- Член од
- 30 јуни 2008
- Мислења
- 493
- Поени од реакции
- 13
VW и официјално ги претстави деталите околу перформансите на новиот Golf VI GTI кои светот на автомобилизмот нестрпливо ги чекаше по претставувањето на Golf VI. Ќе се користи истиот турбо 2,0 литарски бензинец од претходникот кој тука ќе троши помалку гориво при тоа давајќи 10 КС повеќе сила.
До стотка новата шестка GTI ќе забрзува за 7,2 секунди додека максималната брзина ќе биде 239 km/h. Потрошувачката ќе изнесува неверојатни 7,5 литри на 100 km! Најзаслужен за ова ќе биде моторот 2,0 TFSI кој развива 210 КС и 280 Nm вртежен момент достапен од неверојатно ниски 1.800 врт/мин!
За да подвозјето на Golf може да се справи со цела оваа сила направени се неколку измени во суспензијата која е поцврста од стандардниот модел а вградени се и стабилизатори напред и назад. Погонот ќе биде на предната оска преку шест степен менувач и нов самоблокирачки диференцијал кој нема да дозволи прекумерно пролизгување на тркалата при излез од кривина при тоа задржувајќи го правецот во кој се движи возилото.
Golf VI GTI ќе биде препознатлив и во поглед на дизајнот – 18 инчните бандажи со ист дизајн како и GTI моделот од претходната генерација, предната маска со карактеристичните црвени линии како кај сите Golf GTI до сега и секако карираните седишта со зголемена странична потпора.
Новиот Gran Turismo Injection ќе почне да се продава по саемот за автомобили во Париз. Цената се уште не е позната но се очекува покачување во однос на претходната генерација.
Не изгледа вака лошо! Ајде ваши мислења