Кој е подобар готвач, мажот или жената?

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Што мислите според вас, кој подобро готви?
Обично жените се оние кои имаат обврска да речам да готват дома ручек, вечера... Но сепак на телевизија како најголеми готвачи се претставени мажите.... Сум гледала порано натпревари на ТВ помеѓу маж и жена, и секогаш победуваше мажот... На што се должи тоа? :raz:
Што мислите вие?
 
Добро прашање :)
Мое мислење е дека мажите, но не сите, подобро готват. Можеби порати тоа што жените мораат цело време да готват и со тек на време се губи таа, да речам љубов кон готвењето. Додека пак мажите поретко готват, можеби со поголем филинг.:toe:
 
Кога јадам нешто направено од баба, сваќам дека нема подобар готвач од жена.:)
 
Не знам на што се должи ама ми се чини дека за готвење мажите се поспособни. Мислам, еве, најголемите готвачи во најлуксузните ресторани се мажи. Онака како стереотип ги замислувам како Французи со голем стомак што им надвиснува и таа готвачката шапка и престилката... Можеби и не сме толку добри готвачи колку што сме експонирани. Луѓе од типот на Џејми Оливер се наполнија со пари само со готвање пред камера.:uvo:Не се знае, можеби едноставно не бива.
 
:) Џејми Оливер,Трупче,Јоцо на Силвија,Буцкото на А1.
 
Зависи од личноста, нејзината желба за готвење, нејзината посветеност и ред други такви работи (да не набројувам :) ) , а ни најмалку не зависи од полот и сега глупаво би било да се каже машките или пак женските или пак да се изврши некоја генерализација.

Еве на пример татко ми подеднакво добро готви како и мајка ми и не би можела да дадам отценка кој е поумешен во готвењето.

Сепак останува дека тоа нема врска со полот :)))
 
Логички размислено жената, освен се погоди некоја мрзливка и неспособна тогаш фрлај ја.:tapp:
 
Сепак на жената тоа и е обврска која секој ден ја исполнува, да направи ручек за семејството. Секој ден така и преку гла ќе ти дојде...за разлика од мажот, не му е тоа обврска во семејството и готви некогаш од ќејф, со задоволство и мерак. ( оние кои знаат се разбира). Можеби е тоа, не знам.
 
nema opsto pravilo, nekoja zena e super kuvarka a nekoja ne, nekoj maz e super kuvar a nekoj ne znae nisto osven mozebi da sprzi jajca.
 
мажите.......жените можат само вода да ни носат
:)
 
Мажите готват подобро ама жените готват почесто.
 
Најдобрите готвачи во светот се мажи:toe:
 
Жените готват постојано и најчесто не експериментираат многу во готвењето, го готват она што го знаат или по рецепта и тоа е тоа. И плус готват постојано, па на некој начин им е преку глава од готвењето:)

Додека машките тоа го прават ретко, но штом ќе им се појави таа желба се знае дека ќе биде тоа добро зготвен зпецијалитет. Експериментираат често, сакаат невообичаено да е и ретко грешат. Така да нивните специјалитети уште долго после тоа се памтат.

Така мајка ми готви постојано и традиционални јадења, али кога ќе зготви татко ми како празник да е се радуваме, прсти да си излижеш :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom