Како ви помина првиот школски ден? :)

  • Креатор на темата Креатор на темата SrRulz
  • Време на започнување Време на започнување
Епа еве ке пишам за оваа година прв:P

Ептен тапа беше...Со душа чекавме да ни кажат која смена ке сме и да си одиме..:)Слушавме детски пенички....Се досадувавме....Се видов со старите другари и то....


П.С. Последна година ми е во основно:P
 
Супер
Интересно беше се видов со другарите од клас и со другите другари од други класови заебанции ова она смеење на школо одма не опоменаа да не зборуваме многу со дечките од ТВ бевме разгаламени :icon_lol: и така добро е шо ќе одиме само прва смена ама наместо од 8 ќе одиме од 7ипол:nesvest: и лошо е тоа шо имаме по 8 часа:nesvest: и лошо е тоа што има многу ....... женските ако може така да се каже идат како нинџи:uvo: ќе има фрки изгледа-_- добро е што ни останала истата класна а лошо е тоа што нема да ни предава Македонски туку не земала некоја друга :(
 
Прв ден, прва година во Панче Арсовски. Ќути среќа сум имал со професориве. Мислам дека ќе биде интересно. Не е нешто посебно, а не е ни лошо... Утре имињата на ливчиња лол...:vozbud:
 
Уште неам отидено а и не ми се оди. Се знам што како ќе биде, некои работи не ми се свиѓаат, но барем ќе се видат со другарите :smir:
 
Тиња беше :) Таа класната колку ја мрзаам :uvo: Ама ок заебанци ова - она :)
 
Тотално разочарување[успеавме уште од прв час да ја налутиме класнана]
Друго, ни се менаја најдобрите професори, причината поради шо го сакав школоно, ај наздравје.. тие шо требаја да си одат,останаја.. така да оваа година нервози ќе се има. Распоредон ни е срање, дај боже да го менат.
Единствената уба работа ми е само класон..
 
Нова средина нови познаства интересно беше.Како и што сакав се паднав со деца што завршија во моето школо.Класната сите викаат дека ќе го наебам,ѓавол била едно трето.За сеа е добра али тек после идат лоши денови.Од утре почнува запознавање со другите наставници па книги ќе даваат па едно трето.
И во петок иам 4 часа.:cug::cug::cug:
 
Поседовме до 11 саат и си отидовме.
т.е-досадно беше :)
 
Втора средно во Георги...
Ок беше, многу професори ни сменија, Сале (математика) директор ни го направија.
 
Онака, за разлика од лани немав ич трема, класот ист, истите заебанции, предпоследна клупа се сместив, милини. Иначе ме интересират дали кај вас имат компјутери, пошо кај нас се тргнати...?
 
..Заш на свите ви било за нигде? Неубоо.

Мене окк ми беше.Иако можев да не отидем ама тука е баба ми и ме разбуди скоро на време.Важно у школо бев и окк беше.Нова училница,нови клупе,нови столице,нови деца.Аххх остарев и ја.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom