Луѓе за 12 дена почнува забраната...
Што би кажале вака за крај?
Еве дел од денешната колумна на Филип Петровски за Утрински Весник
Во Македонија, пак, за десетина дена започнува да се применува забраната за пластичните кеси. Официјалното образложение е дека се стремиме да ја зачуваме околината. Во тој наш напор ние го избравме патот на ЗАБРАНАТА. Затоа, од 1 јануари на пазар и во продавниците ќе си ги носиме плетените кошници и платнените торби кои ги исфрливме од употреба кога си замина социјализмот. Ќе мора да ја почитуваме оваа наредба, зашто во спротивно и ние и продавачите ќе плаќаме глоба (илјади евра).
Некој од одговорните се сетил во исто време да ја укине и приватната иницијатива, односно слободата на претприемаштво. Па, во упатството што е издадено како да се постапува, е наложено оној што ќе ги користи пластичните кеси (дозволени се само оние кои носат над пет килограми), да мора да ги препродава по најмалку иста цена како што ги купил?! Не може да ги дава слободно. Го читав упатството и не можев да верувам. Дали ова значи дека не сме слободни веќе да се пласираме на пазарот така како што е секаде на Запад. Не сум слушнал никаде во светот (ова се однесува на западните економии) дека некоја држава го ограничува слободното натпреварување на пазарот. Секако, на ова ќе се одговори дека со наредбата се штити околината. В ред, за момент да поверуваме дека е така.
Но, фактите кажуваат нешто сосема друго. Кај нас владее голема криза. Неколку гранки од индустријата масовно отпуштаат работници. Веќе неколку илјади луѓе се на улица, наместо на работа. Параметрите покажуваат дека оваа состојба само може да се заостри, а никако да попушти. Во ваков момент ние удираме со забрана по една гранка од индустријата која во независна Македонија е создавана 18 години врз принципите на слободното претприемаштво. Последици ќе трпат најмалку 30 фирми со околу 500 вработени, односно 500 семејства. Сите обиди да се објасни дека наместо да се уништува цела индустриска гранка, треба да се има инвентивен пристап, остануваат без одглас. За жал, не слушнав дека можеме да изградиме фабрики кои ќе го рециклираат отпадот и со тоа да отвориме нови работни места. Денеска постои технологија која од отпадот може да создаде електрична енергија. Од пепелта може да се прават цигли... Практично целиот отпад може да се рециклира без никакви опасности за околината. Плус ќе има и економски бенефит и вработувања. Но, ние, за разлика од сите држави, мораме да испробаме радикално решение кое не е корисно ниту за околината, оти не загадува пластиката, загадува човекот! Наместо акционен план за нови работни места, предвидувам нови отпуштања.
======================================================
Ме интересира што мислите за болдираниот дел од текстот...