Дали би се мувале со некој/а, доколку знаете дека тој/таа има девојка/дечко?

Член од
7 февруари 2007
Мислења
44
Поени од реакции
1
Абе сеа види имаш ти такви. Познавам една која мислеше дека се вљубени со дечко и така изгледаа што е најстрашно, за на крај да ми кажат дека раскинале зашто типот ја изварал со 7 , јес да она знае само за една. Ама тоа е живот, затоа јас викам варај или ќе те вараат... А тоа што некој има слаб карактер и потпаѓа лесно на девојки , не е до неговиот карактер , појке мислам дека е до тоа што тој незнае што сака или му е важно да се направи фаца - еј јас варав демек и да ги има појке на број ... Постојат и такви ...
 

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.399
Поени од реакции
1.825
Ама тоа е живот, затоа јас викам варај или ќе те вараат
Грешиш, и тоа бајаги грешиш.
5 години не ни гледав лево десно додека бев во врска, а таман работа да сум варал (невозможно нешто) само заради тоа што ја сакав девојката.....не се каам.
Пази што правиш девојче, погрешно размислуваш озбилно.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Не. Не од што сум полна морал до небеса. Ок, горда до коска. Ама и сум првата што вика “кој ја ебе честа” кога е во прашање нешто што го сакам и секако можам да го добијам. Таман работа “гордоста пред се`” да ми е пречка. :icon_lol:

Не би од друга причина. Таа другата девојка. Пак, не од што сум високо морална личност или па почитувам етички принципи во случајов. Ме здоболе мене за неа, ако тој некој ме привлекува, она мене секако не ми е другарка. Ама неверството е нешто што го мразам од дното на душата. Не заради неа, заради мене. Мене таквото понашање/начин на размислување ми кажува друго за него. Ма колку сака нека е :nesvest:, дечкото е само уште едно обично мушко. Емотивно незрела зелена будала. Доволно такви имам поред себе, и од ден во ден гледам како назаадуваат. И со таков да се плеткам? Мало сутра. Повеќе сакам и едното и другото заедно. Да, постои и тоа.

А дали ним врската им` се распаѓа или он не ја сака неа уствари, тоа се веќе нијанси. Повеќе луѓе во исто време не може да значат исто некому. Или се ич, или е еден/на. Или е бр.1, или бр.2. Се` останато е за забава. А јас дигам раце од тоа. Индивидуална ствар. :)

И доста со "никогаш не вели никогаш" или "не знаеш ако не пробаш" животни девизи. Лејм се. Одамна.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Сум се мувала и не викам дека не би се мувала.... Девојка е менлива категорија:)
 

mile_panikaaa

Нормален
Член од
28 април 2008
Мислења
348
Поени од реакции
9
Зависи од многу работе дали ќе ми се свиѓа таа шо ќе се мувам и дали ја сакам или не ја сакам партнерката.Ама би се мувал!Ипак жал ти е да пропушиш нешо заради партнерот коај знаеш кад тад ќе раскинеш.:kesa:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Кога некоја би сакала да се мува, а би имала дечко, а јас би немал девојка, по теорија не би требало да ми е гајле за неа. Ионака мувањето ништо не значи, туку е само знак дека нешто *може* да има повеќе (не нужно дека ќе има).

Значи, забава е во прашање. Ако нејзе не би и` пречело, ни мене не би ми пречело. А како тоа би си го решила со дечкото би бил нејзин проблем.
 

Ред хот!

***candy girl***
Член од
6 март 2007
Мислења
593
Поени од реакции
12
Сум се мувала,но дознав дека типот има девојка следниот ден,така да не се важи:icon_lol: Инаку не сакам да се мувам со зафатени типци,преферирам слободни:)
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.474
Поени од реакции
2.488
Ако не ми стало до врската во која што сум, тогаш би се мувала но само до некои граници (без соблекување облека):smir:, а доколку се работи за зафатен дечко би се мувала но само ако тој инсистира и ми се допаѓа премногу, се осеќа хемијата во просторот во сите други случаи не би се мувала, доколку постои само блага симпатија и сл.
 

Спирка

Чорбаџиска Кучка
Член од
1 октомври 2008
Мислења
394
Поени од реакции
14
Па се има случено, но не знаев дека момакот имал мома крај себе.. Инаку во никој случај не би го оправдала тоа..Не прави го тоа, што не сакаш да ти го прават другите.
 
Член од
20 август 2008
Мислења
92
Поени од реакции
13
da be toj ima zenska toj treba da se sekira za toa so mi e mene galje,ako mi se bendisuva mnogu zosto da ne:wink::wink:
 

DarkWalker

Think globaly , Act Localy!!!
Член од
4 февруари 2006
Мислења
1.209
Поени од реакции
70
Обавезно :)) :vozbud: ич не му се мислам :)
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
НЕ !
Ко прво, тој со женската да речиме дека е во врска. И јас ако треба да напрам нешо со него дури одит тој со неа, нема шанси да се сложам. Зошто? Еве зошто. Тој ќе си го напрајт кејфот со мене,ќе ја изневерит неа(таа можда немат да дознајт, а и да дознајт ке му простит ако го сакат многу) и шо сме напрајле? Кејфот му поминал, мене ќе ме шутнит а со неа ќе си останит. И шо фајде?Не , не, поубо НЕ:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom