Малку предоцна,но на сите фанови им честитам за победата и пласманот во полуфинале.Натпревар во кој не видовме атрактивен и напаѓачки фудбал од нас,но сепак резултатот и околностите тоа ни го дозволуваа и наметнаа.Раното водство ги промени плановите на Сер Алекс,па играта понатаму се сведе на контрола и владение на топка на средината на теренот,што Јунајтед докажале дека знаат да го прават.Одбраната по подолго време на висина на задачата,рутински си ја заврши ,без да му дозволи никакви можности на напаѓачите на Порто.Речиси сите фудбалери на тимот,го извршија тоа што му сугерирал Фергусон,посебно Руни,кој морам да напоменам одлично се движеше и перфектно ги изврши своите задачи,посебно тоа се однесува на страничното затворање во одбраната.Гигс уште еднаш докажа како се игра фудбал,со префинети движења и додавања,задржување на топката во своите нозе.Ветеранот игра како да е во најдобрите години.Пофалба и за двоецот Фердинанд-Видиќ,кои максимално ги затворија Хулк и Лисандро Лопез,а вториот исфрустриран од тоа,постојано протестираше на судиските одлуки кои не беа во негова корист.Краен епилог е тоа што Јунајтед втора година по ред игра полуфинале во ЛШ,што е одлично постигнување,ако се знае и негативата што ја имавме во пресрет на реваншот.Сега останува добро да ги одиграме и двата дуела со Арсенал,кои се надевам ќе резултираат со наш пласман во финалето.
Во пресрет на натпреварот од ФА купот со Евертон,мислам дека Сер Алекс во овој натпревар треба да влезе со тотално изменет состав од оној вчера.Ги разбирам сите што сакаат успех и во купот,но најприоритени ни се двете најголеми натпреварувања,па треба да им се даде одмор повеќе на играчите,за да можат сите максимално да влезат во наредните удели на тимот,а кои се сигурни најважните во тековнава сезона.