Нормално.
Ќе бидам појасен, нема проблем Кај нас има три вида на ритуали - -Секс ритуали, Ритуал на сочуство и Ритуал на деструкција!
-Секс ритуалите се со цел да се поттикне сексуална желба или страст кај одредена личност или личности.
Значи нема овде никаква злоупотреба на малолетници,ниту пак ритуали како тој што го кажав(во црква со превртени икони,Крст и масовна оргија),фактички овие ритуали би требало да помогнат,но велиш кај одредена личност или личности па оттука има разлика кога станува збор за личности??
И секако
5. Немојте сексуално да се наметнувате ако предходно не сте добиле сигнал за парење!
Ова има врска со Ритуалот??
-Ритуалот на сочуство има за цел да се помогне на некој што ни значи, да се упати таа енергија на сочуство
Зарем не е ова спротивно на сатанските правила
4. Сатаната претставува добробите кон оние кои го заслужуваат тоа, наместо љубов потрошена на невредните!
+
6. Сатаната претставува одговорност кон одговорните, наместо грижа кон психичките вампири!
Ако веќе некој се нашол во таква ситуација-очигледно е психички вампир.
-Психички вампири се оние кој ја користат љубезноста, добронамерноста, воспитаноста, воздржаноста..на останатите за да ги користат, за да извлекуваат корист од нив!
За третиов ритуал т.е
-Ритуалот на деструкција има за цел негативните емоции како омразата и гневот да ги канализира од нашиот систем кон субјектот на нашата гнев! И на тој начин да се ослободиме од тие емоции
Ова во пракса е????
-Сатанската изјава која прашуваш се однесува на жеддта по задоволство, потребата по задоволство која ја има секој човек.
Јасно.
-Витална егзистенција за нас претставува се што ни овозможува да егзистираме и да уживаме во материјалноста - моќта, богатството, кариерата, позицијата...!
сепак ме интересира има некоја граница или пак некој кодекс-или едноставно "газиш" се пред себе??
-Лицемерното самоотфрлање е апстинирањето кое го наложуваат монотеистичките религии, како што е на пример воздржување од секс, од храна, посочување на гордоста како нешто лошо и сл.
Јасно-наложуваат тоа монотеистичките религии,уште повеќе истите се виновни за Смртта на милиони луѓе(од Инквизицијата па се до Иран,Сауди арабиа,Сирија...Судан..).
-Како ти одлучи што може а што неможе да претставува Сатаната? За нас Сатаната претставува тоа! Со кое право ти кажуваш што може а што неможе да претставува?
-Дека човекот не е животно и дека не е злобен е твој став, твое гледиште! Нашето е објаснето!
Значи вие сметате дека човекот по природа е злобен???
-Дали сатаната е продукт на црквата? Црквата со векови го користела ѓаволот како дежурен виновник за се што било според неа зло и грешно! Но со тоа и ја покажувала и сеуште ја покажува својата апсурдност и лицемерие, затоа стои дека црквата е најдобриот пријател на Сатаната!
Да де Сатаната е бугимен-от овде.
-Како ти одлучи што може а што неможе да претставува Сатаната?
Па по основ на Правилата,башка Сатанистите го користат Библискиот Луцифер.
За нас Сатаната претставува тоа! Со кое право ти кажуваш што може а што неможе да претставува?
Јас не кажав што претставува а што не,и дали може...но ова
8. Сатаната стои позади сите таканаречени гревови, доколку тие водат до физичка, ментална или емоционална гратификација!
Наведува кон тој заклучок.
Понатаму
Причината поради која Сатанистот е спремен да се одмазди е причина поради која секој човек чуствува потреба за одмазда!
Од каде дојде до заклучоков,различни чичности различно реагираат-може некој да му пушти 3 напред и крај
Јас го почитувм Сатанизмот, баш затоа што е реална идеологија која ја одсликува природата на луѓето, без сентиментални изливи на лажна надиж и без застрашувачки казни за непослушност!
Но овде експлицитно е наведено
11. Кога одите на отворена територија не сметајте никому. Ако некој на вас ви смета замолете го да престане, ако не престане уништете го!
Зарем не би било пореалистично или почовечно НЕУТРАЛИЗИРАЈ ГО па покажи му дека греши-наместо да го УНИШТИШ??
7. Признајте ја моќта на магијата ако успешно сте ја употребиле за да ги остварите своите желби. Ако ја порекнете моќта на магијата одкако успешно сте ја призивале, ќе изгубите се што сте стекнале со неа!
Која магија??
Фактички доаѓаме до заклучок дека магија всушност е Моќта на потсвеста(има една книга таква
)