електрична, не трљаш со раце баш се. со раце се трља, само непристапните делови. крпи за полирки се околу 150 денари комад а со една крпа ке исполираш помегу 4 и 7 коли... зависи која боја на коли полираш... нај убаво е да купиш од старт десетина и секоја да си биде за својата боја... на пример зелена само за зелени коли, црна за црни и така...
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
друго нешто? по сите овие математики ке барам гратис хемиско и полирање на колата еј:vozbud:
Брат не зезај бе...после овакви детални и исцрпни одговори треба да бараш доживотен гратис хемиско и полирање на колата!:salut:

Здравје боже да се направи анализа низ градот за најпогодни места...да видиме бизнис плановите што ќе покажат....и здравје пред почеток на пролет да се почне!(бидејќи брзањето и недоволната информираност е најтрагична при отварање на бизнис)

п.с Onak ако ми притребуваш од време на време мислам дека нема да ти биде тешко да ми потпомогнеш во некој прашања преку пп!

Уште еднаш јавно ти се заблагодарувам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom