Дали ООН, ЕУ, НАТО или која и да е друга организација ни го *дале* идентитетот, па да можат да ни го гарантираат неговото зачувување?
Се вели дека на човек можеш да му земеш, но не можеш да му дадеш. Па, луѓе, не знам зошто упорно не сфаќате дека нашиот идентитет е наш сопствен и никој не може да го чува ни да ни даде друг (т.е. на сила да ни наметне некое друго име), ако ние самите не си го смениме (што е и целта на сите овие притисоци за прифаќање на „Северна Македонија“, или на кој и да е друг предлог).
И јас лично не сакам ниту да чујам за референдум, за прашање кое е вон секој разум и кое воопшто не треба ниту да се поставува. Свестете се веќе еднаш дека големите работи, како да се биде Македонец, носат со себе и големи подвизи, а подвигот што во моментов стои пред нас е одбивање на целокупната ЕУ структура, па и НАТО ако треба, макар по цена никогаш да не влеземе во нив, за да бидеме Македонци, пред самите себе, најважно.
Македонството не ви е дадено бесплатно, туку треба да го заработите и тоа со борба. Мислите дека сте достојни? Александар го победил светот до каде што стасал. Умеете ли вие да ја побиете Европа во нејзините барања, кога *знаете* дека вие сте во право, а таа не е? Умеете ли да истраете на своите ставови и на своите сопствени нозе, без да ве поколебаат?
Јас знам дека јас можам. И предавници не ми требаат. И слабаци не ми требаат. Секој оној кој сака да се продаде заради илузии и лаги, нека се исчисти од Македонија.