...а ја, батка, ќе ти посоќам еден друг пример.
Мала дигресија.
Во 15-от век, во градот Кемп во Германија, живеел римокатоличкиот подвижник Тома, наречен и Тома Кемписки, денес светител во римокатоличката Црква. Тома има напишано една книга, насловена како „Следи го Христа„. која, за жал, е многу популарна и во православието. Сите православни богослови и монаси, кои ја имаат или слушнато или прочитано таа книга, се согласуваат со една работа„ а тоа е дека Тома Кемписки ја пишувал таа книга во силно ОПРЕЛЕСТЕНА состојба на неговиот дух! Зашто? Затоа што авторот, во таа книга јасно нагласува дека нему не му се потребни ПОСРЕДНИЦИ кон Христа, туку дека тој (Тома) е толку способен и достоен, што на Христа му се обраќа ЛИЧНО и ДИРЕКТНО, без ПОСРЕДНИЦИ! Читајќи ја таа книга, неколку монаси ги имаат изгубено животите во минатите неколку векови. Ете до што доведува личната гордост за немањето потреба од посреднци помеќу нас и Христа-до смрт!!! За несреќа, пред некоја година и самиот ја прочитав таа книга, ама за среќа, забележав дека книгата нема во себе православен дух!! Фала и слава Богу што така испадна.
Понатаму.
А православните ги нарекуваат другите христијани „така„, затоа што сите тие, иако се нарекуваат христијани, иако велат дека го сакаат Христа, сепак, не ја сакаат и не ја примаат вистината онака како што православието ја има зачувано-во оригинална форма, без „современи„ толкувања и без никакви „модернзирања„, согласно „духот„ на модерново време.
Што е „секта„, веќе објаснив.
Што е „ново„ кај нив? Па тоа е барем повеќе од јасно: кај „нив„, ново е произволното толкување на Светото Писмо и искривувањето на изворната христијанска вистина!