ВАНЧО ШЕХТАНСКИ: ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА !?

Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
Според Ванчо Шехтански лидер на ТМРО, преименувањето на Македониа во Македонија го направиле Киро Глигоров и другарите уште во 1945-та година, кога во азбуката е воведена српската буква “ ј “, па така наместо Македониа станавме Македониџа. Овој познат скопски адвокат, кој веќе 6 години е лидер на ТМРО, партија за која тој вели дека е наследник на организацијата ТМРО формирана во 1893-та, смета дека прашањето со името воопшто не е толку драматично како што сакаат да го прикажат некои политички кругови во Македонија, кои, всушност, се само марионети на старите разузнувачки и шпиунски структури во земјата.
-Во изминатите 17 години Македонија ја водат стари безбедносни структури. Тие потекнуваат од УДБА и КОС и се инсталирани во самиот врв на сите партии во државата. А дека Македониа а не Македонија, нема свој безбедносен систем се гледа и од фактот што за овие близу две децении самостојност нашите служби не открија ниту еден странски разузнувач, или, не дај Боже, српски шпиун или припадник на албанската ШИК. Се разбира, тоа и можеше да се очекува со оглед на тоа кој ги води безбедносните служби, а тоа се луѓе од типот на потпалувачи на американски знамиња, кршачи на џипови на ОБСЕ и сл. Тие никогаш нема да откријат дека Србија и Албанија имаат таен договор за поделба на Македониа, кој ќе биде помогнат од Грција и Бугарија., а под покровителство на ЕУ. Сите ќе добијат големи бенефиции врз грбот на Македониа, а Србија и Албанија згора на тоа ќе добијат и експресно членство во ЕУ. Со тој план, кој ТМРО успеа да го добие преку свои разузнувачки канали, на северниот дел од Косово наскоро ќе му биде дозволено да се приклучи на Србија, а за возврат Косово ќе го добие делот на Македониа од Куманово до Струга, кој потоа со референдум на населението веднаш ќе биде приклучено кон Албанија. Спорно е само како да се разграничи Скопје, но и на тоа засилено се работи-тврди Шехтански.
Според него, остатокот на Македониа според тајните мапи е доделена на Србија. Затоа и отаму во последно време се почесто не именуваат како БЈРМ, како што тоа почна да го практикува и Бугарија..
-Сето тоа треба да се заврши до крајот на следната година, за да се потврди Букурешкиот договор од сите земји потписници. Според нашите, партиски сознанија, до крајот на 2008-та Косово ќе ја зацврсти својата независност, а а во правата половина на на следната година ќе се одржи редерендум н 12-те општини во северзападна Македониа за нивно припојување кон Косово-вели Шехтански.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
68
Поени од реакции
0
Звучи логично, но се надевам дека нема да се случи тоа што го предвидува Шехтански.... Само една знам што би се случило доколку планов навистина постои и се работи на него...
Знам дека додека се расправаат ВМРО и СДСМ за тоа кој им ги дал тие права на општините да се отцепат и кој е крив за тоа, Македонија нема да постои. А политичарите од двете партии ќе продолжат да матат вода во аван.... зошто толку се способни....
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Овој има мозок што збори или нема?!

Гледам не си ја знаеме азбуката. Ќе му порачам да ја прочита За македонцките работи и да види дали Мисирков пишувал Македониа или некако поинаку. :tapp:
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Овој Шехтански топла вода откри :icon_bigg

И Љубчо убаво кажа кај Васко дека ако не не примат во НАТО, Македонија подобро да купува оружје. Војна по се изгледа ќе има, а исходот ќе зависи дали некој ќе има да ја чува северната граница.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
68
Поени од реакции
0
еее ќе заборавев, Тоа Македонија или Македониа... Мене ми е ама баш исто ... И така пола народ е неписмен, не знае каде се става „Ј“ :pos2:
Тоа со териториите, поинтересно ми беше, а ова со буквава, ништо значајно според мене....
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Овој Шехтански топла вода откри :icon_bigg

И Љубчо убаво кажа кај Васко дека ако не не примат во НАТО, Македонија подобро да купува оружје. Војна по се изгледа ќе има, а исходот ќе зависи дали некој ќе има да ја чува северната граница.
Македонија не требаше да купува оружје туку да ги надоградува постоечките фабрики за производство на истото.Грците дадоа само пола милион евра за да ја растурат фабриката во Самоков,Србите сеуште даваат ненормални бенифиции за опремата купена од кај нив иако истата се произведува и во 11 Октомври Прилеп,со цел да се затвори и оваа воена фабрика која беше на трето место во Југославија и може сеуште да се мери според стручниот кадар и организацијата со сите Европски фабрики за оружје.:toe:
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Овој има мозок што збори или нема?!

Гледам не си ја знаеме азбуката. Ќе му порачам да ја прочита За македонцките работи и да види дали Мисирков пишувал Македониа или некако поинаку. :tapp:
Пред 1945г.кај нас во употреба била буквата ЈА(ја немам на тастатурата)Таа буква денес се содржи во руската и бугарската азбука и ги сублимира во себе гласовите Ј и А.Откако во 1945та ни е трансформирана азбуката(ај и модернизирана)таа буква е исфрлена од употреба.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Пред 1945г.кај нас во употреба била буквата ЈА(ја немам на тастатурата)Таа буква денес се содржи во руската и бугарската азбука и ги сублимира во себе гласовите Ј и А.Откако во 1945та ни е трансформирана азбуката(ај и модернизирана)таа буква е исфрлена од употреба.
Абе зар Ванчо уште некој го есапи за озбилен?
 
Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
Пред 1945г.кај нас во употреба била буквата ЈА(ја немам на тастатурата)Таа буква денес се содржи во руската и бугарската азбука и ги сублимира во себе гласовите Ј и А.Откако во 1945та ни е трансформирана азбуката(ај и модернизирана)таа буква е исфрлена од употреба.
И е додадена на македонскат фонетика, меѓу други, и српската буква“ ј“ која дотогаш не се користела.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Кој ќе ги присили Македонците да се припојат кон Србија?

Ако некој реши да ја дели и оваа Македонија тогаш подобро уште од сега да си ископа гроб.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Канзур, а бе да не сакаш и темниот звук да го вратиме и место нога да викаме крака и за главен град да си ја избереме Софија?
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
68
Поени од реакции
0
Зашто сите ги викате буквите Бугарски, Српски, Руски.... Алоооо сите тие букви, од Македонија доаѓаат, од кај нас потекнува писменоста на сите тие народи...

и ЈА и Ј, се е тоа наше, а јазикот е жива материја и се модифицира, тоа не е предавство, меѓутоа треба сите да го цените тоа што и Бугарите и Србите и Русите користат азбука што потекнува од кај нас.... и тоа треба јасно и гласно да го кажуваме, а не да се обивинуваме меѓу себе, кој какви промени во јазикот вовел... Затоа не зае*аваат сите, зошто тоа што го имаме и сме го имале, не знаеме да го цениме....
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Затоа што нашиот јазик има директна нагорна прогресија, која се гледа со исфрлањето на падежите и отстранувањето на двогласните и безгласните букви, тонски, фонетски јазик, еден од најмодерните и најсовршените јазици.

Башка, Шехтански е креле.

П.С. гарант и ова е хазарско масло, а АБЦ?
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Зашто сите ги викате буквите Бугарски, Српски, Руски.... Алоооо сите тие букви, од Македонија доаѓаат, од кај нас потекнува писменоста на сите тие народи...

и ЈА и Ј, се е тоа наше, а јазикот е жива материја и се модифицира, тоа не е предавство, меѓутоа треба сите да го цените тоа што и Бугарите и Србите и Русите користат азбука што потекнува од кај нас.... и тоа треба јасно и гласно да го кажуваме, а не да се обивинуваме меѓу себе, кој какви промени во јазикот вовел... Затоа не зае*аваат сите, зошто тоа што го имаме и сме го имале, не знаеме да го цениме....
Точно.Браво за постот.Спор нема дека азбуката потекнува од нашите земји,создадена од СВ.СВ.Кирил и Методиј,модернизирана од нивните ученици СВ.Климент и СВ.Наум,потоа преработена од Вук Караџиќ и академик Блаже Конески во извесна мера.А,по темата:Шехтански нешто бујно си фантазира.Нели се стремиме кон соживот со сите не-Македонци,кое е и основниот фактор за одржување на целоста и спокојството на нашата држава.
 
Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
Канзур, а бе да не сакаш и темниот звук да го вратиме и место нога да викаме крака и за главен град да си ја избереме Софија?
Србо, што се нервираш? Те дразни вистината? Текстот не е мој. Даден е од Шехтански во најновиот број на ФОКУС. Сметам дека е доста интересен и провокативен, затоа и го пстирав. А ти со твојот некоректен однос кон членовите на форумот, можеш слободно да ја скинеш таа етикета МОДЕРАТОР. Затоа што со ништо не ја заслужуваш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom