- Член од
- 30 јуни 2008
- Мислења
- 2.802
- Поени од реакции
- 99
Македонија осамена на балканското дно!
Македонците имаат најниска плата од сите свои некогашни сограѓани на поранешна Југославија. Со нето-плата од 255 евра во јуни годинава евидентирана од Државниот завод за статистика, Македонците се далеку од Хрватите со кои рака под рака се кандидираат за влез во Европската унија. Во Хрватска просечната нето-плата за тој месец е 570 евра. Повисока е и платата на вработените во Босна и Херцеговина, каде што нивната Агенција за статистика излезе со податок дека нето-платата е 290 евра. Особено значен пораст доживеа Србија каде просечната нето-плата се зголеми за триесетина проценти во изминатите две години. Според последните податоци на Државниот завод за статистика на Србија, во јуни просечната исплатена плата била 32.648 динари или 425 евра.
Еден од најважните показатели, според економистите, за тоа како се живее во една земја е бруто-општествениот производ (БОП) по жител. Практично, тоа значи колку чини целото производство и сите услуги што се вршеле во текот на годината, без да се оданочат, поделено со бројот на жителите. Според податоците за 2006 година што ги презентираа статистичарите, во Македонија бруто-општествениот производ по жител е 1.987 евра и е понизок дури и од оној на Босна и Херцеговина, иако таму имаше четиригодишна војна. Според првичните процени што ги објави Агенцијата за статистика на Босна за 2007 година, БОП е 2.800 евра по жител. Овие податоци се идентични со оние за Србија, која како последен податок од страна на статистичарите го објавила БОП по жител за 2005 година - 2.800 евра.
Драматично побогати се Хрватите со околу 5.500 евра бруто-општествен производ по жител, и тоа според податок од 2004 година, како последен објавен од страна на нивниот завод за статистика.
Словенија, пак, има повеќе од 16.000 евра бруто-општествен производ по жител. Колку за илустрација, кога влегуваше во ЕУ, таа имаше повеќе од 7.000 евра бруто-општествен производ по жител, а просечно Европската унија има околу 20.000 евра. Економистите се едногласни дека за го достигне Македонија она ниво на економски развој пред распадот на Југославија треба да имаме висок пораст на бруто-општествениот производ. Според податоците од Народната банка, објавени за вториот квартал од годината, стапката на пораст ни е 5 проценти. Економистите сметаат дека со стапка од 8 проценти ќе ни требаат дваесетина години за да го достигнеме нивото од крајот на деведесеттите. Во Македонија, просечната стапка на пораст во периодот од 1989 година до 2005 година е 1,52 отсто. Ова е една од причините поради која Македонија се наоѓа на врвот по невработеноста.
Кај нас стапката на невработеност е 36 проценти, во Хрватска и во Србија околу 13 проценти, а најмалку невработени има Словенија - 6,9 проценти, но тој процент е највисок во Еврозоната.
Извор
************************************************** ***********
Да резимирам:
Просечна нето плата.
Македонија - 255 евра.
Хрватска - 570 евра.
Босна - 290 евра.
Србија - 425 евра.
Словенија - 815 евра.
Црна Гора - 415 евра.
Бруто општествен производ:
Македонија - 1.987 евра.
Босна - 2.800 евра.
Србија - 2.800 евра.
Хрватска - 5.500 евра.
Словенија - 16.000 евра!!!
Европска Унија просек - 20.000 евра.
Стапка на невработеност:
Македонија - 36 %
Хрватска - 13 %
Србија - 13 %
Словенија - 6,9 %
Бугарија - 7 %
Abe realen od kaj ovie podatoci ???