Како ви помина првиот школски ден? :)

  • Креатор на темата Креатор на темата SrRulz
  • Време на започнување Време на започнување
Онака, за разлика од лани немав ич трема, класот ист, истите заебанции, предпоследна клупа се сместив, милини. Иначе ме интересират дали кај вас имат компјутери, пошо кај нас се тргнати...?
Во Георги има.
 
Денес само што стигнавме класната ни кажа дека ќе сме имале седум часа денес. Само неколку ученици останаа во школото другите си отидовме :)
 
Задоцнив:kesa:.Иначе ок беше, замараше нешто класната во врска со матура,потврди,некои листови за упис итн.Ама осеќам дека оваа година ќе биде урнебес не составија 2 класа сега сме вкупно 31,а лани 16:nesvest:.Единствена добра работа што слушнав денес е дека нема да учиме цела недела и дека нема да имаме математика:je:.
 
Супер беше, само од распоредов ме фркна главата. Блок математика и блок латински, ај математика ама латински пак блок :lud:. Во трета имав така и не беше баш добро. Па дека во класов сме пола клас почетно германски пола продолжително, како и пола Јазично А, пола Јазично Б, распоредов - хаос. Ако некој во ЈБТ знае кога јас германски а кога другата половина од класот, глава сечам. Ако е како што мислам, во среда и вторник немам прв час и затоа до седми ќе дремам. Милини, што да кажувам.
Среќа немам биологија, физика, хемија и историја, наместо нив имам компаративна книжевност, философија, бизнис, психологија.. тралала.

Глупаво е што немаме промена на некој професор, најкатиљите ни ги оставија ММЕ. Ама пак, има и полошо од мене што поминале :)

П.С. Првпат во петок да немам 4 часа, во прва, втора и трета имав. ММЕ втор пат :)
 
Кај нас беше Коце Трајановски и одржаваше некој говор кој го слушаше кој не, лош распоред како и увек со 7 часа у петок али ај последна е ќе се истера некако.
 
Набрзина помина имавме само еден час додека се запознаеме со новиот класен, и после секој кај што ќе стигне.. инаку ептен тешко 4 дена ќе имаме по 7 часа само во еден 6 часа.
 
Убаво не разместија сега и сега сме едвај 4 машки во нашиот клас:haha::haha::haha::xD:
 
Набрзина помина имавме само еден час додека се запознаеме со новиот класен, и после секој кај што ќе стигне.. инаку ептен тешко 4 дена ќе имаме по 7 часа само во еден 6 часа.
не се жали на предметите жали се што немате девојчиња во узус!
уствари имате ама поарно да ги немате:pos2:

инаку фала му на господ завршив ја денеска можам само да си се присеќам на старите добри времиња кога си го запознав првиот класен па и втората класна кој од кој подобар!
а иначе лани на први час во септември германски не испитуваше за глаголи:tapp:
 
Онака просечно нови професори нови предмети малку на почетокот како шпанско село ни е се!Глупи говори, секоја година со исти совети, заплашување од страна на некои.Давање на поттик од некои ретки професори.Се на се школо си е школо 12 година ништо не се менува во првиот учебен ден.
 
Ако некој во ЈБТ знае кога јас германски а кога другата половина од класот, глава сечам. Ако е како што мислам, во среда и вторник немам прв час и затоа до седми ќе дремам.

Фрос, како што јас знам, продолжителен германски ќе имаме во вторник прв час, а вие (почетен германски) имате во среда последен. Бидејќи, германски продолжителен од 9ката имаат исто така прв час германски во вторник, што значи бидејќи сме малку ќе мора да бидеме помешани со нив. За во четврток никој освен Лилјана не знае кој има прв час, а кој последен.

...phew :nesvest:

Инаку денов пројде одлично. :лалала: Се видов со некои другарки со кои не сум се видела цело лето. Потоа продолживме на кафе, се разбира :)
Па да не се повторувам со Џену, распоредот си го мразам и се надевам дека ќе се смени :se_ molam
Не ми се допадна што германски ни е сменета професорката (Мис ју Цаци :() и што ќе морам да го трпам Драги - математика цели 90мин. :shout: Ќе биде како досаден фудбалски натпревар со резултат 0:0 :pos2:
Едвај чекам да ги спознаам новите предмети, секогаш ми се интересни. Со новите професори би требало да немам проблеми. :/:
Мислам дека се на се, годинава се би требало да помине в ред.. Последната година од средно образование.. :( :шмрк:
 
Ја мислим овој прв школски ден е најдобриот у цел мој живот. Ни соопштија дека цела година часовите ќе ни траа по 30 мин :vozbud:
 
Море не беше толку лошо :) Ако ништо друго, барем со Грујо си скршивме два три збора.

Ја мислим овој прв школски ден е најдобриот у цел мој живот. Ни соопштија дека цела година часовите ќе ни траа по 30 мин :vozbud:
Ова озбилно или се шалиш?
 
Со оглед на тоа што го очекував,беше сасвим океј па можда и подобро од тоа.
Класната само знам дека предава Информатика,а појма немам како изгледа зошто не се ни појави во школо.:icon_lol:
Во наредни четири години ќе си немам работа со Биологија,Географија,Физика и Хемија ама затоа пак имам 4 нови предмети кои што ми одговараат на насоката.
Професорите на почетокот додека влегоа ни праќаа некои си нивни „строги“ погледи,ама после видовме дека уствари сите се ок луѓе.
Децата ми оставија добар впечаток,повеќето барем,дојдоа најкултурно,подадоа рака се запознавме.
Се на се,не се жалам овојпат можеше да биде и многу полошо.:toe:
 
Море не беше толку лошо :) Ако ништо друго, барем со Грујо си скршивме два три збора.


Ова озбилно или се шалиш?

Најозбилно. Воведоа трета смена у школо и затоа толку многу се скратени часојте.
 
Kaj нас во главно беше здраво, ова ви се книгите; не сите оти не се сите стигнати; се гледаме утре кога ве чека редовна настава. :nesvest:
Убаво, инаку. ^^
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom