Ќе се воведува можност за увоз на возила од САД, кои од неодамна се атрактивни меѓу Европејците зашто се речиси двојно поевтини од европските. За најмногу еден до два месеца се планира да се усогласат правилниците со кои ќе се овозможат услови за увоз на американски автомобили, доколку Владата на денешната седница му даде зелено светло на Министерството за економија да ги направи потребните измени, дознаваме од владини извори. Во информацијата што Министерството за економија ја доставило до Владата се вели дека целта на измените е да се либерализира увозот на автомобили.
Американските возила се речиси двојно поевтини од европските поради помалите трошоци за производство на автомобилот и поради курсната разлика меѓу еврото и доларот.
Значи, ако едно возило во Македонија чини околу 16 илјади евра, тоа на американскиот пазар може да се најде за помалку од 15 илјади долари. Односно, кога ќе се пресмета и курсната разлика, истиот автомобил во Америка чини помалку од 10.000 евра. Грубо пресметано, луксузно теренско возила во САД чини безмалку колку една европска лимузина од средна класа.
Македонците досега не увезуваа возила од САД зашто не ги исполнуваат условите за хомологација, па увозниците имаат дополнителни трошоци од неколку илјади евра. На пример, американските возила имаат црвени трепкачи, а европските - портокалови, брзинометрите ја мерат брзината во милји на час, а европските во километри на час, а сите овие работи треба да се усогласат пред возилото да се увезе.
Покрај тоа, за македонските граѓани увозот на автомобили од Америка е оптоварен и со поголемите трошоци за транспорт, царини и давачки од оние што ги плаќаат Европејците.
Трошокот за превоз на возилото во контејнер до некое од европските пристаништа изнесува околу 2.000 долари.
Потоа, ако ги исполни условите за хомологација, за тоа возило се плаќа повисока царина од онаа за увоз од ЕУ. Односно, за автомобили од 1.000 до 1.500 кубици од ЕУ се плаќа царина од 2,5 отсто, а од земји кои не се во ЕУ - 5 отсто. Акцизата за оваа група на коли е 15 илјади денари. За возило од 1.500 до 2.000 кубици од ЕУ се плаќа царина од 5 отсто, а од неевропски земји - 10 отсто. Акцизата изнесува 70 илјади денари.
Давачките и царината се исти за новите и за половните возила.
Владини извори велат дека при менување на условите за увоз на возила од Америка мора многу да се внимава да не се отстапи од обврските што Македонија ги презема со Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, како и со оние од Договорот со Светската трговска асоцијација. Во случај на олеснување на увозот од САД, Македонија ќе мора да им даде исти услови за увоз на возила и на другите земји-членки на СТО. Т. Јовановска
***
Ќе се укинува и хомологацијата за возилата од ЕУ
Министерството за економија ќе и предложи на Владата да се укине хомологацијата при увоз на половните возила со старост до 10 години од ЕУ. Наместо на хомологација, се предвидува да се воведе идентификација на возилото, односно со документите да се покаже од кој тип и марка е возилото. Ако автомобилот е менуван, тогаш ќе мора да оди на хомологација.
Вест