- Член од
- 5 мај 2005
- Мислења
- 4.454
- Поени од реакции
- 178
Денеска онака досадно, си читкам Вест...не дека нешто ми е посебен весников, ама две писанија..од еден весник да ми се убаи, не ми се случило бааѓи одамна...
Реалност.
Колку да и некои од вас не го сакаат Денко Малески, некои не го сакаат Горан Михајлоски...знам, секој со свои причини, ја па ни едниот ни другиот онака....дека се македонци, да се разбереме...ама ич не ги сакам..
Него нејсе...делови само кје цитирам...да видиме што е реалност, а што е новинарска лага...и колку ние сме ги отвориле очите...
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Кога Груевски се сопна од последното скалило на отворањето на лифтот на Крстот на Водно се дигна на нозе цела експертска јавност. Познат и признат архитект во свои шеесетти години стручно објаснуваше дека кошулката на подлогата од скалилото била некој сантиметар поголема, дека не е премиерот несмасен, туку скалилото не чинело... А и главниот од Фондацијата за Крстот го правдаше премиерот оти се сопнал, затоа што пред него паднало и едно детенце. Како да му требало оправдание за сопнувањето[/FONT].
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Пред десетина години кога Бранко како премиер со колата на сопругата удри во една бандера во Скопје, бандерата веднаш беше тргната. Да не пречи во водењето на државата. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Не е голем проблем кога газда ќе смени главен уредник на весник што го поседува. Ама голем преседан и катастрофа за слободата на сите медиуми е кога газдата го сменил уредникот затоа што неговите ставови не биле исти со ставовите на Владата. А уште пострашно е што, иако газдата тоа јавно го изјави, а уредникот го потврди, не се најде никој, а особено не професионалното здружение на новинари да реагира. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во секој бизнис во Македонија има по некој Велија кој, за среќа, нема толкаво влијание и во Владата.
Може Собранието да донесе и уште 100 закони за два дена. Ама џабе фалењето пред Европа, ако законите важат за едни, а за други не. [/FONT]
Тоа драги мои, е Гоце наш...ваков таков...болдираните зборови...се вистинити...или? Или па не смееме да мислиме спротивно?
Да видиме шо ќе каже (З)Денко...
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Сегашнава надворешна политика ја гледам практично како продолжение на политиката која се прифати некаде од 1993 година. Тоа е да учествуваме во овој наметнат спор, но не и сериозно да бараме решение. Тоа ни беше тактиката. Одевме на разговори, преговори, што ги нарекувавме разговори во Њујорк, но не со намера да најдеме решение[/FONT]. (Барем си признава...)
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Треба конечно да расчистиме дали по ова искуство кое обичниот човек не може да го знае, а тоа е дека не можете да влезете во сојуз ако една од членките ви стави блокада, политичките чинители се спремни јавно да речат: "Да, одиме на барање на компромисно решение". И потоа без да се тормози народот, со имиња, со разноразни пресврти коишто се навредливи за достоинството на луѓето, се пристапува кон реализирање на таа идеја.
Втората опција е: "Не, нема право еден народ на друг да му наметнува како ќе се вика". Остануваме на тоа, се држиме до тоа без оглед на консеквенциите. Се разбира, кои би биле консеквенциите од тоа, политиката ќе треба да ги објасни. Оваа ни ваму ни таму ситуација премногу долго се влечка и премногу лошо ми се чини влијае врз достоинството на народот, распалувајќи ги националните и други емоции кои во определен момент можат да бидат злоупотребени. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ВЕСТ: Значи, некако проблемот сам од себе да се исцрпи, да се реши?
Малески: Па додека не разбереме дека ова е ќор - сокак. Додека и Грците за некои работи не се освестат, но и ние дека законите на меѓународната политика го даваат правото на вето, и ако ти не си член, а сакаш да влезеш, мораш ти да правиш компромис, другиот не мора, тоа се обични работи за коишто мора многу отворено во јавноста да се зборува за да не даваме простор за политичка манипулација. Оти ова е многу непопуларно. Крајно непопуларно е вие да го терате народот да прифаќа нешто што не сака.[/FONT]
Другиот дел е дрндање и фалење себеси како он највеќе знае...ама болдираниве работи...бодат очи....само кој не сака да гледа...
Линк