Фан Клуб: Винарска Визба Тиквеш

Статус
Затворена за нови мислења.
Среќа да се нема у п.м.

Како се вика македонската песна шо одеше за време на прекините?
Панк-рок, вака некако одеше: "...Секој ден ми е убав танананана....."
?

девојката со точакот......иначе тоа е,подобро да изгубевме 10 разлика отколку вака....
 
Штета стварно,да се реализираше седмерецот ќе се решаваше на седмерци,но тоа е то ...
 
Ај некој шо беше на утакмицата да даде краток извештај...
Сигурно било интересно...
Штета шо не се пласира Тиквеш понатаму,секогаш ваквите мечеви кога ќе победиш на гости тесно се меч со две оштрици.....
Се покажа дека Полскиот тим е доста силен...
 
Пољациве беа доста крупна екипа, нашиве беа како мравки спрема нив. Мислам дека мечот го загуби одбраната на Тиквеш. Постојано се затвораше само тој бикот големиот, а се оставаше простор за нивните шутери, па лесно не бушеа од далеку. Во нападот се се базираше на индивидуални акции. Везенковски пробиваше, и или ќе даде гол, или ќе додаде на пикер, или ќе отворат на лево крило па така ги завршуваа акциите. Овие исто тапа тактика. Цел меч 6-0 играа, а гледаат дека ги бушат индивидуално...
Реално и двете екипи беа на изедначен квалитет и нијансите решаваа. Тиквеш имаше помош од судиите, и мораше да го искористи тоа. Со срце навивав и посакував да отидат понатаму, али за жал не успеваа. Ме фати голема нервоза за последниот пенал, како Вардар да игра и многу ми беше жал што Везенковски го промаши. Од јунак на мечот стана трагичар...
Не е провокација, али атмосферата мораше да ги дигне малку ракометарите. кога се кршеше резултатот и кога Тиквеш имаше и по 2 играча повеќе при крајот, публиката требаше да направи лудница и да го одлучи победникот. Тесна утакмица со несреќен крај...
 
греота за голманот колев се отепа од бранење за џабе ама се виде дека немаат искусатво овие играчи на тиквеш и наПРАВИЈА многу грешки што не смееја да ги направат со два играчи повеќе да направиш пробивање е глупост и среќа што беа овие судии инаку уште пред време ќе се решеше утакмицата но тоа не го искористија пеналот и везенковски цело врем му шутираше вземја на тој голманот на полаците (двометраш) и немаше шанси да одбрани ама на последниот удар го крен ашутот и ја фати тоа е ЈБГ
поќе среќа вгодина ако ен се спишмани спонзорот како и секаде кај нас :smir:

инаку како што рече марче слабо публиката а плус то абеше сабота ај да беше сред недела пак ќе сватев ама вака не знам дали и тие беа сигурни дека ќе поминат лесно не знам :salut:
 
Мислам дека висината на противникот и одбраната што противникот ја примени можеше да се искористи... единствено Везенковски успеваше да го пробие огромниот голман со незгодни ниски удари.Чакаревски е добар тренер но синоќа ја згреши тактиката... Не сум ракометен стручњак но ме интересира како ќе се знајдеа полјаците со евентуален брз центар со летачки замени... Еве кавадарчани што се на форумов верувам ќе се сложат со мене.Противникот прави грешка или евентуално Колев брани, играчите кои прават ротација ( Китев и Мојсо) одбрана напад се тие кои ја допираат први топката, си ја скокаат три четири пати излегуваат како да не им се излегува и затоа време противникот ја мести одбраната.На тој начин се уништува секаква контра и секаков брз центар.Се губи предноста на брзината на крилата. Кога противник каков што имавме а и во самиот модерен ракомет кога противникот прави т'рновер или голманот брани играчите кои ротираат трчаат на клупа без никакво двоумење.Кај нас се случуваше токму спротивното.Максимална недисциплина.Голманот брани му ја дава топката на играчот кој треба да оди на клупа.Да имавме некој убииствен бек и да чекаме трперливо да се гради позиција за него НЕМАВМЕ.Да имавме 10 гола предност НЕМАВМЕ.Во 6-0 противнички бедем од играчи по 2 метра се компликуваа максимално работите.Незнам дали тренерот не им го забележал тоа или пак играчите демонстрираат недисиплина.Во принцим сум фан до крај.Плускав на крај за двата тима.Секоја чест за Везенковски за целиот натпревар.Пеналот го промаши, големи тикви тоа може да му се случи на секој.Ако синоќа некој заслужи да пуца решавачки шут тоа беше Златко.Ние сме со Тиквеш но виновник синоќа имаше.Тоа е факт.Тоа го видов јас како обичен фан, требаше да го видат и другите на теренот.
 
греота за голманот колев се отепа од бранење за џабе ама се виде дека немаат искусатво овие играчи на тиквеш и наПРАВИЈА многу грешки што не смееја да ги направат со два играчи повеќе да направиш пробивање е глупост и среќа што беа овие судии инаку уште пред време ќе се решеше утакмицата но тоа не го искористија пеналот и везенковски цело врем му шутираше вземја на тој голманот на полаците (двометраш) и немаше шанси да одбрани ама на последниот удар го крен ашутот и ја фати тоа е ЈБГ
поќе среќа вгодина ако ен се спишмани спонзорот како и секаде кај нас :smir:

инаку како што рече марче слабо публиката а плус то абеше сабота ај да беше сред недела пак ќе сватев ама вака не знам дали и тие беа сигурни дека ќе поминат лесно не знам :salut:
naprotiv salata bese skros full
na feni so rabotnicki ne znam dali imase tolku publika
jas malce pokasno otidov i edvaj fativ mesto kaj sto gi smestuvaat gostinskite navijaci na krajot na salata

ali toa e nemavme srekja a sudiite nakloneti ni bea
podobro trebase da igrame :nenene:
 
Црно тиквешко им загорчи на кавадарчани



ВВ Тиквеш го откажува спонзорирањето на истоимениот ракометен клуб, играчите се три месеци без плата и со неизвесна иднина

По откажувањето на Прилеп од ракометната машка ВИП супер лига, и спасувањето на Борец во последен момент од распаѓање, нов проблем за РФМ е најавеното заминување на Винарската визба „Тиквеш“ како спонзор на истоимената екипа од Кавадарци. ВВ Тиквеш е третопласиран тим во домашното првенство. Управниот одбор на компанијата изгласал предлог за прекинување на спонзорството на ракометниот клуб, кој треба само да се верификува.

Клубот и спонзорот засега немаат коментар за новонастаната ситуација, ниту како ќе се заврши сезоната без проблеми. Една од опциите е клубот да му биде „вратен“ на градот, кој во иднина би требало да го управува, но тогаш сигурно би бил со многу поскромни амбиции.

Изненадувањето е поголемо од причина што Тиквеш има свој член и во УО на РФМ, и досега постојано ги поддржувал активностите на репрезентациите.

Сегашниот буџет на ВВ Тиквеш е 120.000 евра на годишно ниво. И покрај тоа, на патувањето во Полска во Купот Челинџ, се замина со автобус, и тоа со позајмени пари од претседателот на РФМ, Михајло Михајловски, кој не сакајќи федерацијата да се резили, им излезе во пресрет. Елиминацијата од еврокуповите, значи и олеснување, бидејќи во спротивно, ако не се одигра натпревар, казните од ЕХФ се за клубот и за федерацијата.

Играчите на ВВ Тиквеш од август годинава немаат добиено плата, иако, според резултатите, се веднаш зад двата најдобри тима Металург и Вардар про. На нивните натпревари тешко ја „продаваа кожата“, иако имаат многу помлади и понеискусни играчи. Лани тимот првпат избори место во еврокуповите, а целта за сезонава беше да се биде третопласиран.

Кавадарчани лани беа првиот тим што успеал да продаде играч, и да заработи, околу 30.000 евра од трансферот на Милан Левов во Металург.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0ED897017DFDD0429A85589BBF8E7537
 
тимот со кој пораснав гледајќи го ... Колку само љубов ,стрпление и упорност беше вложен во овој клуб од страна на поединци.Како мало бебе растеше овој клуб.Почна како некоја си организација на рекреативци и стана име во ракометот.
Од 10 годишна возраст редовен посетител на утакмиците.Првите години од овој век клубот имаше тим да влезе во прва лига но никако да обезбеди финансии за истото.Некако свесно се избегнуваа првите места во втора лига.Подоцна кога финансии се добиа федерацијата туркаше некои нивни тимови да влезат во прва лига.Се чекаа уште неколку години да никој и ништо не го спречи овој клуб да влезе во елитата.Последниот натпревар ми се чине со Кумановци полна сала се славеше титулата во второлигашкото и влез во прволигашкото друштво.Подоцна пласман во европа.натпревари со Вардар,Пелистер,Младост,Тутунски,Металург.И што туку го дочекавме првиот европски натпревар во Кавадарци се случи ова.Вкот како негови деца одгледа една генерација која Кавадарци вечно ќе ја памти...
Марјан Матошиќ,Лазе Попов,Зоран Шалевски,Перо Китев,Славјан Паунов,Мојсие Плетварски и други...

Спонзорот комотно ако сака може и цела фабрика да си ја изнесе од Кавадарци.Леб да не видат сите кој придонесоа ова да му се случи на овој клуб
 
Знам дека е малку безвеза време за прашањево покрај се што му се случува на клубот, но може ли некој да ми даде список на играчите што играат во клубот и број на дрес?

Фала однапред.
 
ВВ Тиквеш стана ГРК Кавадарци

Машката ракометна Суперлига викендов ќе продолжи со сите предвидени седум екипи, откако градот Кавадарци прифати да му помогне на својот локален ракометен клуб. ВВ Тиквеш до крајот на сезоната ќе се натпреварува под името ГРК Кавадарци, кој откако беше оставен од својот долгогодишен спонзор, преку ноќ, од еден од најстабилните суперлигаши се најде на раб на згаснување.
Кавадаречкиот суперлигаш, кој ќе го почне вториот дел од првенството од третото место, остана без некои од своите најдобри играчи, но барем ја избегна судбината на Златен даб. Прилепчани уште претходно го откажаа натамошниот настап, со што ракометната елита можеше да падне на најмал број членови досега

izvor

Браво за општината што не го остави клубот за разлика од некој други општини како мојата каде немаат ингеренции за спортот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom