За македонскиот јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
ПРОФ. Д-Р. ВЛОЏИМЈЕЖ ПЈАНКА, МАКЕДОНИСТ ОД ВАРШАВА

Бугарите тврдеа дека Тито го измислил македонскиот јазик

За мене не постоеше никогаш двоумење за потеклото на македонскиот јазик, за потеклото на старословенскиот јазик. Проблемите кои настануваа, пред се имаа политичка основа. Тие што кажувале дека потеклото е бугарско добивале стипендии, добивале многу книги. Само поради еден наслов "старословенскиот јазик има бугарско потекло" книгата во сите славистички центри беше бесплатна, вели Пјанка


4711F1207CB5FF4F8F01ACE4C70BEAE2.jpg
Со проф. д-р Влоџимјеж Пјанка, познат македонист од Варшава, разговаравме на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид. ВЕЧЕР неодамна ексклузивно објави и дел од неговите ставови, кои МАНУ ги подготви за печатење на делото "Откривање и проучување на Македонија во европската наука до формирање на македонските државни институции".


Како од научен аспект го објаснувате потеклото на македонскиот јазик?

Автор сум на две големи книги за македонските топоними. Снимав разговори со луѓе, со професори на универзитетите и ги споредував со толковниот речник и граматиката на Блаже Конески, и видов како се реализира литературната норма во македонскиот јазик, дали луѓето зборуваат литературен македонски јазик или тој е нешто измислено, како што тврдеа Бугарите во својата пропаганда дека Тито го измислил македонскиот јазик и наредил тој да се форсира. Се покажа дека граматички текстовите беа исправни, но во однос на лексиката кај луѓето има дијалектизми. 90 проценти од зборовите ги имаше во толковниот речник, а тоа значи дека нормата веќе тогаш, во 1967 година, не одбегнуваше многу од говорниот јазик како кај Полјаците, Русите и други народи.

Велите дека оспорувањето на македонската теорија за македонскиот јазик долги години беше официјална политика на повоената Бугарија. Мислите ли дека тоа имаше некакви импликации врз македонскиот јазик?

Во тоа време имаше многу други попопуларни работи, а Македонија мораше секогаш да одговара затоа што беше напаѓана. Луѓето кои го оспоруваа македонскиот јазик беа странски слависти од различни земји, особено од западно европските земји. Јас имав еден таков колега во Австрија каде живеев и работев 20 години. Има такви поединци и во мојата родна Полска, но, ние сме доста голема земја каде сепак скоро сите слависти го признаваат македонскиот јазик. Еден полски научник, Мјечислав Малецки, пред војната издаде книги текстови и речник каде во насловот стои "македонски говор", што беше за прв пат во историјата. Добровски, пак, во првите изјави пишуваше дека тој е од бугарско-македонско потекло и тогаш не постоеше литературен македонски јазик, македонска држава. После тоа настанаа и други теории, и српска теорија, дека српскиот јазик бил најстар, дека хрватскиот бил најстар, додека тоа не го испита Словенецот Облак во "Македонски студии"...
Спористите постепено почнаа да зборуваат за македонскиот јазик тогаш кога тој стана службен јазик на Р. Македонија во Југославија. Јас тие книги ги најдов во мојата гимназија. Тогаш, книгите издадени веднаш по војната се фрлаа бидејќи беа од друг режим. Јас овие книги ги украдов од библиотеката и ги чувам до сега. Тие се многу вредни книги. Најстариот писмен јазик на Словените без наслов на корицата а внатре македонски говори. За мене никогаш не постоеше двоумење за потеклото на македонскиот јазик, за потеклото на старословенскиот јазик. Проблемите кои настануваа, пред се имаа политичка основа. Тие што кажувале дека потеклото е бугарско добивале стипендии, добивале многу книги. Само поради еден наслов "старословенскиот јазик има бугарско потекло", книгата во сите славистички центри беше бесплатна.

Дали имате коментар за ставот на таткото на славистиката", чешкиот филолог Јозеф Добровски, кој во 1822 г. кажа дека старословенскиот јазик потекнувал од Бугарија (или од бугарско-македонско-српско наречјее) и кој е Вашиот став по ова прашање?

Македонското име не беше познато секаде и се поистоветуваше македонското со бугарското. Кај Добровски не е бугарско-македонски туку обратно, македонско-бугарски. Исто така, тој немаше доволни познавања за тоа бидејќи тогаш немаше ниту дијалектолошки испитувања, ниту имаше доволно познавања од историјата на словенските јазици, а покрај тоа тој ги поистоветуваше предците на Србите со Прасловените. После, под влијание на еден друг научник, тој зборуваше дека прасловенскиот јазик на сите словени бил српски, но, при крајот на својот живот ја согледал грешката и се вратил на македонско-бугарски. Говорите се блиски иако има граница помеѓу вардарска, пиринска и егејска Македонија. Говорите се нешто друго и не се поврзуваат со териториите.
 
Normalno. Ima eden avstriaki bugarist Otto Krosinger mislam bese, koj debelo go plaka Sofija da trubi deka Makedonskiot jazik bil bugarski dijalekt, a coekot ne znae deka osnovni bugarski dijalekti se cuvaskiot, tatarskiot i almarinskiot jazik, site od bugaro-tatarskata turski altajska grupa na jazici.
Ama toa e; bugarite i grcite se sluzat so rusvet za svoite celi, a nie so pravdina i vistina, sto ne sekogas e pravilno.
A Dr Franjo Tudzman mnogu ubavo si napisa '' turko-bugarite go primija makedonskiot slovenski jazik''.
 
Neka ne te nerviraat.....vo eden moment sepak vistinata izleguva na povrsina.....sami ke ja baraat..., nasiot problem e vo toa sto do togas KE NE IZRABOTAT....na onie posle nas nema nisto da im znaci...tie nema da se cuvstvuvaat Makedonci...gledaj sto se sluciva vo Pirinskiot kraj , ili Belomorskiot...ili ne odi podaleku...i vo Vardarskiot.......za juzno od Vranje do Kumanovo da ne zboruvame............................................siromasniot narod zaborava se...jade od raka na onoj koj go hrani.....
 
Договор между владите на БГ и МК от 1999 година.Тамо много добро пише каков е македонскиот и бугарскиот.
 
Normalno. Ima eden avstriaki bugarist Otto Krosinger mislam bese, koj debelo go plaka Sofija da trubi deka Makedonskiot jazik bil bugarski dijalekt, a coekot ne znae deka osnovni bugarski dijalekti se cuvaskiot, tatarskiot i almarinskiot jazik, site od bugaro-tatarskata turski altajska grupa na jazici.
Ama toa e; bugarite i grcite se sluzat so rusvet za svoite celi, a nie so pravdina i vistina, sto ne sekogas e pravilno.
A Dr Franjo Tudzman mnogu ubavo si napisa '' turko-bugarite go primija makedonskiot slovenski jazik''.

Интересно како ке нарече Словените во состава на бугарската држава?И те зборували татарски,чувашки и така натаму?
 
Грција го фатила последниот воз за да не ги признае Македонците


Грција го фатила последниот воз за да влезе во Европската Унија без да мора да ги признае малцинските јазици. Ова е епилогот на дебатата за Европската повелба за регионалните или малцинските јазици, чие почитување според двојните стандарди на ЕУ е задолжително за земјите што сакаат да станат членки, но не е задолжително за земјите што веќе се членки, како што е Грција. Оваа повелба бара од земјите да ги наведат сите малцински и регионални јазици што се зборуваат во нивната држава, и таа ќе биде обврска за, на пример, Македонија, но не е и за Грција.
- Грција не ја ратификува оваа повелба бидејќи веќе беше членка на ЕУ кога таа се донесе. Сите нови членки ја ратификуваа. На пример, Бугарија и Романија мораат да ја ратификуваат, Романија го стори тоа, а Бугарија сè уште не ја ни потпишала, затоа што и таа има свои сфаќања - изјави Мануел Родригез, директор на програмата Меркатор на шпанската невладина организација ЦИЕ&схѕ;МЕН, која се залага за заштита на малцинските и регионалните јазици во Европа. ЦИЕМЕН, со седиште во Барселона, е една од поголемите организации за заштита на таканаречените „мали јазици“ во Европа, како што се Европското биро за помалку употребувани јазици (ЕБЛУЛ) од Даблин и Мрежата за промовирање на јазичната разновидност (НПЛД) од Лондон.
Повелбата била донесена во 1992 година под покровителство на Советот на Европа и оттогаш таа е задолжителна за сите идни членки. Македонија ја потпиша во 1996 година и сè уште ја нема ратификувано. Но некои од старите земји-членки на ЕУ, кои не сакаат да ги признаат своите јазични малцинства, одбиваат да ја потпишат и да ја ратификуваат.
- Се покажа дека старите членки можат да прават што сакаат во однос на јазиците, а новите не смеат. Франција и Грција сметаат дека повелбата е против интересите на нивната нација и затоа не ја потпишуваат. ЕУ може да ги притиска само новите членки. Од 2006 година ЕУ престана и да ги финансира активностите на мрежите за заштита на малцинските јазици, така што веќе не дава директно пари за оваа активност, туку бара да се конкурира на проекти на кои се натпреваруваат и проекти за национални јазици, како што е шпанскиот или англискиот - вели Родригез. Од неговата организација истакнуваат дека најмалку 10 проценти од Европејците зборуваат јазик што не е мнозински во државата во која живеат, односно се работи за 50 милиони жители на ЕУ чии јазични права некаде се признаени, а некаде не.
Неговата организација на страницата на своето списание „Натионалиа“ објави текст за активностите на Македонија за признавање на македонското малцинство во Грција и ги пренесе обвинувањата на Македонија дека Грција ги крши меѓународните закони за заштита на малцинствата, како и дека Грција одбива воопшто да разговара на оваа тема. Грција, која се претставува како лулка на демократијата, всушност во Европската Унија влегла дури во 1980 односно 1981 година. Таа е една од последните земји што влегле во ЕУ пред ратификувањето на повелбата за јазиците. По неа се примени само Португалија и Шпанија. Сите понатамошни држави се обврзани да ја ратификуваат повелбата, а исклучок се Полска, која само ја потпишала, трите балтички држави, кои не ја ни потпишале, и Бугарија. Од „старите“ членки на ЕУ, најкарактеристични се одбивањата на Франција, Грција и на Белгија да ја потпишат или ратификуваат. Од друга страна, Британија, Германија, Холандија, скандинавските земји како Финска, Данска и Шведска, потоа земјите со големи јазични малцинства како Шпанија, иако не морале, ја потпишале и ја ратификувале оваа повелба. Италија ја потпишала, но не ја ратификувала. Овие земји морале таксативно да ги набројат сите јазици што ги признаваат. Така, на пример, Британија ги признава корнвалскиот, ирскиот, шкотскиот, шкотско-галскиот, велшкиот и манскиот јазик, при што манскиот и шкотскиот ги признава во одредени делови од територијата, островот Ман, односно Шкотска и Северна Ирска. Германија ги признава данскиот, горносорбскиот, долносорбскиот, севернофризискиот, сателанд фризискиот, романи и долногерманскиот јазик.


Некои од меѓународните организации што се борат за заштита на малцинските јазици



ЦИЕМЕН
Каталонска невладина организација, која го издава списанието „Натионалиа“, во кое се промовираат малцинските јазици. Исто така, го држи шпанскиот сектор од проектот „Меркатор“
www.ciemen.org

ЕБЛУЛ
Европското биро за помалку употребувани јазици, со седиште во ирскиот главен град Даблин. Има мрежа во 15-те „стари“ членки на ЕУ, а гради мрежи и во новите членки
www.eblul.org

НПЛД
Мрежа за промоција на јазичната разновидност, со седишта во велшкиот главен град Кардиф и во Брисел. Се залага за информирање на Европската Унија и за влијаење врз нејзините тела за заштита на помалите јазици
www.npld.eu


Проект „Меркатор“
Проектот „Меркатор“ се води паралелно на три локации. Првата е во Шпанија, односно во Барселона, главниот град на областа Каталонија, каде што се испитуваат јазичните права во јавната администрација. Одделот во холандската област Фризија ги испитува малцинските јазици во образованието. Третиот сектор во Велс, Британија, ги промовира малцинските јазици во мас-медиумите.
 
Романија го призна македонскиот јазик преку повелбата!Токму одлуката на Романија да ја ратификува оваа повелба, и покрај нејзините големи малцинства како што се Унгарците, отвора пат за признавање на македонскиот јазик во европските институции.
Република Романија, која ја ратификува повелбата на 29 јануари 2008 година, го наброила и македонскиот јазик меѓу јазиците што ги признава. Покрај македонскиот, Романија ги признава албанскиот, бугарскиот, ерменскиот, чешкиот, хрватскиот, германскиот, грчкиот, италијанскиот, рускиот и низа други јазици како малцински или регионални. Овој став на романската влада се должи главно на нејзината покровителска улога кон многубројните влашки и аромански заедници што живеат во околните земји и низ Балканот, но тоа предизвика жестока реакција на Грција. Грчкиот весник „Пондики“ завчера предупреди дека грчката дипломатија пропуштила можност да го блокира признавањето на македонскиот јазик преку оваа повелба.
- Ние во Грција можеме да тврдиме дека ниту постоело, ниту постои прашањето за македонскиот јазик и македонското малцинство, но откако тој беше признаен како заштитен регионален малцински јазик во Романија, не е исклучено тоа да го направат и други држави-соседи на Македонија - пишува „Пондики“.
 
Back
На врв Bottom