ГОСПОД ПОСТОИ !

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
нихилиста, Исус рече дека Неговите следбеници ќе ги познаеме по нивната меѓусебна љубов, а не цел свет по неговата "љубов". Христовите следбеници за жал се мало малцинство во светот, но сепак доколку си запознал барем двајца/две од нив ќе видиш дека тие навистина имаат меѓусебна љубов.
 
bad_girl

The girl you can't have
Член од
21 февруари 2007
Мислења
216
Поени од реакции
4
јас верувам во Господ ама дека можеш да го видиш во облаците треба ептен да си забеган...шо е он облак???:pos2: дај малце реално размислувај не верувај на се што ке ведиш
 
A

ateist

Гостин
Глупост невидена...уствари многу пати видена.
Господ не се докажува со монтирани нарачани снимки туку......
се знае како и кој треба да го докаже
еве ти едно copy paste од моја тема ..којтреба да го докаже Бог

Постои начин да се докаже ...бар така си пишува во нов завет . Верници а најповикани се тие што се пофалуват дека се најквалификувани т.е . свештеници да го докажат ..а со тоа и своја вера .

Дела 2 - ред43... "А страв и трепет влезе во секоја душа , зошто преку апостолите стануваа многу чуда и знаци "

Дела 3- ред 1 до ред10
...ред 2..."Тогаш донесоа еден човек , сакат од раѓањето"
...ред7...."Тогаш го фати за десната рака (Петар) и го исправи "....
...ред 8..."Скокна , се исправи и прооде , и влезе со нив во храмот , скокајќи и фалејќи го Бог "

Дела 4...ред 29 , 30 и 31

Дела 5 ..ред ред 14 ,15 , 16
.......ред 15.."изнесуваа болни на улиците..."
.........ред 16 .."се собираа и мнозина од околните градови и носеа БОЛНИ и измачувани од нечисти духови .И СИТЕ СЕ ИСЦЕЛУВАА"

Дела 6-ред 8 .."А Стефан полн со благодат и сила правеше големи чуда и знаци меѓу народот"

Дела 14 - ред 3..."Господ.....овозможуваше нивните раце да прават чудотворни знаци и чуда"
Дела 14 - ред 8 , 9 , 10...

ред 8."сакат од мајчина утроба кој никогаш неодел"
ред 10 "Павле му рече Исправи се на нозете И тој скокна и прооде"

Дела 15 ред 12 .....".Барнаба и Павле , кои раскажува колку чудотворни знаци и чуда направи Бог преку нив , меѓу неевреите"

Дела 19 - ред 11 , 12 ..."А Бог правеше необични чуда преку Павловите раце така што кога врз болните ставаа шамичиња или скутници од неговото тело , БОЛЕСТИТЕ ГИ НАПУШТАА...."

.

.
.
.
.
ЗНАЧИ

1 ) ИЛИ БОГ НЕ ПОСТОИ И СЕ Е ИЗМИСЛЕНО ВО НОВ ЗАВЕТ

2 ) ИЛИ НЕПОСТОЈАТ ВИСТИНСКИ ВЕРНИЦИ ДУРИ НИТУ МЕЃУ НАЈВИСОКИ КРУГОВИ НА СВЕШТЕНСТВО ЗА ГО ДОКАЖАТ

3) ТРЕТА МОЖНОСТ НИТУ НЕКОГАШ ИМАЛО НИТУ Е ПРЕДВИДЕНА
 
K

kat.<3

верниците нема што да докажуваат, веруваат иако не виделе, а тие кои не виделе а поверувале се блажени.
кога ги затвораш очите и за тебе настанува темница, оној кој го створил окото не е виновен што ти си замижал и за тебе настанала темница. нема можности во верата, во твоето срце е или ја немаш. на верата не и требаат докази.
Сите овие твои теми и зборови кои си ги напишал се толку неправедни. колкава е празнината на срцето?

секое ти добро.
 
^ Ghost Rider ^

Biker Boy
Член од
27 октомври 2008
Мислења
372
Поени од реакции
8
:bravo: a kaj mozam da gi najdam niv?
христијански центар ск(секоја недела од 10 часот во сала Даре Џамбаз) а ако си помлад има младински христијански центар кај буњаковец позади леонтич исто во недела во 20 часот
 
A

ateist

Гостин
верниците нема што да докажуваат, веруваат иако не виделе, а тие кои не виделе а поверувале се блажени.
кога ги затвораш очите и за тебе настанува темница, оној кој го створил окото не е виновен што ти си замижал и за тебе настанала темница. нема можности во верата, во твоето срце е или ја немаш. на верата не и требаат докази.
Сите овие твои теми и зборови кои си ги напишал се толку неправедни. колкава е празнината на срцето?

секое ти добро.
"Блажени се оние што не виделе а поверувале"

Нели...? Мислам ова Христ му го рекол на Тома . Иииии воедно ова е една од најзлоупотребуваните работи -реченица од страна на религиите . Демек верувај во ветришта , мразој , м'гли и виулици . Оваа е само половна реченица . Библијата и те како ја има издефинирано ова работа , ...не оставила место за нагаѓање .

Римјани 1 - ред 17...цитат

"Бидејќи во него се открива Божјата ПРАВЕДНОСТ , ОД ВЕРА ВО ВЕРА , како што е напишано "ПРАВЕДНИКОТ ЌЕ ЖИВЕЕ ПО ВЕРА " -затворен цитат

Се е кажано јасно и недвосмислено .Значи верник не е некој што нагаѓа постои непостои ...и само тоа и го вергла..........ТУКУ мора да се изјасни преку еден заокружен систем на праведност во кој верува и го практикува .
Затоа и вели "Христ е крајот на Законот на праведноста"...."Слово на праведноста"..."Законот на праведноста"...итн

Е за да не се види целата лажност кај религиите овие фино лепо НИКОГАШ не се изјаснуваат што подразбираат под праведност и за каков заокружен вредносен систем на праведност се залагат а нелиииии како би се оправдала догмата "Црквата е вечна"..........оти ако било кога се изјаснеа....оооооодамна и ќе ги немаше .

Уствари после 300-тата год кога састанчеле на тие васељенски собири...тогаш за пари и статус кај Римјаните ....христијанството го прогласиле насила за религија ..иако ова било идеологија. Успешно ширена идеологија која многу личела на комунизам . Сега прашањето дали на Исус и апостоли и многу други им требал еден Бог кој дава вечен живот а која е многу примамлива понуда...за да си ја шират идеологијата....е друго прашање .Ама ќе видиме понатаму во што навистина верувале тие луѓе ....што поимале под тие термини што се споменуваат во библија и која им била логиката да го прават тоа што го правеле по цена на сопствени животи.

Добро рекол апостол Павле...на крајот луѓето ќе се свртат кон бапски приказни и лукави ласкаво избрани зборови .

"На верата не и требале докази"- велиш...???!!!??........па што ќе ти се тогаш религии....Избери си нешто во што ќе веруваш..иии....па верувај...Има луѓе што веруваат во НЛО.....има и што веруваат дека и сега веќе има вонземјани што зеле човечки тела па шетаат меѓу нас.....Си веруваат луѓето...тоа е .
 
На верата во Бог не и требаат докази, нели за таа вера зборуваме?
 
A

ateist

Гостин
На верата во Бог не и требаат докази, нели за таа вера зборуваме?

Епа ако збориме за верата во Бог...ЗА НЕА ТРЕБААТ НАЈМНОГУ ДОКАЗИ . Не за друго за да се заштитиме од разноразни измамници кој себеси БЕЗ БИЛО КАКВИ ДОКАЗИ се рекламираат дека ми ти биле божји луѓе .

И нее точно тоа што велиш.......тоа е вековна црковна индоктринација

Ако си читала Билија во нов завет убаво си пишува..."..СЕ ИСПИТАЈ СЕ ИСТРАЖИ.."...Ова како лично право е дадено немора слепо "на жими мајка" верување.....

"И проклет да е кој не го бара Бог"...........Значи прво мораш лично да видиш со кого точно си имаш работа ако воопшто дојдеш до сознание дека постои такво битие...Што ќе рече дека , не се бара слепо верување како што тоа некој ви ги замрачил умовите...нема врска со реалноста .

Во стар завет убаво си пишува.....ако некој некого навее на грев и двајцата биваат осудени...едниот поради злонамерност а другиот поради наивност . Никој не те правда ако ти си му поклонила некому апсолутна доверба дека е попаметен од тебе , друг да размислува наместо тебе . Тие прикаски за семилостивиот , добричкиот , тупалето од Бог .....некој гадно се зеза и спрда со вас . Нема таква работа во библија барем јас не видов .
 
O

Omer el Faruk

Гостин
ГОСПОД ПОСТОИ!

“АЛЛАХ НЕ РОДИЛ, НИТУ Е РОДЕН” (КУР’АН, ЕЛ-ИХЛАС, 1)
(Извадок од ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК)

Мојот пријател се школуваше и докторираше во Франција. Таму, откако се вклучил во “струјата на модерниот живот” се дружел покрај останатите и со хипиевците, создавајќи така поглед на светот што негира се. Тој сака да полемизира со нас верниците, иако не смета за наивни, бидејќи цени дека ние самите себе си се исмејуваме со нашите илузии за џеннетот и хуриите , додека сласта и убавината на животот на овој свет не одминуваат.

Па така во една пригода со потсмев ми кажа:
-Вие тврдите: Господ постои, засновувајќи го своето тврдење на принципот на причината. Велите: сето соградено има свој градител, сето создадено има свој создател, сето постоечко има свој творец; ткаенината го претставува ткајачот, цртежот цртачот, гравурата граверот, а вселената ,по таа логика, е најдобар доказ за постоењето на Господ како негов создател. Ако го прифатиме ова, зарем немаме право по истата таа логика да го поставиме прашањето: А кој го создал тој создател?! Зарем не е тоа стапица за вашите аргументи?-

- Му велиме: Твоето прашање е погрешно- а во него нема никаква стапица за нашите тврдења. Ти, прво го признаваш Создателот, а потоа прашуваш кој го создал Него, ставајќи Го во рамките на законите што владеат во светот на создадените. Таа твоја софистика личи на куклите, кои се придвижуваат со помош на зембрек, пружини. Ако се гледа на движењето од нивен агол, тогаш следи дека и човекот , кој ги создал нив, се движи на принцип на пружина и повлекување на конецот. Кога на некој начин би можело да им се каже на куклите дека човекот се движи сам без помош, тие секако би одговориле дека тоа е невозможно, бидејќи во нивниот свет се се движи со помош на конци и пружини. Така и ти, ограничен и закоравен со сопствениот свет, во кој се што постои нужно претпоставува Творец, не успеваш да го досегнеш тоа дека Бог егзистира самиот по себе. Познатиот германски философ Емануел Кант во своето дело „Критика на чистиот ум” ја развил мислата дека со умот не може да се сфати бесконечната вистина. По својата природа умот ги спознава само деловите, а немоќен е да го сфати апсолутното егзистирање, какво што е Божјето постоење.. ние Господ го сфаќаме со свеста, а не со умот..нашиот стремеж за правдина е доказ за постоењето на праведното, како што е жедта за водата доказ за постоењето на водата.
Аристотел уште многу порано изнел цела низа причини кажувајќи: столот е од дрво, дрвото е од стеблото, стеблото е од семенката, а семенката е од сеачот.. за да на крајот покаже како ова редење води кон првата причина. Причина што нема потреба за причина, двигател на кого не му треба двигател, создател кој нема свој создател, што одговара на нашето сфаќање на Бог џ.ш.
Ибн Аребија смета дека на прашањето кој го создал Творецот воопшто не треба да се одговара. Бог го докажува постоењето и неправилно е со постоење да се докажува Бог. Светлината го докажува денот, а не обратно.
На Бог не му треба доказ, бидејќи Тој се докажува. Тој е сам по себе јасна вистина. Бог џ.ш. се покажува во законите, редот, убавината.. во листот на стеблото, во пердувот на паунот, крилото на пеперутката, мирисот на розата, песната на славејот, поврзаноста на звездите, симфонијата на вселената. Кога би кажале дека сето ова настанало случајно би наликувале на човек според кого со фрлање на букви во воздух може по случајност да настане низа во која би препознале некоја од Шекспировите песни, значи песна без песник.
Кур’анот не ослободува од ваквите искривоколчувања со еден мошне јасен и прецизен исказ:”Кажи: Аллах е еден. Тој е оној кому се му се обраќа, не родил, ниту е роден. Никој не Му е рамен” (Ихлас 1-4).

Меѓутоа пријателот со потсмев поставува ново прашање: А зошто е Господ еден? Зошто да не има повеќе богови со меѓусебно поделени надлежности?

Му одговараме преку Кур’анот и во склад со логиката, која и сам ја познава, логиката на науката: Создателот е еден бидејќи целата Вселена е една творба по еден план и од едно нешто. Од водородот се состојат дваесет и два елементи, кои во Менделевиот периодичен систем се со ист начин на спојување и растурање на атомската енергија, со која светат звездите. Сиот жив свет, навидум со огромни разлики, е сочинет од состојки на јаглерод. Со согоревање тој се јагленизира. Неговите највисоки форми, како што е животинскиот свет, со навидум големи разлики, покажува дека на одредено рамниште на сецирање на жабата, зајакот, гулабот, крокодилот, жирафата и китот имаат исти артерии, вени, делови од срцето и коски. Секоја коска тука има свое посебно место- крилото на гулабот е наместо предната нога на жабата. Истите коски со сосема мали промени- во вратот на жирафата, и покрај неговата должина, наоѓаме седум зглобови како и во вратот на ежот. Нервниот систем е ист кај сите. Се состои од мозок, р’бетен мозок и нерви. Системот за варење од стомакот, дванаестопалачното црево, малото и големото црево, расплодниот систем се состои од јајници, матерка, нивни канали, потоа уриналниот систем од бубрези, мочни канали, мочниот меур, и на крај, единствено сецирањето кај сите е клетката. Идентичен е описот на растението, животното и човекот: се раѓаат, дишат, се размножуваат и умираат.

Зошто тогаш по сево ова би било чудно тврдењето дека Творецот е еден? Како Совршениот да не биде еден- несовршените се многубројни. На совршениот не му треба дополнување во другите.

Кога би имало повеќе богови, би се разминале: секој би одел со она што тој си го создал и Земјата би исчезнала. Бог џ.ш. има најголемо достоинство и апсолутна семоќ, а овие својства исклучуваат какво било соучесништво.

Пријателот продолжува да се потсмева на нашето сфаќање на божеството. Тој вели: Чуден е тој Господ кој се меша во најмалата ситница: ја упатува пчелата да си согради себеси живеалиште во ридот, ни лист не паѓа без Тој да знае, не се развиваат плодовите од своите пупки, а Тој да не ги изброи, не раѓа жена без Неговото знаење, склизнувањето на ногата во дупка, паѓањето на мувата во јадењето, прекид на телефонската врска е со негово знаење. Ако нема дожд, Тој не го дал, а ако паѓа, Тој го дава. Зарем не го ангажирате вашиот Бог со ова сфаќање и во најмалите ситници?
Ваквото поставување на прашањата не ни допушта да разбереме дали за пријателот Бог би бил повеќе вреден кога Тој самиот себеси би си се ослободил од овие одговорности и едноставно би му го свртел грбот на својот Свет, својата вселена, која ја создал. Дали по неговото сфаќање би завреднел внимание Господ кој е пасивен и несовесен, кој не слуша, не гледа, не одговара и не се грижи за Своите суштества, и конечно од каде му на поставувачот на овие прашања знаењето да суди која работа е безначајна за да не заслужи Божји ангажман, а која пак е така значајна за да го заслужи тоа?
Паѓањето на мувата во јадењето му изгледа безначајно и ништожно на поставувачот на прашањето, а зарем не го беше ли убил комарец Александар Македонски и зарем паѓањето на мувата не може да значи внесување на клици во храната и труење на армија луѓе!?
Најобичните ситници можат да бидат пресудни за најкрупните настани, а најзначајните работи често се губат без глас и трага. Единствено Познавачот на сето ја знае вистинската вредност(хикметот) и значење на секоја работа. Зар поставувачот на прашањето може да ја одредува надлежноста на Создателот и Господарот на сето!? Боже, возвишен си ти и чист од ваквите сфаќања!
Достоен на обожување е само Оној кој со своето знаење опфаќа се и на кого не му бега ни најмалото ни најголемото на небото и на Земјата.
Д-р Мустафа Махмуд
 
Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Се прашувам уште колку вакви бесмислици ќе пастираш?
 
Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Прво прими го Бог во твоето срце, после зборувај.
Што значи тоа!? И тој може да каже "прими го нихилизмот во твоето срце па зборувај" ама пробува разумно да дискутира што не може да се каже за вас блиските до “Бога“.
 
K

kat.<3

Гостин
Што значи тоа!? И тој може да каже "прими го нихилизмот во твоето срце па зборувај" ама пробува разумно да дискутира што не може да се каже за вас блиските до “Бога“.
Кое разумно? Нека ги зачува зборовите за улични муабети. Да, блиски сме до Бога на наша голема радост, зашто во верата во Бог има голема радост.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom