:pos2::pos2:Е за тоа ке видеме
http://www.24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=f4917824-6db9-4870-8e85-d68ea8ece039&ln=3&typeBack=default
Руни собата на своето дете ќе ја уреди во боите на Евертон
Вејн Руни, 23-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и поранешен напаѓач на Евертон, со одлуката собата на својот прв син да ја уреди во традиционалната сина боја на лутиот противник сигурно ќе ги вознемири навивачите на англискиот и европскиот шампион. Вејн минатата недела дозна дека наскоро ќе стане татко и од тој момент е на "седмо небо". Секоја минута од слободното време ја минува во планирање на иднината за своето првороденче. Секако, сината боја на клубот за кој навиваше во детството и чиј дрес го носеше пред пет сезони доаѓа во обзир само ако му се роди син. Сепак, одлуката за сината боја е чудна, ако се знае дека навивачите на поранешниот херој од "Гудисон Парк" веќе не го поднесуваат, а ниту Руни не останува должен на гостувањата.
"Вејн одлучил дека малиот ќе навива за Евертон без оглед на се. Сака детето да има вистинска машка соба, но Колин (неговата жена) ќе го има последниот збор. Ако биде девојче, ќе има соба како од бајките" - изјавил извор близок до играчот.
Ќе биде интересно да се чуе мислењето на навивачите на Манчестер по повод целата ситуација.