ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 174
menuvanje staovi po potreba predizvikana od najrazlicni zacini?
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DF38B16C32AABB498F2CDF36181FC636
18.12.07
И Љубомир Фрчкоски, професор по меѓународно право и исто така поранешен министер за надворешни работи, смета дека „дипломатските односи меѓу САД со Европската унија поврзани со признавањето на Косово ќе бидат такви што САД нема да можат да си дозволат Македонија да остане надвор од НАТО во концентрација на решавање на косовскиот јазол кој ќе потрае година, а можеби и две година, и ќе од биде голем интерес да не поддржат да влеземе во НАТО. Во таа смисла мислам дека нашето ’не‘ на овие предлози на европската десница за промена на името, а можат да дојдат и други, и нашата борба за името ќе бидат базирани врз реални прогнози за можен успех на таа операција која е многу важна за нас.
„Времето, секако, работи за нас“, вели Фрчковски на прашањето дали стратегијата „времето работи за нас“ се покажа како погрешна или не. „Дали мислите дека 120 земји-членки што не' признале под уставното име е неуспех, дали вреди преку тоа да плукнеме? Ние сме платиле голема цена за таа стратегија и не смееме сега да плукаме на тоа плаќање на цена само затоа што на власт е некој што не ни е симпатичен“.
Според него, „не смееме да се делиме внатре по основа дали можеби можеме да расправаме за промена на името. Нека се изложат директно во јавност луѓето што мислат дека треба тоа да се направи. Нема разумни аргументи, тоа е едноставно веднење глава по 15 години борба кога сега дојдовме до моментот да ја издржиме последната игра. Тоа не смее да ни се случи. Ние играта ќе ја одиграме до крај“.
август 2008
И професорот по меѓународно право, Љубомир Фрчкоски, во интервју за вчерашен „Дневник“, вели дека решението Северна или Горна Македонија (инаку, предлог на Метју Нимиц кој во четири варијанти минатата недела го достави на македонските власти) не би наишло на негативен одѕив кај македонските граѓани.
„Мислам дека на една расправа или анкета што би била спроведена врз основа на пакетот што ќе се отвори пред нас во септември, најголемиот дел од граѓаните, ако нема идеолошки или манипулативни притисоци, би сметале дека тоа е фер пакет со кој треба да се затвори кризата“. Фрчкоски, во три наврати министер во претходни влади на Република Македонија, вели дека „јас сум склон за почисти решенија, без загради и без црти, значи Северна Македонија или Горна Македонија“. Според професорот, Горна или Северна Македонија бил термин употребуван од Римјаните уште во првиот век пред нашата ера. Според него, доколку не се оди на компромис, „ќе бидеме оставени, баталени. Тоа за нас не е дупка, туку провалија. ЕУ и НАТО-интеграцијата нема да бидат блиска перспектива и ќе мора да правиме план за преживување на Македонија“. Тој е оптимист дека, сепак, „ќе не' истуркаат во пакет како багер, со се' во него, со ова решение очекувајќи дека тоа решение слично како Охридскиот договор... во основа е добро и во краток период ќе биде апсорбирано како фер“.