Лакомоста на Бугарија

  • Креатор на темата Креатор на темата Southpark
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 април 2006
Мислења
612
Поени од реакции
11
Македонската голгота - Балканските и Првата светска војна, најтрагично минато на македонскиот народ („Утрински весник“)



Во нотата што беше упатена до турската влада од сојузниците Србија, Грција, Бугарија и Црна Гора, пред започнувањето на Првата балканска војна, од Турција се бараше автономна управа на Македонија, согласно со член 23 од Берлинскиот договор (1878 година). Турција не ја прифати нотата. Бугарија, од друга страна, пред почетокот на Првата балканска војна склучила таен договор со Србија, без знаење на Македонската револуционерна организација (која, за жал, немала статус на сојузник) за поделба на Македонија меѓу двете држави по завршувањето на војната. Меѓутоа, по првите успеси на војната, бугарските раководители отворено изјавуваат дека не доаѓа предвид автономија на Македонија, таа е бугарска, први заборавија за упатената нота до Турција. Трагедијата да биде поголема, поради лакомоста на Бугарија за туѓи територии, со специјален заповед на бугарската армија, македонските чети, македонските „ополченци“ (доброволци), околу 12.000, беа извлечени од Македонија и префрлени на кралските чукари и тракиските полиња да ја пролеваат својата крв за туѓи територии и туѓи интереси. Со таквите постапки на Бугарија се овозможи српската и грчката војска непречено да влезат во Македонија и да си ја поделат. Тоа е причината и одговор на прашањето „Зошто Македонците се бореа во Едрене, а не во Македонија“. Тие Македонци што не сакаа да одат за Едрене и што сакаа да останат во Македонија и да ја бранат беа прогласувани за дезертери.

Непосредно по поразот на Турција во Првата балканска војна, Турција им вети на сојузниците дека ќе и' даде автономија на Македонија, реализирајќи го член 23 од Берлинскиот договор (1878 година). Со овој договор, Македонија првпат е ставена под заштита на Европа. Бугарија не го прифати предлогот. Бугарија наместо да го поддржи предлогот на Турција за автономија, таа непотребно се впушти во Втората балканска војна.

Во текот на Првата светска војна, кога Бугарија ја окупира Македонија, од 1915 до 1918 година, не се сети да побара автономија за Македонија; на ист трагикомичен начин постапи и во Втората светска војна кога ја окупира Македонија, од 1941 до 1944 година.

Така да Македонија требаше да биде автономна од 1878 година.:tapp:
 
...Територијата меѓу Шар Планина, Баба Планина, Охридското Езеро, Скопско и Кумановско, била означена како спорна (види картата) и за неа е речено дека може да се организира во автономна област или да се подели меѓу сојузниците. Според српско-бугарската спогодба од 13 март во 1912 година за таканаречената спорна зона а прво место се предвидувала автономија а потоа нејзина поделба. Фразата за автономија на Македонија била внесена на барање на Иван Гешов, бугарскиот премиер и во договорот влегла како прва можност.

Српско-бугарска спогодба
---
А сега речи уште веднаж: дали Бугариjа не сакала автономиjа на Македониjа?
 
Ако сакала зошто го зела Пиринскиот дел? И добро пишува дека прво автономија па после ПОДЕЛБА. Шо ќе ми е автономија кога ме делиш? хаха
 
Ако сакала зошто го зела Пиринскиот дел? И добро пишува дека прво автономија па после ПОДЕЛБА. Шо ќе ми е автономија кога ме делиш? хаха

Точно така автономија за 2 дена, не фала, Турција убаво кажала и си стоела на ветеното по членот 23 од берлинскиот договор да му се даде автономија на Македонија и да биде под заштита на Европа, но Бугарија со цел да го поништи овој договор се впушта на втора балканска војна.
 
Автономиjата е била предвидена само за спорната зона (е не е много но барем е повеке од ништо). Ама србите - со техниот лаком г`з са сакали не само да вземат спорнната зона, ама са посегнали и на безспорна зона:


По завршувањето на Првата балканска војна, односно по Битолската битка, кога еден полк на српската војска влегол во Охрид, во кој веќе три дена функционирала месната власт воспоставена со помош на македонските чети, при обидот да се воспостави српска власт, остро се спротивставил војводата Петар Чаулев, член на ЦК на ВМРО. Во таа расправија, командантот на српскиот полк се пофалил дека според Српско-бугарската спогодба од 13 март во 1912 година, Македонија е поделена меѓу Србија и Бугарија и според тоа во Охрид треба да се воспостави српска власт.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Македонија_во_Втората_балканска_војна

:Macedonia_contested.jpg
 
А во ВСВ и поделбата со Албанија? Море вие ли?...
 
А во ВСВ и поделбата со Албанија? Море вие ли?...

ВСВ Бугариjа не никакв фактор за разни поделби. Кралска Jугославиjа е била разгромена и окупирана еднолично од Германиjа. Во тоа време Италиjа е водила воjна со Грциjа. Бидеjки соjузници Германиjа е предала Западна Македониjа за администриране од Италианците, кои са имали аспирации кон земите населени со Албанци. Источната част со част от Егеjска Македониjа е предадена за администриране на Бугариjа. Така што друг е држал ножа со коj се е резала баницата. Бугариjа се е возпритивила успешно против предаването на Охрид во Италианската зона, докато за Струга не е успела и Струга останала во Италианската зона.
 
А кога ги колеа “Бугарите“ во Тетово, Дебар, Гостивар од страна на Балистите што направи нивната мајчица земја Бугарија ?
Зошто нели и тој дел е бугарска земја или не е ?
Или тој народ е нешто друго ?
 
А кога ги колеа “Бугарите“ во Тетово, Дебар, Гостивар од страна на Балистите што направи нивната мајчица земја Бугарија ?
Зошто нели и тој дел е бугарска земја или не е ?
Или тој народ е нешто друго ?

Тие градови нали беа во Италианската зона? Е што да направи Бугариjа? Да обjави воjна на Италиjа? Хм....
 
Тие градови нали беа во Италианската зона? Е што да направи Бугариjа? Да обjави воjна на Италиjа? Хм....

Не туку можеа да спречат една голема катастрофа, односно влошување на настаните како и да е Италија ви беше сојузник, и престани да оправдуваш нешто што не може да се оправда. Кратко и јасно!:nesum:
 
Не туку можеа да спречат една голема катастрофа, односно влошување на настаните како и да е Италија ви беше сојузник, и престани да оправдуваш нешто што не може да се оправда. Кратко и јасно!:nesum:

И сега Италиjа ни е сojузник... И не оправдавам нешта за кои не чувствам вина! Кратко и jасно!
 
И сега Италиjа ни е сojузник... И не оправдавам нешта за кои не чувствам вина! Кратко и jасно!

Како мислиш и сега ви е сојузник, имате склучено некој договор, или тоа што сте во европска унија заедно го сметаш за сојузништво?
 
Како мислиш и сега ви е сојузник, имате склучено некој договор, или тоа што сте во европска унија заедно го сметаш за сојузништво?

Си заборавил за НАТО. Нели ова е пакт за колективна безбедност? Ние и Италиjа сме членове на таа организациjа.
 
Па тоа не значи дека ви е сојузник, ќе ги земам за пример Грција и Турција и двете се членки на НАТО пактот од 1952 година но во 1996 година ја нарушија колективната безбедност зборувам за спорот меѓу Турција и Грција за островите во Егејско Море, сакам да кажам со ова не се надевај многу на НАТО, можеби НАТО гарантира територијална безбедност, но нигде не пишува дека членките на НАТО се меѓусебни сојузници.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom