сигурно има и кај вас некоја фирма која се занимава со производство или монтажа на нешто, па им треба стручно лице од областа на машинството,
а за тебе: ако не ти се учи, оди пуцај камења на улица
Абе види , каква е таа мала фирма што има потреба од инжинер ???
Монторање ролетни ли е инженерство , за тоа ли ќе ти треба факултет ???
огради ќе монтираш ??
камери за надзор ?
Клима уреди ???
Дај да не навлегуваме за тоа , што треба да биде еден инженер , и како треба
да изгледа неговата работа ....
А сеа за мене малку , пошто мислиш дека не ми се учи ....
колку за инфо , поминав цели 2 години на машински ,
ги завршив со просек 8,6 без да се грижам многу за оценките.
Се случи пресврт , сменив мислење кога се обидов да се замислам каде ќе се наоѓам во иднина ...
Или требаше да седнам да учам повеќе од тоа што го правев , да зголемам просек
да продолжам на постдипломски во Бугарија ....
Еве зошто :
Дојде бугарскиот декан , не собараа сите од мехатроника , и почна бугаров да си цепа на негов јазик , кој разбра арно кој не .... си продолжи да студира ...
Бугарот рече :
Блоковна поделеност на светот Америка , Европа , Исток....
Иднината на машинството е Мехатроника , светот уште е во "Ладна војна"
Ние сакаме да одиме напред со технологија , нас ни требаат луѓе што ќе придонесат во тој развој ... За таа цел пошто бугарот неможел да ги убеди во неговата држава да отворат студии по мехатроника , дошол кај нас , им рекол , дајте тука ќе отвориме ...
кој ќе бидат најдобри , пратете ни ги во бугарија таму ќе ги преземеме студентите ...
Арно ама во меѓу време бугарите се убедија да си отворат самите студии по мехатроника ....
И Идејата за тоа , што ќе се прави со македонските мехатроничари , остана да виси во воздух ....Бугарски студент сигурно ќе има предност пред Тебе другар .....
Бугарскиот декан , јасно ни даде на знаење што е идејата со нашите студии ...
кој го разбра арно , кој не , продолжи да студира ..... Мене ми требаа 2 години да ми светне
што кажал бугарот.А останатите , шо да ти расправам ....
Денес студирам на ПМФ - Информатика , добро ми оди , учам , одам по пракси , договарам по некој проект од време на време да заработам дополнително ....Огласи гледам на сите страни , неколку пати имам одбиено работа затоа што факултетот ми е на прво место ....
Ете тоа е друже што сакам да го кажам ... Просперитет , да најдеш работа во сопствената држава.А таа иста работа да биде поврзана со тоа што го имаш студирано , и тоа што си го научил на факс , да го примениш ....
И за разлика од тебе , не вреѓам интелектуални способности , и во ниту еден момент не реков дека е глупост тоа што се учи на машински или било што такво....
Едноставно , македонија не е подрачје каде што успеваат машинците , факултетот произведува многу повеќе кадар одколку што е потребен.
А тоа што тебе лично сакам да те прашам , пошто ми го избегнуваш прашањето е ...
Зошто да учам факултет каде никогаш нема да го применувам знаењето стекнато таму ???