Сите сме паметни, нема што. Се знаме.
Оној го местат за шампион, овој го местат. Судиите намерно судат против едни, па после намерно против други. Како дувне ветрот, за тоа се зборува.
Првенството е смешно и има местење на големо, ама местењето не е преку судиите. Не се тие главните играчи. Клубовите си договараат меѓу себе, судиите се само декор.
Финалето за куп сега пролетва? Тетекс го прегази Работнички. Кој судија можеше да го спречи тој успех на Тетекс? :smir:
Оставете ги судиите на раат. Недосудени панали, црвени картони, поништени голови ... секогаш имало и уште ќе има.
Договорот меѓу клубовите е проблемот што тешко може да се реши.
Гледам некои од Шкендија се плашат од газдата на Ренова!? ФФМ не е толку многу зависна од Ренова, колку што е зависна од Брацо и од останатата Екс ЈУ обложувачка мафија.
Тој од Ренова е ставен Рамковно во ФФМ, нема влијание како што имаат некои други.
Шкендија ако продолжи вака и во пролет да игра, нема сила што ќе ја спречи да биде шампион. За мафијата во фудбалот доволно е да има „послушна“ екипа што ќе излезе во Европа. Ич не им е гајле нив кој ќе чува пехар во шкафчето.