Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Кога се наоѓате помеѓу две спротивставени страни, на која најчесто застанувате? На послабата или посилната?
Позади кого најчесто знаете да застанете, позади тој кој е нападнат или тој кој напаѓа? Позади страната која е помалку бројна или таа другата?
Дали се случува махинално вашата определба да ве води секогаш или без оглед на се` вие секогаш застанувате само на таа страна која се поистоветува со вашите ставови и мислења?
Да ви наведам неколку примери со кои ќе ја доловам поентата на моето прашање.
Кога има тема на форумов на која има жестока дискусија со спротивставени страни ... на која најчесто застанувате и кого најчесто браните, ако може така да се каже?
Кога гледате некој спортски натпревар со друштво ... за кого навивате доколку не игра вашиот тим? Застанувате на страна на навивачите за послабиот тим или на другата?
Кога пред вас се случува оговарање или сеирење на некоја трета личност ... ја браните и се спротивставувате на останатите или се сплотувате со групата и го правите истото што и тие?
Итн итн итн ...