Сатанизмот се дели на два вида сатанизам, атеистички сатанизам на Антон Шандор Ла Веј, тие не веруваат воп бог, ни во ѓавол, ни во рај ни во пекол ниту во било каков живот по смртта, но се религија бидејќи тежнееат кон тоа самите да станат богови преку магија и искористување на природните енергии. За нив секој е бог за себе и најголем празник е сопствениот ден на раѓање.Нивна света книга е Сатанската библија.Учењето им е мешавина од Ниче, Макијавели и Штирнер.
Традиционалниот или спиритуалниот сатанизам верува во реално постоење на Бог кој всушност според нив е сатана или Луцифер. Тие го сметаа за добар и единствен бог.Многу посветуваат на духовно усовршување во смисла дека Луцифер сакал луѓето да станат богови, но Јехова ги спречил во тоа и ги казнил. Има повеќе за овој сатанизам и на хрватски јазик.
Мое мислење е дека повеќе се работи за одговор на хрстијаните онакви какви што се и напроти нивната хипокризија тие не сакаат да се декларираат како христијани, во смисла ако тие се христијани, тогаш ние не сме тоа.
Нема врска со убиства и жртвување. Децидно се забранува убивањето или жртвувањето, освен убиство во самоодбрана или за храна кога се работи за убивање на животни.
Тоа се официјални регистрирани цркви кои немаат никаква врска со убиства на некои лудаци.
Кога некој тинејџер ги убил своите родители и пишал меил на Church of Satan, свештеникот на сатанската црква го пријавил во полиција. Значи нема врска со убиства, убивањето е дозволено само кога се работи за заштита на својот живот. Инаку свештениците нивни и магови и вештици и вештери се бават со магија и како да се стане подобар и појак поединец.