Дали враќањето на Бранко Црвенковски во СДСМ е пораз за таа партија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zeng
  • Време на започнување Време на започнување

Дали враќањето на Бранко во сдсм е пораз за таа партија?

  • Вкупно гласачи
    98
  • Гласањето е завршено на .
Aко се гледа реално на работите, политичарите од таканаречената стара клапа, не заслужуваат да работат ништо државно, а камоли да водат опозиција која треба да биде реален коректор на власта, да им врши пресија, да работат повеќе, да створат повеќе,треба да ни дадат дознаење дека ако ја зафркнат работата власта, дека имаме опција, за да ги казниме на некој начин за несовесното работење..

Мое мислење е чим една политика биде казнета од страна на граѓаните,раководството на таа политика треба да се изгуби во заборав, да падне,да дојде ново раководство, рефреширано од губитничките идеи кои веќе еднаш биле казнети од народот,да ги побара грешките каде ги направила во минатото,да ги простудира, и да внимава максимално да не ги повторува истите грешки..
Реално гледано, Бранко беше на власт долго време во Македонија..Има изгубено избори (1998год.) каде што не понесе оставка како резултат на поразот на неговата политика..Во 2002 година дојде пак на власт,народот му даде поддршка и покрај доживеаниот пораз 98 година..Ветуваше еден член од фамилија вработен, и што ти ја знам што уште не имаше ветено за пак да се добери до најголемата фотелја во Македонија..Ама, ја цапна работата, удри во ѕид, неговата политика катастрофална, доведе да крене раце од се, да се намести Претседател, и така да си владее уште некоја година плус..
Бучковски ја дозакопа работата, и се случи тоа што се случи во 2006 година, СДСМ падна од власт стана опозиција, а две години подоцна да претрпи уште поголем пораз, добивајќи незначителен број на пратенички мандати во однос на ВМРО ДПМНЕ..По патот на реалноста, сите креирачи на патот на партијата,виновници треба да се бараат во највисокиот ешалон на партијата, и партијата нема да може да се поправи додека не се мени раководството кое ја вршело губитничката политика..
Се додека не се направи тоа партијата ќе тапка во место..А во СДСМ што добивме?Истите луѓе кои ги гледаме од 1991 година, денеска се уште во највисокиот врв на партијата..
Во меѓувреме, ВМРО во 2002 год. доживеа пораз на изборите..Пораз, кој доведе до своевидна „чистка“ во партијата..Лидер дојде Никола Груевски, стариот лидер се повлече од партијата (основа нова, НП), и Груевски го смена целиот раководен тим на ВМРО ДПМНЕ, постави нови луѓе, а оние олд скулерите си заминаа со Љубчо..Така да нема ништо од тоа ВМРО кое беше поразено во 2002година..

А во СДСМ сега се најавува помпезно, очекувајќи дека Бранко успеа да се врати во 2002 година,со лаги и клишеа, ќе успее и сега..Ама народот не е слеп, ако можеш да го зезнеш на една финта еднаш,двапати е третиот пат сам си се зезнал..СДСМ, имаше шанса да се врати на сцена со З.Заев, но аболицијата што му ја фркна Б.Црвенковски, му ја запечати политичката кариера во СДСМ, така да од потпретседател, и од Градоначалник на Струмица не може ништо повеќе да добие..Бранко, изигра мудро (според мене за себе мудро, а за партијата лош потег), единствениот човек, кој може да му застане на патот, и кој може да му го земе СДСМ (како Никола на времето на Љубчо), го акна од земја, и му ја уништи кариерата, а тоа е Заев..Човек, кој ќе му го чува топло столчето додека на Претседникот му заврши мандатот...Со потегов, мислам дека СДСМ ќе се врати назад..Наместо да се рефрешира, да внеси малку свежина во своите раководни редови, да внеси политичари/експерти/интелектуалци кои ќе донесат нови промени во СДСМ,ќе ја зајакнат, (а со тоа ќе и направат добро на државата зошто опозицијата треба да биде коректор на власта нели?) тие се вратија 5 години наназад со избирање на веќе поразена политика..
 
паметно кажано од КикоМЦ. ми се свѓа твоето размислување и во право си!!
 
[acko]®;1638387 напиша:
a dali ja nekade sum kazal deka sum VMROVEC?

Ne mora da kazhuvash, se sekjavaat DPBNE vojnichinjata od kilometar.

[acko]®;1638414 напиша:
a pogotovo sega koga sum blizok so semejstvoto na zena mu. znam deka ne nema zadni nameri.

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
[acko]®;1638471 напиша:
Писмен си ЧИТАЈ!!
Moже не разбира Македонски, преведи му на српски...
2vsqauc.jpg
 
ја сум вмровец колку што ти си македонец!! пред да коментираш погледни погоре!! и престани да ме замараш темата не е за мене за вас комуњарите е. дали сум ја вмровец или не моја работа!
 
[acko]®;1638512 напиша:
ја сум вмровец колку што ти си македонец!! пред да коментираш погледни погоре!!

Pa da de ubavo razbrav jas...ti si Makedonec kolku sho sum jas vmrovec.
 
Pa da de ubavo razbrav jas...ti si Makedonec kolku sho sum jas vmrovec.

доказ имаш дека ја не сум македонец? кикоМЦ за тебе најде ама за мене нема. може затоа што сум македонец. отвори тема за мене па ќе ти докажам дали сум македонец. а за тебе докажавме дека не си!!
 
[acko]®;1638521 напиша:
доказ имаш дека ја не сум македонец? кикоМЦ за тебе најде ама за мене нема. може затоа што сум македонец. отвори тема за мене па ќе ти докажам дали сум македонец. а за тебе докажавме дека не си!!

Kakov dokaz mi e mene tvojot avatar ili tebe mojot avatar so srpska maichka deka si ili ne si ili ne sum makedonec...mozhe da znam? Ili zakluchi posho ne razmisluvam isto kako DPBNE pa mora da sum predavnik ili Srbin ili Grk.
 
Најголемиот проблем што СДСМ го има сега е тоа што неможат да ангажираат млади, телентирани кадри, едноставно никој не оди во таа партија.

Вториот проблем е што немаат курс, едноставно се загубија во стремежите кон НАТО и ЕУ, без јасен концепт пред народот како да го направат тоа.

Тие го знаат тоа и сега единственото нешто што му преостанува е да се надеваат дека Бранко ќе ги обедини и со гласачко тело од 250.000 гласови ќе можат да му парираат на ВМРО колку толку.
 
откако бранко стана претседател сдсм уште повеќе се подели што скоро не е возможно бранко да ги собере тие гласови! али времето ќе покаже!
 
па искрено да ти кажам дека можеби не се многу гласови 250.000, но кога знаеме дека за СДСМ гласаа само чисти македонци, а за вмро гласаа меѓу многу македонци, и голем број на турци, роми, срби и власи, што знаеме дека имаат над 250.000 гласови заедно.... така да мене повеќе ми е драго што СДСМ загуби со македонски гласови, а вмро победи со гласови на малцинствата и нормално коалицирање со терористите
 
[acko]®;1638539 напиша:
откако бранко стана претседател сдсм уште повеќе се подели што скоро не е возможно бранко да ги собере тие гласови! али времето ќе покаже!
Сега може ќе вети во секоја фамилија по двајца вработени..Па може пак ќе го изберат:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom