Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ау најдобар гол досега.Тој има давано голови 100 пати подобри од овој.Можеби дојде во најдобар момент иако голот во финалето со Челзи беше еден од позначајните.

Тој знае зашто така вели а можеби е во право,а и овој гол е еден од позначајните-пласман во полуфинале.
 
Честито победа,и полуфинале.Да се надевам дека ќе се повтори финалето од лани,ама со различен резултат:helou:
 
Малку предоцна,но на сите фанови им честитам за победата и пласманот во полуфинале.Натпревар во кој не видовме атрактивен и напаѓачки фудбал од нас,но сепак резултатот и околностите тоа ни го дозволуваа и наметнаа.Раното водство ги промени плановите на Сер Алекс,па играта понатаму се сведе на контрола и владение на топка на средината на теренот,што Јунајтед докажале дека знаат да го прават.Одбраната по подолго време на висина на задачата,рутински си ја заврши ,без да му дозволи никакви можности на напаѓачите на Порто.Речиси сите фудбалери на тимот,го извршија тоа што му сугерирал Фергусон,посебно Руни,кој морам да напоменам одлично се движеше и перфектно ги изврши своите задачи,посебно тоа се однесува на страничното затворање во одбраната.Гигс уште еднаш докажа како се игра фудбал,со префинети движења и додавања,задржување на топката во своите нозе.Ветеранот игра како да е во најдобрите години.Пофалба и за двоецот Фердинанд-Видиќ,кои максимално ги затворија Хулк и Лисандро Лопез,а вториот исфрустриран од тоа,постојано протестираше на судиските одлуки кои не беа во негова корист.Краен епилог е тоа што Јунајтед втора година по ред игра полуфинале во ЛШ,што е одлично постигнување,ако се знае и негативата што ја имавме во пресрет на реваншот.Сега останува добро да ги одиграме и двата дуела со Арсенал,кои се надевам ќе резултираат со наш пласман во финалето.
Во пресрет на натпреварот од ФА купот со Евертон,мислам дека Сер Алекс во овој натпревар треба да влезе со тотално изменет состав од оној вчера.Ги разбирам сите што сакаат успех и во купот,но најприоритени ни се двете најголеми натпреварувања,па треба да им се даде одмор повеќе на играчите,за да можат сите максимално да влезат во наредните удели на тимот,а кои се сигурни најважните во тековнава сезона.
 
Следна жртва е Евертон за Арсенал има време. Сега да се фокусираме на ФА Купот.
 
Еве пак се гласа за гол на сезоната
http://www.manutd.com/default.sps?pagegid={671CF63E-EAF1-4231-AD3D-8A37AEDE301C}&pollid=1985&voted=true

Јас гласав за Роналдо против Порто
 
Малку предоцна,но на сите фанови им честитам за победата и пласманот во полуфинале.Натпревар во кој не видовме атрактивен и напаѓачки фудбал од нас,но сепак резултатот и околностите тоа ни го дозволуваа и наметнаа.Раното водство ги промени плановите на Сер Алекс,па играта понатаму се сведе на контрола и владение на топка на средината на теренот,што Јунајтед докажале дека знаат да го прават.Одбраната по подолго време на висина на задачата,рутински си ја заврши ,без да му дозволи никакви можности на напаѓачите на Порто.Речиси сите фудбалери на тимот,го извршија тоа што му сугерирал Фергусон,посебно Руни,кој морам да напоменам одлично се движеше и перфектно ги изврши своите задачи,посебно тоа се однесува на страничното затворање во одбраната.Гигс уште еднаш докажа како се игра фудбал,со префинети движења и додавања,задржување на топката во своите нозе.Ветеранот игра како да е во најдобрите години.Пофалба и за двоецот Фердинанд-Видиќ,кои максимално ги затворија Хулк и Лисандро Лопез,а вториот исфрустриран од тоа,постојано протестираше на судиските одлуки кои не беа во негова корист.Краен епилог е тоа што Јунајтед втора година по ред игра полуфинале во ЛШ,што е одлично постигнување,ако се знае и негативата што ја имавме во пресрет на реваншот.Сега останува добро да ги одиграме и двата дуела со Арсенал,кои се надевам ќе резултираат со наш пласман во финалето.
Во пресрет на натпреварот од ФА купот со Евертон,мислам дека Сер Алекс во овој натпревар треба да влезе со тотално изменет состав од оној вчера.Ги разбирам сите што сакаат успех и во купот,но најприоритени ни се двете најголеми натпреварувања,па треба да им се даде одмор повеќе на играчите,за да можат сите максимално да влезат во наредните удели на тимот,а кои се сигурни најважните во тековнава сезона.

Да те исправам:smir:
Трета година по ред играме во 1/2 финалето. Пред 2 години бевме елиминирани од Милан:smir:
 
Да така е,заборавив.Во четвртфинале игравме со Рома,па со Милан во полуфинале.Ти благодарам за исправката.:smir:
 
Јас зборувам за ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ:helou:

Па тоа и јас сакав со постот да ти кажам. Има 14 дена до тоа. До тогаш треба грешките што ги правевме да ги остраниме и да си ја вратиме формата па затоа сега овие мечови се од исто голема важност.:helou:
 
Епа ајде нека е така:salut:
 
Со мало закаснување честито пласман!:helou:
 
Едно прашање...колку голови има Роналдо оваа сезона во сите конкуренции?

Кристијано Роналдо за неговиот погодок
http://www.24fudbal.com.mk/Default....-44cb-ae96-b159d409820e&ln=3&typeBack=default

Ако не се лажам синоќешниот гол е 21-ви оваа сезона.15 има во лигата,2 во ЛШ,1 во ФА купот,2 во Карлинг и 1 на Светското Клупско Првенство. :smir:

По победата синоќа,самодовербата е сигурно поголема и очекувам во недела против Евертон да се пласираме во финале.
 
Ако во недела победиме колку убаво ќе биде:)
Полуфинале ЛШ,прво место во ПЛ,финале Фа Куп.
А веќе освоиме Комјнути Шилд,Светско Клубско Првенство,Карлинг Куп ...:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
ФА купот и не е важен толку подобро да се сконцентрираме на пл,најважно ни е тоа да го освоиме-израмнување на титулите со лузерите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom