Ловат "местенки" во Македонија!?
"Секое коло има по 2 сомнителни средби во вашата земја. Имаме многу информации...", вели наш извор од Германија
Македонското првенство го има во обложувалниците. Го има во земјава, но и во обложувалниците надвор од нашите граници. Тоа е причина за добра заработувачка за одредени лица кои се во "бизнисот" со "местење" на натпревар. Но каде има "валкани" пари таму има и полиција, тајни служби...
Деновиве сме сведоци како за две средби во Италија се зборува дека има голема уплата на пари. За некој да не сфати погрешно ние како редакција "Македонски спорт" го делиме мислењето на многумина дека "местенки" има во сите земји а не само во Македонија.
"Македонија е земја во која според нашите информации постојат групи кои работат за поголеми структури. Клубовите најчесто не знаат дека некој има замешано прсти во нивната екипа", се дел од зборовите на функционер од Германија кој ги следи пријавите од обложувалниците за обрт на пари на одредени натпревари.
http://sport.com.mk/?ItemID=E9E82A60CBC14F489B3AB5D269F41EFB