Се испитува продажбата на земјиштето за „Рамстор“

  • Креатор на темата Креатор на темата [acko]®
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 февруари 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
10
Си ветив дека нема да отварам по 2 теми на ден да не испадне дека навалувам ама неможам да се воздржам за оваа! Мислам дека ќе има добра дискусија!

Комисијата за заштита на конкуренцијата ја истражува продажба на земјиштето на кое е изграден трговскиот центар „Рамстор“. Доколку се утврди дека Владата, на чие чело за време на продажбата беше сегашниот претседател Бранко Црвенковски, го продала земјиштето за цена пониска од реалната, турскиот инвеститор „Коч“ ќе мора да доплати.

Претседателот Црвенковски вели дека се работи за политички мотивирана истрага, тврди дека земјиштето е продадено законски и по реална цена и смета дека истрагата ќе ѝ донесе штета на државава.

Комисијата поведе постапка за испитување на продажбата на земјиштето зашто постоеле индиции дека плацот од 25.000 квадратни метри е продаден за 25 евра по квадрат.

- Целокупната постапка е чиста. Долго време, а можеби и сè уште „Рамстор“ беше најголемата директна странска инвестиција во Македонија според сумата што беше инвестирана. Ова е потврда дека врз основа на политичка иницијатива се поведуваат истраги – вели Црвенковски.
 
[acko]®;1655854 напиша:

:pos2:
 
Конечно да се види кој дал безпари атрактивно земјиште по толку ниска цена, и тоа во строгиот центар на нашиот главен град..Кој е виновен,и да одговара пред Законот...
 
Нашле за Рамстор да го бркаат , клошари бе ееееееееееееј:kesa:
 
Пак ли бе?! Аман, ако нема за што да се збори ајде ќе се повторуваме...глупости...ова е некое мачкање очи па затоа покренаа ваков стар случај...Ги заболе туленцињата оние од власта за 25те евра по квадрат на Б.Ц...
 
Абе реков јас еднаш...да кажеа во тоа време дека е толку гага, јас ќе им дадев по 35 евра од квадрат, плус и комуналиите ке им ги платев, не ко на Коч што му ги простија.

Од 50 евра па нагоре во село Припор е земјиште, па ти сега види...
 
Оди во Италија имало ексклузивни вили со поглед на море за 0 денари:pos2:
 
Абе реков јас еднаш...да кажеа во тоа време дека е толку гага, јас ќе им дадев по 35 евра од квадрат, плус и комуналиите ке им ги платев, не ко на Коч што му ги простија.

Од 50 евра па нагоре во село Припор е земјиште, па ти сега види...

Точно така,само истовремено треба и за Скопски Пазари да се покрене истражна постапка,како и за Прилепски Пазари,и за уште многу централни земјишта низ градовите во Македонија кој се земени бадијала и компензирани со безвредни услуги или со мали пари кај властите.Такви нешта се случуваат и денес,тоа е реалност.Сте заборавиле ли на Буџаку и Костовски или денешни Камчеви?Или се прават напори да не се “раздрка“ кумската врска помеѓу Мијалкови со денешните сопственици на дел од Скопскиот плоштад?:toe:
 
Апсолутно, за Скопски Пазар толку лаеја, а кога дојдоа на власт се се заборави.
 
Слично како за ЕСМ,знаеш кога треба некоја работа да не се заврши како што треба,тогаш се формира комисија за испитување........:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom