Кои се позитивните работи што ги направи НИКОЛА ГРУЕВСКИ?

  • Креатор на темата Креатор на темата theprince
  • Време на започнување Време на започнување
Назад на темата.
Позитивни работи:
-ваучери за студентите
-зголемување на пензиите и платите на администрацијата
-зголемување на земјоделските субвенции и тоа повеќекратно
-даночни олеснување за трето дете
-рамен данок
-изградба на десетици сали
-изградба на патиштата
-и уште еден куп работи кои не ми текнуваат

За вистински промени да има во Македонија потребни се радикални чекори ова до сега беа козметички промени.
ova da svaka mu 4ast ova bese dobar poteg
 
Назад на темата:
Позитивна работа на Н.Г. е доколку навистина се оствари веќе заглавениот “зимски сон“ за визна либерализација која денес(вчера) ја најави делегацијата од Брисел по препораките на ЕУ.Доколку пак најавената визна либерализација не се оствари во целост,тоа ќе биде само уште една лага на списокот од владините промотивни промашувања кој им служеа само за билдање рејтинг пред запалената народна маса.
 
[acko]®;1632782 напиша:
значи не го банира дека му се спротистави туку дека го навреди... читај постови. сепак лични навреди не се дозволени :)

иначе за темата добра работа што направил груевски е што не дозволи да ја поскапат струјата...
е уште ако струјата поскапеше тоа ке беше тотален хаос
 
Се сложувам со ова, требаат радикални чекори, реформи, за да почнеме преговори со ЕУ. Денес Оли Рен рече дека не сме ги исполниле 8те услови. :toe:
еден умен чичко кој се викал Конфучие пред мал миљон години рекол:
A journey of one thousand miles begins with a single step...
 
еден умен чичко кој се викал Конфучие пред мал миљон години рекол:
A journey of one thousand miles begins with a single step...

Условите не се однесуваат на образование туку на судството, администрацијата, кохабитацијата со претседателот, добри односи со политичките партии итн.
 
еден умен чичко кој се викал Конфучие пред мал миљон години рекол:
A journey of one thousand miles begins with a single step...

Зар знаел и Англиски,стварно бил умен бе “натемаго“.:smir:
 
Условите не се однесуваат на образование туку на судството, администрацијата, кохабитацијата со претседателот, добри односи со политичките партии итн.
што треба? да ја фати шеќеринска за врат или на колена да ја моли: АМАААААН ВРАТИ СЕ ВО СОБРАНИЕ, АМААААААННН АЈДЕ ДА ОЈМЕ ДА ПИЕМЕ КАФЕ ДА НЕ ВИДИ СВЕТОВ ЗАЕДНО

кохабитација со бц? аааа даааааа... спиј на тоа уше
 
Се што Н.Г. направил е моментална и популистичка политика со исклучок на ваучерите ( мада и тие беа популизам во тој бизнис сум, небеше се како што се кажуваше но ок е постапката, би рекол убав начин на перење пари ). Не ми се допаѓа тоа што целата негова популарност и слава ја темели на уништување на самоуништените СДСМ-овци и во пљукање на нивното име. Се што тие направиле нечини ( као демек да направиле нешто ) и се што он направил чини ( као да направил и он нешто ). Имено Груевски заради неговата неспособност ќе не внесе во се полош живот од типот на поскап стандард и заглавеност во банките со кредити пошто платата ти иде на сметка а не у кеш ( па само дали знаете колкаво е искушението за народот денес да одбие дебитна картичка од трансакционата сметка и да ја замени со кредитна, а нема да го врати кредитиот? ). Политиката која ја води со името е катасртофална а исто така и надворешната политика воопшто. Се на се несум задоволен од ништо што се случува овдека до сега на политички план од НИЕДНА ВЛАДА ДО СЕГА. Инаку покачувањата на платите и пензиите се во ред но се прашал ли некој, доколку се сеќавате и имате малце поише години работно искуство, како пред 10 год земав 10.000 ден плата и можев да купам многу повеќе и да заштедам за одмор отколку сега кога земам 20.000 ден и неможам да си дозволам многу луксузи и шетање а никако неможам сам да си дозволам одмор на море кој до пред 5-6 години мож4ев да си го дозволам? Живеам без кредити и хипотеки но 90% од народот неможе да живее како мене, а јас не сум ни средна класа според куповната моќ која ја имам.

Сопствената некомпетентност ја кријат и удираат по џебот на народот ( пример лиценците за алкохол, ако ми дојде гостин дома после 7 саат треба да се е*ам засто неможам едно пиво да купам). Велам ја кријат зашто нема више начин како да земаат пари во вид на даноци или незнам што па удри по народот и воведи лиценци кои мора да ги имаат, па покрај чиста пара од нив ќе има и од ддв на поскапениот алкохол ( мора да поскапи ако вака продолжи )А истото е и со воведувањето на рефискализација и земање пари од трговците за да пишувало промет од македонски производи ( колку продавници се по 200 ЕУ па сметајте ) и се тоа нели ви личи на лошо водење на политика? Никогаш не сум бил приврзаник на партија и сум објективен, не ги сакам никои досега што владееле со Македонија, но како што тргнала работава нема да бидам уште долго граѓанин на оваа држава па така да не ми е ни гајле многу што се случува, си го бркам и јас својот интерес. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom