Не треба да се бања, самите се чистат. За храна, има специјална во пет шоповите и можеш ти да му додаваш разновидна секој ден, но никако за со моркови и зелки да го храниш, бидејќи многу ќе смрди урината и ги нема потребните витамини и минерали.
Тоалет хартија не ти препорачувам, пошто ќе ја упие миризбата и многу ќе смрди, па ќе треба секој ден да чистиш.
И нема посебни раси што покажуваат повеќе емоции. Сите хрчачиња живеат од инстинкт и не покажуваат љубов. Само можеш да ги трчаш со рацете, една пред друга да ги менуваш цело време. Мене тоа ми беше забавно порано.
И да, би ти препорачала морско прасе кога веќе зимаш глодар. Принципот на чување е скоро ист и повеќе се приврзуваат од хрчаците.