- Член од
- 16 февруари 2007
- Мислења
- 1.196
- Поени од реакции
- 10
Си ветив дека нема да отварам по 2 теми на ден да не испадне дека навалувам ама неможам да се воздржам за оваа! Мислам дека ќе има добра дискусија!
Комисијата за заштита на конкуренцијата ја истражува продажба на земјиштето на кое е изграден трговскиот центар „Рамстор“. Доколку се утврди дека Владата, на чие чело за време на продажбата беше сегашниот претседател Бранко Црвенковски, го продала земјиштето за цена пониска од реалната, турскиот инвеститор „Коч“ ќе мора да доплати.
Претседателот Црвенковски вели дека се работи за политички мотивирана истрага, тврди дека земјиштето е продадено законски и по реална цена и смета дека истрагата ќе ѝ донесе штета на државава.
Комисијата поведе постапка за испитување на продажбата на земјиштето зашто постоеле индиции дека плацот од 25.000 квадратни метри е продаден за 25 евра по квадрат.
- Целокупната постапка е чиста. Долго време, а можеби и сè уште „Рамстор“ беше најголемата директна странска инвестиција во Македонија според сумата што беше инвестирана. Ова е потврда дека врз основа на политичка иницијатива се поведуваат истраги – вели Црвенковски.