DonRistovski
Peace Disturber
- Член од
- 1 септември 2009
- Мислења
- 3.583
- Поени од реакции
- 4.610
А доколку партнерот ве изневери? Според мене има причина за омраза
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А доколку партнерот ве изневери? Според мене има причина за омраза
А доколку партнерот ве изневери? Според мене има причина за омраза
За вака човек да размислува треба многу нешта да помине,ваквата зрелост на гледање се стекнува само врз искуство,зашто луѓето што ги среќаваме низ годините ни го прават искуството.А ние немаме вечно 15 години ниту пак 23,но разликата меѓу нив е токму во искуството.Јок, незнам зашто секогаш сите тоа го сметаат како смртен грев? секое искуство е добредојдено. Зарем пред да се случи тоа секој ден во кавги си го поминувал? не. Тоа значи дека имало позитивни моменти и во таа врска нели. Човекот учи за себе, се осознава, стекнува посилна и поизразена перцепција за својот карактер и особини. Како што реков, секое искуство во животот е добредојдено!
За крај причината за неверство треба да се бара во себе, во својот неуспех! не во партнерот.
И да омраза..не тага? можеби.
За вака човек да размислува треба многу нешта да помине,ваквата зрелост на гледање се стекнува само врз искуство,зашто луѓето што ги среќаваме низ годините ни го прават искуството.А ние немаме вечно 15 години ниту пак 23,но разликата меѓу нив е токму во искуството.
Да де, ама многу на темава се имаат истакнато негативно а меѓу нив има и повозрасни, мислам дека имаат многу да научат за себе...
Кога ќе ја стекнеш сопствената слобода, и ќе осознаеш како всушност треба да се гледа на нештата тогаш и омразата ќе исчезне. Да потребно е искуство, тука нема муабет, амо со комплекси и егоизам ни тоа нема да помогне. Омразата е всушност склоп на нашите стравови од личниот неуспех и поразите, овие појави не треба да бидат знак или мотивација да мрзиме некого него да ги преиспитам нашите постапки. Да мрзиш некого е како да си ја заплил сопствената куќа за да убиеш староец. Омразата ги затвора сите твои добри и човечки особини, а ги истакнува оние неприродните, поготово кога се работи за некој со кој што си ја делел првата насмевка на сабајле...Тоа за мене е незамисливо! ако веќе мразиш некого, најверојатно го мразиш бидејќи тој во него има дел од тебе, тоа што не е дел од нас а го гледаме во другите никогаш не би не вознемирило. Омразата слободно може да завземе место како емоција во која нема абсолутно никаква вистина, реалност. За крај оние што се сакаат себеси неможат да мразат, и обратно.
Да не се разбереме погрешно.Комплетно се согласувам со тебе.
Зборот ми е дека е потребно многу длабоко гледање на нештата за човек да може да даде вакво мислење,денес површноста е правило.Затоа и е толку лесно да се мрази.Ако човек доволно те предизвикал да го мразиш,те поразил дефинитивно.
И јас на 18 мислев вака.....ама небило баш така, но кој знае можеби кај тебе ќе биде поинаку како и да е времето ќе покаже.:smir:Јас не мислам дека љубовта може да премине во омраза. Значи тука зборам за онаа вистинска длабока љубов што може да ја чувствуваме за друго личност и без разлика на што и да се случи ние никогаш ама баш никогаш нема да можеме да ја мразиме од дното на душата. Она што може да го чувствуваме кон таа личност може да биде лутина, одвратност, да и замеруваме за нешто и сите овие чувства може да бидат силни но тоа не е омраза и неможе да биде. Секогаш ќе постои оној еден мал дел љубов кој никогаш не исчезнува, затоа што ако вистински сакаш некого тоа никогаш не престанува, иако не сме 100% свесни за тоа.
И јас на 18 мислев вака.....ама небило баш така, но кој знае можеби кај тебе ќе биде поинаку како и да е времето ќе покаже.:smir:
Верувај де никој не ти забранува, јас само кажав мое мислење! И јас на тие години мислев дека е можно да сакаш некого без разлика на се, дека тоа чуство нема никогаш да исчезне, но кога ќе те повреди личноста која си ја сакал, ќе ја згази и понижи твојата љубов....тогаш исчезнува и емоцијата која си ја сметал за посилна од било што....Јас имам повеќе од 18, па пак верувам дека љубовта не може да помине во омраза. Љубовта (како чувство) е нешто најчисто, нешто што носи само добрина и убави работи. Љубовта е она што го прави човекот цел, она што го лечи и она што го движи... Егото на човекот е она што го тера да мисли дека тој мрази и некогаш можеби сака самиот човек да ја мрази особата која го повредила, затоа што нели некој се обидел да чепне во “возвишената“ гордост... но длабоко знаеме дека особата секогаш ќе биде дел од нашите спомени и нашето срце, без разлика на тоа дали го сакаме тоа или не.
Омразата е само отсуство на љубов и последица на изгребана душа и е само моментален стадиум. Љубовта не преминува во омраза. Нешто толку чисто, никогаш не може да се исфлека и да стане толку негативно...