Има ли Македонија претседател?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
880
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Ја следев вечерва програмата на плоштадот Македонија по повод денот на независноста, и ми пројде мисла низ глава...Каде е претседателот на Македонија?

Во другите земји(сакав да пишам „нормалните земји“ ама ај да не отварам рани што и мене ме болат) кога се слави ден на независност, претседателот на државата, или се обраќа на нацијата со честитка преку специјално телевизиско емитување, или се обраќа пред толпата народ собрани за прослава...Каде е нашиот претседател?

Што е проблемот? Знае некој да каже?

Последен пат каде што требаше јавно да се обрати беше во салата Борис Трајковски за собирот на децата бегалци, кога одбележуваа 60 годишнина...не се обрати.
Присуствуваше и на Мечкин камен за Илинден, не се обрати.

Зошто?

mouse-hole.gif


Ми фали клипот од скечот на К-15 кога Цацко и Миле го викаа претседателот да излезе од глувчешка дупка за завршен момент од ова, ако некој го најде нека го постира...
 
Има ама подобро ќе беше да нема :tapp:
 
Trn, uste malku MVR ke znae koi vesti gi gledas navecer ..ti si se zagrizil za B.C
 
На Мечкин Камен, како што кажа Грујо во "Гласот на нардот", не се обратил затоа што постоела некоја ротација помеѓу претседател на собрание, премиер и претседател и само по двајца се обраќале во една година, а оваа година не му било редот на Б.Ц.

Но, за останатите отсуства, нормална причина и оправдување нема.
Освен што покажува јавно и дрско отсуство на интерес, ги занмарува и своите основни претседателски обврски во кои спаѓаат и таквите обраќања и присуствувања на манифестации и собири кои се од државно значење.

Впрочем, Бране уште од времето е познат по својот сад ме видиш, сад ме не видиш-фантом стајл.
Нема он време за држави и прости толпи народ.
Човекот се спрема за сдсм папа.

А, и празников не му значи.
Он слави еден друг.
29 Ноември:vozbud:
 
има али овој подобро да го немаше!!!Бранко е нешто најлошто што можеше да му се деси на оваа земја!можеби не се обраќа затоа што нема што да каже!
 
Ја следев вечерва програмата на плоштадот Македонија по повод денот на независноста, и ми пројде мисла низ глава...Каде е претседателот на Македонија?

Во другите земји(сакав да пишам „нормалните земји“ ама ај да не отварам рани што и мене ме болат) кога се слави ден на независност, претседателот на државата, или се обраќа на нацијата со честитка преку специјално телевизиско емитување, или се обраќа пред толпата народ собрани за прослава...Каде е нашиот претседател?

Што е проблемот? Знае некој да каже?

Последен пат каде што требаше јавно да се обрати беше во салата Борис Трајковски за собирот на децата бегалци, кога одбележуваа 60 годишнина...не се обрати.
Присуствуваше и на Мечкин камен за Илинден, не се обрати.

Зошто?

mouse-hole.gif


Ми фали клипот од скечот на К-15 кога Цацко и Миле го викаа претседателот да излезе од глувчешка дупка за завршен момент од ова, ако некој го најде нека го постира...

Има само не го оставаат овие од владата да им се меша вп внатрепартиските работи на ВМРО ДПМНЕ
 
Има само не го оставаат овие од владата да им се меша вп внатрепартиските работи на ВМРО ДПМНЕ
Гарант го држат затворен во подрум за да не ги излее пред народот своите патриотски чувства и еуфорични честитки за празников.

Верувам дека во овие тешки моменти на тоалет хартија, во темница и со тап молив го пишува својот говор кој го спречија да го каже денес пред народот кој толку го љуби.

Но, кога ќе стане претстедател на сдсм, се ќе излезе на виделина.

:salut:
 
Ние чекаме говор, тој шах-го нема.
Ние чекаме честитка-тој пак шах!Пак го нема:)
 
Но, кога ќе стане претстедател на сдсм, се ќе излезе на виделина.

:salut:

Така е. Нема време човекот за некакви глупости од типот на 8-ми септември. Сеа е најважно СДСМ да се опраи.
 
Back
На врв Bottom