Викендов започнува пролетниот дел од првата фудбалска лига
Викендов на програмата од рамките на 19 коло од првата фудбалска лига на Македонија и официјално започнува пролетниот дел.
Екипите во паузата осетно се засилија и работеа за воигрување на составите со што веќе се спремни за почеток на новите фудбалски збиднувања од нашата земја.
Работнички, Металург, Шкендија е триото кое ќе води жестока битка се до крајот на првенството за титулата.
Тука е реновираниот Вардар кој со многу познати имиња ќе проба да обезбеди опстанок во лигата, а како главни конкуренти ќе му бидат Пелистер, Скопје, Брегалница и Напредок.
Додека тимовите на Тетекс, Силекс и Ренова ќе пробаат да стигнат до што повисок пласман на табелата за евентуален излез во Европа.
Двојките од 19 коло се :
Сабота
Металург-Пелистер 2
Работнички-Силекс 1
Брегалница-Ренова 1
Тетекс-Хоризонт Турново x
Напредок-Скопје 1
Недела се игра големото дерби помеѓу
Шкендија- Вардар 1x