- Член од
- 16 февруари 2007
- Мислења
- 1.196
- Поени од реакции
- 10
Четириесет години старата Универзална сала ќе добие нов модерен изглед и функционалност според сите потребни стандарди. Владата се јавува како главен инвеститор во овој проект, кој се очекува да биде завршен до крајот на 2009 година.
Вчера се презентира идејниот проект за салата, а присуствуваше и премиерот Никола Груевски, кој појасни дека утре ќе биде објавен меѓународниот тендер и, по неговото завршување, најдоцна во јануари ќе почне реконструкцијата на објектот. Салата е изградена како привремен објект уште пред повеќе од 40 години, а нејзината обнова ќе чини три милиони евра.
- Проектот во целост ќе го финансира Владата и со тоа сакаме да придонесеме за градот и за објектите што ги поседува да добијат подобар изглед. Истовремено и граѓаните ќе имаат подобри услови за престој во салата. Тоа е дел од нашата изборна програма и се обидуваме чекор по чекор да ги исполниме обврските- изјави премиерот Груевски.
Директорот на Универзалната сала, Душко Поповски, рече дека е задоволен од потегот на Владата и оти на овој објект навистина му е потребна реконструкција.
- Универзалната сала во изминатите 40 години одговори на потребите на организаторите на манифестациите и на публиката. Но, за жал, во моментов салата е дотраен и преамортизиран објект. Реконструкцијата од ваков карактер беше неопходна. Проектот е направен пред четири години и според тогашните стандарди и расположливи градежни материјали. Сега тој проект ќе претрпи мала измена, но не верувам дека сумата од три милиони евра ќе биде драстично надмината- рече Поповски.
Архитектката Ленка Маневска го презентира проектот со кој ќе се интервенира во ентериерното уредување и проширување на фоајето.
Проектот предвидува доградба и приспособување на нови простории и содржини, замена на сите дотраени материјали, вградување противпожарни скали, реконструкција на таванот, катовите, галериите... Предвидено е обнова на фонтаната пред салата, а ќе бидат додадени и уште два нови реда во гледалиштето.