Како да зачувам батерија на N73?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mr.Crowley
  • Време на започнување Време на започнување
Сеа една финта што ми успевала на Motoroli, Nokii и на некои други телефони ќе ти каже бато, зимаш тоа телефонот, ја цедиш батеријана до макимуууум, да неможе да запали телефонот, потоа ја вадиш батеријата од телефон, ја виткаш во најлонска кесичка, и затвори ја колку да неможе да диши многу, и бутни ја така батеријата во замрзнувач на едно 3-4 саати, од ладното телата се собираат во овој случај тоа ќе е и со батеријата, и се подредува кристалната решетка на молекуларно ниво приближно како кога била понова батеријата и автоматски се подобрува нејзината внатрешна употребливост во однос на проток на електрони и такви работи, откако ќе отстои така ја вадиш и ја оставаш на собна температура едно 2 саата, ама не ја вади од ќесе да не кондензира, потоа ја стааш во телефон, полниш, првиот пат ќе држи исто, но од второто, третото полнење се гледа дека повеќе држи, знам дека ова звучи како тотлна глупост, и дека може делува само на хартија од хемиска гледна точка, но досега ми има успеано на 3-4 телефона, а ми ја кажа финтава братучед ми...пробај нема да те чини ништо, освен што нема да бидеш достапен 5 саата...не преземам одговорност за настанати штети, ама гледај ќесето да не прима воздух...:wink:
 
Бидејќи е симбианец проверувај почесто дали имаш програми кои работат во позадина ... за да видиш држи подолго на мени копчето ... ако има некое притисни на него C и yes да го исклучи ... ако ти трае ептен кратко можно е да има вирус, затоа сочувај ги податоците и форматирај го телефонот и мемориската ... може да зачуваш исто така ако го подесиш осветлувањето на екранот на помало ниво ... исклучувај блутут и такви некои работи ...

ај кажи ми колку ти трае батеријата ? пробај со овие совети ... најубаво според мене формат и ќе видиш дали ќе се подобри ... :salut:
 
знае некој внатре во ќелиите на батериите што има?

- киселина и ќумур ;)
а пред келијата и контактите што треба да дојдат во допир со потрошувачот има електроника... ;)
 
знае некој внатре во ќелиите на батериите што има?

- киселина и ќумур ;)
а пред келијата и контактите што треба да дојдат во допир со потрошувачот има електроника... ;)
Знам, мал милион имам растурено, ова шо го напишав горе и го прочитав како се разградуваат ќелиите на некоја страна поодамна и зошто се намалува капацитивноста и ефикасноста на ќелиите, а од некоја гледна точка (хемиска или физичка) тоа шо го напишав ги подобрува карактеристиките на батеријата, сум пробал со минимум 5 телефона и на сите ми успеа, можда ми е радиоактивен фрижидерот :vozbud:, или нешто друго, ама битно ми успеа...
P.S. Тоа црното ќумур е?..Јесте да личи ама не ми се верува? :)
 
Побај намали светлината на екранот, исклучи блутут, исклучи вибрации, намести заднинското светло (backlight) да се гаси најбрзо што може, истото важи и за активирање на скрин сејверот, ако има поддршка за 3Г мрежа, побарај во контрол панел негде дали има опција да се оневозможи, да не бара таков сигнал или слично, и нормално...потруди се поретко да ти вртат апликации во позадина...
Сепак мислам дека заштедата на енергија е минимална со сето ова. Ако ти трае помалце од два дена, тогаш е време да инвестираш во нова.

Поздрав,

Александар
 
Абе убаво и да купиш нова батерија. Али ако не е оригинал нема шанси да ти држи повеќе од 1 ден. И јас на мојата 6600 го имав истиот случај. Ставаш нова батерија и 1 ден. А оригиналната заслабната држи пивеќе од новата не оригинал. Али оригинал батерија ти е од 1500 до 3000 денара зависи до телефонот. :wink:
Али ако и со оргиналт ти држи толку малце батерија, или има вириси, а голема е и случајноста да има хардверка грешка телефонот.

И во батериите има Јаглен (Ќумур), но тоа е воа никел кадмиум (NI-Cd) батериите а тиа ги нема више во новите телефоните исто и никел метал беа слични, Али во новите литиумските (Li-Ion i Li-Polimer) незнам точно што има (Побарај на интернет ке најдиш сигурно о дшто се составени).
 
Samo ova mozes da go napravis: -Namali Brightness
-Proveruvaj-redovno- dali rabotat programi vo pozadina.
-Namesti ekranot da se isklucuva za nekolku sekundi
-Bluethoot nemoj da go ostavas uklucen
-Namali ja silinata na zvukot za dojdovni povici i sms
Ako i ponatamu baterijata ne drzi poveke od 1 den, KUPUVAJ nova baterija, samo nemoj od pazar da te lazat deka se original-samo pakovkata e original i nalepnicata na baterijata- vnatre e baterija sto ja prael nekoj glupav kinez vo podrumot od svojata maticna kuka:nesvest:!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom