- Член од
- 21 април 2006
- Мислења
- 612
- Поени од реакции
- 11
Македонската голгота - Балканските и Првата светска војна, најтрагично минато на македонскиот народ („Утрински весник“)
Во нотата што беше упатена до турската влада од сојузниците Србија, Грција, Бугарија и Црна Гора, пред започнувањето на Првата балканска војна, од Турција се бараше автономна управа на Македонија, согласно со член 23 од Берлинскиот договор (1878 година). Турција не ја прифати нотата. Бугарија, од друга страна, пред почетокот на Првата балканска војна склучила таен договор со Србија, без знаење на Македонската револуционерна организација (која, за жал, немала статус на сојузник) за поделба на Македонија меѓу двете држави по завршувањето на војната. Меѓутоа, по првите успеси на војната, бугарските раководители отворено изјавуваат дека не доаѓа предвид автономија на Македонија, таа е бугарска, први заборавија за упатената нота до Турција. Трагедијата да биде поголема, поради лакомоста на Бугарија за туѓи територии, со специјален заповед на бугарската армија, македонските чети, македонските „ополченци“ (доброволци), околу 12.000, беа извлечени од Македонија и префрлени на кралските чукари и тракиските полиња да ја пролеваат својата крв за туѓи територии и туѓи интереси. Со таквите постапки на Бугарија се овозможи српската и грчката војска непречено да влезат во Македонија и да си ја поделат. Тоа е причината и одговор на прашањето „Зошто Македонците се бореа во Едрене, а не во Македонија“. Тие Македонци што не сакаа да одат за Едрене и што сакаа да останат во Македонија и да ја бранат беа прогласувани за дезертери.
Непосредно по поразот на Турција во Првата балканска војна, Турција им вети на сојузниците дека ќе и' даде автономија на Македонија, реализирајќи го член 23 од Берлинскиот договор (1878 година). Со овој договор, Македонија првпат е ставена под заштита на Европа. Бугарија не го прифати предлогот. Бугарија наместо да го поддржи предлогот на Турција за автономија, таа непотребно се впушти во Втората балканска војна.
Во текот на Првата светска војна, кога Бугарија ја окупира Македонија, од 1915 до 1918 година, не се сети да побара автономија за Македонија; на ист трагикомичен начин постапи и во Втората светска војна кога ја окупира Македонија, од 1941 до 1944 година.
Така да Македонија требаше да биде автономна од 1878 година.